Bethany -> RE: Книга која не можев да ја дочитам (2.3.2015 9:28:34)
|
Исто така Снег од Орхан Памук, која ја читам еве трета година ќе фати, буквално се терав да ја прочитам и дојдов некаде повеќе од половина, ама ми е исто толку сувопарна и заради тоа треба концентрација , не ми се губи времето на неа. А не сакам недочитани книги [sm=zmeden.gif] И еве уште една од Винка Саздова, исто до половина, Понекогаш доаѓа среќа, веќе ми стои со месеци, ќе морам да се натерам да ја прочитам. Можеби во некој друг период од животот и би ми била интересна, ама во моментов ми е некако млака и не ми буди интересовање. И плус еден куп странски книги за воспитување деца, брак итн., се до пола прочитане.
|
|
|
|