Не сака да пие течности! (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


vezilka RR -> Не сака да пие течности! (12.2.2015 12:53:47)

Колку течност треба да пие бебе од 8-9 месеци? Знам дека нема некое правило, но еве да извадиме просек. Мене почна страв да ме фаќа од Јосиф, колку малку течности внесува. Еве млекото го сведе наедвај 300 мл дневно. Сок престана да пие, за чај не сака да слушне, ниту пак за вода. Не знам дали е ова нормално, и не знам како да го натерам да пие повеќе течности. Имаме три главни, убави оброци. и ич течности..




Melanija RR -> RE: Не сака да пие течности! (12.2.2015 13:19:43)

И овошјето е каква таква течност. Ни М небеше по млекото до на таа возраст едвај и ретко 300мл, но чај да и ден денес (18м). Пие сигурно едно шише 250мл. Може е период , пробај со рендано јаболко па истискај и тој сок дади да пие




vezilka RR -> RE: Не сака да пие течности! (12.2.2015 13:36:33)

Никаков сок, ни цеден, ни купечки. Млеко до скоро пиеше по едно 450мл дневно, сега го намали. А вода од како е роден до сега има се на се испиено 100мл, Мене дополнителлно ме секира неговата состојба со хидронефрозата оти ни рекоа да водиме сметка да пие доволно вода. Колку е тоа доволно вода. А тоа, да има две овошни каши во денот и ги правам потечни.




lukajana RR -> RE: Не сака да пие течности! (12.2.2015 13:58:57)

Везилка рр твојот Јосиф е 8 дена поголем од мојата Јана и можам да ти кажам дека и кај нас е скоро исто со исклучок на водата ,ако ја оставиш цел ден ке се налева,чај и сок никако а за млеко уште цица ама едно цицање е 2-5 минути и количински мислам дека е многу малку.Ама битно јадат друго па ке видиме кога ке дојде лето може повеќе ке пијат само да не им смета за какање.Пробај да му оставаш шишенца со вода или сокче на дофат може сам ке си зима и ке пие по малку




Snowhite RR -> RE: Не сака да пие течности! (19.2.2015 17:38:34)

Епа ако не сака да пие течности, давај му потечна храна, супа и такви слични манџички, наместо сува прави му ја потечна храната. Или стави му малку сол во храната, иако не се препорачува до година, ама можеби тоа ќе го натера да пие вода. Јогурт не сака?
И М до година воопшто не пиеше вода, ниту пак било какви течности, ама цицаше, така да искрено не знам колку треба да пие




vezilka RR -> RE: Не сака да пие течности! (23.3.2015 14:05:35)

Дечки малово ме полуде. Еве го два дена и млеко не сака да пие. Значи два дена буквално три голки вода, толку му беше. Кашите ги правам потечни, сол не ставам ама ставам абц крем сир ко божем посоленко да му дојде. Не, бре, не сака и толку. Сабајлево у спиење му го нпикав некако млекото, иначе буден не сака. Јогурт исто му дотурам у кашите овошни да ги разредам малку.




Melanija RR -> RE: Не сака да пие течности! (23.3.2015 14:26:37)

Моето евај пиеш 300мл, а најчесто по 150мл. Пробај со кисело млеко,или чај.Сите го сакаат бекутан со анасон земи една кесичка купи и пробај ,благ е и вкусен




Страница: [1]