Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (18.5.2015 15:37:42)
|
Bubla, се ќе биде како што треба. Процесот е таков и нормално е за се да се грижиш. Една фаза ќе помине, ќе мислиш за друго, па и тоа ќе помине, па трето :) и така до бескрај. Пробај да не мислиш толку. Во оваа фаза се' е на докторите, а со нервозата и стресот само полошо си правиме. Цвет, и јас бев на контрола после 5 примени пурегони. Тогаш ми проверија и E2 и ехо преглед. За витамините, јас до почетокот на постапката земав Ogestan, но пред да почнам прекинав со нив. Сега и јас како Kvisko се трудам природно да внесувам, најчесто преку сокови (smoothies) насабајле. Инаку јас во саботата прекинав со Дабростонот и чекам да добијам, па да видиме како ќе тече циклусот за FET. Kvisko, ти за цело време до трансфер пиеше Метформин? Димитров мене ми кажа, откако ќе добијам да ги прекинам сите лекови, освен фолната...
|
|
|
|