RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 9:01:05)

Беа супер вести, ајде те чекаме кога ќе биде трансферот[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




gina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 12:22:14)

LoveableMe ti kako si ne trebase li vo maj da se podgotvuvas za ivf do kade si ili transfer trebase da pravis na zamrznati embrioni




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 13:13:39)

Ете мене повторно после преглед - фоликул 20mm.
Наредна контрола сум во петок сабајле, па тогаш ќе знаеме што како.

Заборавив да напишам: го прашав докторот кои се неговите препораки за мирување, ми рече 2 дена.
Во дилема сум околу тоа, бидејќи кај нас, па еве и на форумов, практикуваат мирување до 7 дена, а по странскиве форуми и препораки на клиники што сум прочитала, дискусијата е дали да се мирува 24 часа или ВООПШТО да не се мирува, туку пациентката да си се врати на секојдневната рутина???
Еве го и докторов вика 2 дена.
Мене искрено ми е во план, зависи задравје боже кој ден би бил трансферот, пример среда, остатотокот од неделата да не одам на работа, а наредната да почнам. Со тоа што работата ми е канцелариска, имам стресни моменти и хаотични периоди, но ќе гледам да се изолирам од тоа.

Поздрав девојчиња, пишете до каде сте :)




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 13:48:20)

Bea супер вести. Стискам палци за пукнат фоликул во Петок и убав трансфер.
За мирувањето јас пишав дека не мирував баш нешто посебно. МИрував првите три дена интензивно со тоа што станував за да си греам јадење и слично. Се туширав најнормално и слично. На петтиот ден морав да одам на работа на саат-два. Втората недела веќе одев на работа. Е сега јас немам стандардно работно време па не ми се фаќаа полни осум саати ама кога држам предавња сум 3 саати на нозе. Така беше и таа втора недела.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 15:15:32)

Bea, одлични вести те чекаме пак во петок кога ќе договорите трансфер, веројатно ќе одиш како Квиско без терапија, само трансфер и потоа терапија, така?

Џина, треба во јуни да одам да договорам со Петановски за природен циклус со мала стимулација, така ми предлагаше, треба да видам брисеви да направам и ќе одам, а нешто ме фатило летаргија не ми се трча по доктори, како да ми е смачено од ординации, но сме се фатиле на орото, што да правиме, ќе тераме.........




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 16:20:07)

Да, комплетно сум на природен. Пијам само фолна и Бромергонот како редовна терапија од претходно, заради покачениот пролактин.





bitolcanka82 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 16:41:05)

RR dali znaete da mi kazete koja debelina na endometrium e idealna za ivf i koja e goleminata na folikulite pred punkcija..Bea srekno a i na site nas....




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 17:41:02)

Bitolcanka, oбичнo бaрaaт ендoметриум нaд 8мм, нo зaвиси и oд видувaњaтa нa дoктoрoт. Зa фoликулите не му јa мисли, си знaе дoктoрoт штo требa. Сo леснo[sm=bravo.gif]




bitolcanka82 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 19:16:03)

mojot endometrium e 10 mm..da ne e mnogu zadebelen, namesto petok mi smenaja utre sabajle da meram E2 a i folikulite se prilicno golemi a mnogu e rano utre mi e 10 ti den od ciklus..Se nadevam deka nema neshto da se zafrkni...Pozz




цвет -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.6.2015 22:25:10)

devojki da prasam nekoj da ne ima iskustvo so folikuli koi ne prskaat !!!
jas primav terapija 20 inekcii pregnil za IVf,doktorot nebese zadovolen ,nemalo folikuli (taka rece ) i mi ja prekina terapijata
jas prodolziv i idev 2-3 pati kaj maticniot ,vika imas folikuli 3-4 ama ne rastat mnogu (10mm otprilika i taka ostanaa ),ne pukaat .
ovie dva dena me boli jajnikot ,me streknuva
neznam dali toa e strasno ?
dali ke gi snema folikulive ?
citam po forumive moze vo cisti da prerasnat , uste toa mi fali [sm=smiley19.gif]




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (4.6.2015 8:34:29)

Цвет јајникот може да те штрека и кога фоликулот пука. Не значи дека прераснал во циста.
Како некој на кого фоликулите му прераснуваат во цисти ќе ти кажам дека обичо прераснуваат во цисти кога ќе достигнат на 25 мм. Твоите се многу мали за да прераснат во цисти.
Не се секирај. Треба да откриеш зошто не ти растат фоликулите поголеми. Зашто обично фоликулите прскаат после 20 мм (значи некае од 20 до 25 мм).




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (4.6.2015 13:23:18)

Цвет, следно треба да ти се смени терапијата, не реагираш добро очигледно на оваа терапија. Матичниот нека те следи, па ако треба нешто ќе ти даде за прскање на фоликулите, а може и сами да прснат.

Кога реши да продолжиш со ИВФ-то?




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 13:20:43)

Денес бев на ехо, уште ми е тука фоликулот 23mm, не е прснат.
Ме боцнаа со прегнил и ми рекоа секс [sm=smiley36.gif]
Утре пак на ехо, мислам дека се преселив во ходникон на Ремедика :)




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 13:28:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea
Денес бев на ехо, уште ми е тука фоликулот 23mm, не е прснат. Ме боцнаа со прегнил и ми рекоа секс [sm=smiley36.gif] Утре пак на ехо, мислам дека се преселив во ходникон на Ремедика :)


Секс за ИВФ? Oпаааа нов момент ова докториве се шашардисаа, лелеее[sm=smiley36.gif][sm=smiley1.gif][sm=jezicek.gif] Ајде со лесно, па ќе пишеш кога трансфер. А за ходници не кажувај, мислам понекогаш ги сонувам со детали за самите ходници, боја, врати, столчиња [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 13:36:36)

Loveable, не сум се доискажала убаво :)
Секс за да сме го прснеле механички фоликулот, инаку секако заштитен однос. Ова и претходно од матичната го имам слушнато.
Ајде, ваљда ќе прсне, цела вечност ми се чини помина.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 13:41:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Loveable, не сум се доискажала убаво :)
Секс за да сме го прснеле механички фоликулот, инаку секако заштитен однос. Ова и претходно од матичната го имам слушнато.
Ајде, ваљда ќе прсне, цела вечност ми се чини помина.


Знам и јас не се доискажав, на тоа мислеле сигурно, а и скокање спортски активности, или со јаже како појачање на секс не е на одмет, за полесно да прсне [sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif] А кој ден ти е од циклус, нели пиеш бромергон? Ова апчињава изгледа џабе ни ги даваат само шашми ни прават[sm=jezicek.gif]




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 14:10:21)

18- ден ми е, со тоа што јас знам да имам продолжена фоликуларна фаза и циклус на 32 дена. Така да, таман е за прскање денес, освен ако чичко Марфи не замеша прсти.

Ништо, му најавив на мажле да се спреми за после за активности [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 15:34:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

18- ден ми е, со тоа што јас знам да имам продолжена фоликуларна фаза и циклус на 32 дена. Така да, таман е за прскање денес, освен ако чичко Марфи не замеша прсти. Ништо, му најавив на мажле да се спреми за после за активности [sm=smiley36.gif]


Облечи нешто посебно и фрлете се на работа, па пиши што ќе каже ехото после[sm=jezicek.gif]




bambina34 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 16:58:48)

Dragi moi, denes bev kaj mojot doktor I od nedela pocnuvam so superfakt 0,5




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.6.2015 20:35:54)

Bea ти ми мирисаш на трудница. И јас бев иста хиперстимулација па природен циклус со овулација на 19 ден.
Инаку ние секако си водевме љубов без да ни каже доктор. Првпат тука слушам дека не треба. Нормално после трансфер не ама пред тоа зошто да не. И така после забрането одреден период. Уживајте сега.
Бамбина34 со среќа и со лесно.




bambina34 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.6.2015 8:29:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Bea ти ми мирисаш на трудница. И јас бев иста хиперстимулација па природен циклус со овулација на 19 ден.
Инаку ние секако си водевме љубов без да ни каже доктор. Првпат тука слушам дека не треба. Нормално после трансфер не ама пред тоа зошто да не. И така после забрането одреден период. Уживајте сега.
Бамбина34 со среќа и со лесно.


Blagodaram Kvisko




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.6.2015 9:19:53)

Babmina srekjno! [sm=bravo.gif]

Kvisko, gledam i jas deka slicno kako kaj tebe se odvivaat rabotive, daj boze istiot rezultat da go dobijam.
Strav mi e samo da ne prerasne folikulot vo cista, iako sega veke i pregnilot bi trebalo da zavrsi rabota. Ke vidime za 1 cas :)

Inaku sakav da te prasam, dali (i kolku) osven zamrznuvanjeto na embrionite, vo remedika naplakaat nesto plus za vreme na fet? Jas ocekuvam deka gi naplakaat folikulometriite, pregnilot na primer, no nemam pretstava kolku bi iznesuvalo toa?




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.6.2015 10:14:13)

Bea за овој фет ништо нема да ти наплатат зашто ти следува еден ембриотрансфер преку фондог. Мене тоа ми беше ептен пријатно изненадување на денот на трансфер кога ми кажаа ништо не си плаќаш сега ова е уштњ дел од постапката со ваучер. Единствено може да ти го наплатат прегнилот (јас немав прегнил).
Со среќа.




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.6.2015 11:41:42)

Puknal folikulot :)
Mi olesna. Obicno osekam bolka i napnatost vo jajnikot koga ovuliram, ama sega skoro nisto ne pocuvstvuvav i iskreno pocnav da se podzaplasuvam, ama dobro e!

Transferot e zakzan za sreda, a od terapija imam utrogestan, aspirin i folna.




bitolcanka82 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.6.2015 19:32:27)

RR i jas da prijavam vecer primam STOP inekcija ponedelnik nautro punkcija.Neka e so sreka ke pisham togash kolku se i kako se !!!Srekna sum !!![sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>