RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VII дел (6.9.2015 14:31:51)

Здраво девојчиња.

Ве читам редовно и се радувам за секој ваш успех.

Се спремам за второ ивф, па сакав да прашам дали некој знае колку е цената на ивф по втор пат (втор обид) во систина?
ова за постапка на приватно.

Фала ви и се надевам на убава дружба и многу мешиња :)




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 9:13:15)

СОЛЕ, одлични вести, земај Изоспорт, иако кај тебе може ќе нема хиперстимулаија, добри се за регенерирање на организмот. Евокси, ајде со лесно, чекаме да ни кажеш како ќе тече постапката.

Биба818, тука сме за совет и поддршка, така што секогаш можеш да пишеш и на форумов и во пп. Пиши како пројде дали имаше веќе пункција? За искуства со кломифен, клик ТУКА.





Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 9:19:30)

Добро утро и убав ден на сите
Еве ме и мене по завршена пункција.Издржав без анестезија зошто ионака беше едно фоликулче добро [sm=smiley1.gif]
Сега здравје ,чекам позитивни вести и дата за трансфер
Среќичка, најубаво да се јавиш за точна цена на ивф со долг протокол ,моево на природен циклус и без терапија мислам дека ќе чини окулу 50000,можеби и нешто повеќе ,ќе видиме




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 9:51:58)

Biba818, одлични вести, рачунај среда четврток трансфер[sm=smiley1.gif]




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 9:59:43)

LoveableMe ,фала на подршка, досега два пати на втор ден ме викале ,сега си викам подобро некој ден потоа да е ,чисто демек ако се смени нешто ќе биде успешно ама сепак од нив зависи




mimidjon -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 13:01:12)

Ти благодарам евокси на одговорот,ми помина веке да баш така го почнав 2 то пакување и го снема исцедокот ,јас ништо не примам плус ниту витамини ништичко за греотка хехе како изгубен случај а и сестрата ништо не ми кажа да пијам ,може она си мисли јас се си знам [sm=smiley13.gif] Кога ке одам на преглед ке прашам но да не биде касно до тогаш Целата сум прашалници на што и да помислам [sm=smiley23.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 15:25:54)

Среќичка, среќно кај кој доктор во Систина си? Не знам колку е приватно, но сигурно е поевтино за втор пат, а зошто не се обидете преку Фонд?

Мимиџон, можеш да земаш фолна во овој период, некои земаат и пренатални витамини, можеш да прашаш во аптека или со докторот да се консултираш.

СОЛЕ среќно утре, кажи дали ќе смрзнете ембриони?




Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.9.2015 20:16:23)

Не сме осигурани со мм, работиме онлајн за англиска фирма инаку за преку фонд подобро ќе беше :)




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 13:39:10)

Среќичкa вo тoј случaј мoрaте привaтнo. Сoленсреќнo, пa пиши кoгa ќе бидне трaнсферoт.[sm=bravo.gif] Другите дo кaде сте пoднесoвте ли дoкументи? Весник, aнa78, кaте... итн?




SOLE -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 18:00:11)

Срекичка ти посакувам успех во постапкава!

Јас утре ке имам трансвер, па дај Боже се да биде во ред и овојпат да успееме, а за замрзнуванје доколку има добри би сакале да замрзнеме но ке видиме утре како ке биде, ке ве известам утре!
Пуштете ми срекичка [sm=smiley1.gif]

Биба со срека и на тебе, ти кажаа ли кога трансвер?
Поздравче




fragolina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 20:24:43)

Ve molam dali nekoj moze da mi dade informacija za cenite vo newborn clinik. Dali i kolku se naplaka za konsultacija, a i za celosna invitro postapka ako nekoj znae neka pise.




scared RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 20:34:52)

За консултација не се наплаќа за останатото некоја друга членка ќе ти каже [sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 20:39:41)

Za celosna invitro postapka se plaka okolu 1500 evra plus terapijata a za konsultacija neznam pisi im na fb stranata ke ti kazat




Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 20:42:59)

Srekno SOLE!





MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 22:09:16)

SOLE
Целата среќичка ти ја испраќам, утре со лесно и да нè израдуваш!
[sm=smiley1.gif]




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.9.2015 22:19:58)

Srekno Sole




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 0:05:32)

Среќно SOLE, и јас сум утре [sm=smiley1.gif]
ќе се подржуваме во групава
доколку не ти е тешко утре во пп пиши пак за исхрана, што како внесуваш, ќе те следам тебе зошто јас некако не внимавам
Лека ноќ на сите




SOLE -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 12:30:53)

Фала девојки, бидна трансферот ми вратија 3 ембриончиња па дај боже барем едно да се фати а може и повеќе, инаку првпат толку лошо чувство имав поради тоа што многу ми се мокреше, се ежев целата и едваи издржав, и стомакот ме болеше, но помина... Сега останува само да се молам и да чекам позитивен резултат




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 14:07:50)

SOLE среќно!
Само позитивно и со убави мисли и те чекаме за 2 недели со убави вести!




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 14:26:57)

Среќно Соле, ќе биде се како што сакаме [sm=smiley1.gif]
и кај мене бидна трансферот, јас издрамив одма дека станав сама за во тоалет по еден час од трансфер, ми рекоа можеш сама ..Можев ли ? ајде утешете ме дека се си е ОК, поздрав




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 17:01:28)

Biba и Sole среќно. Чекаме частење за 2 недели од двете.

Biba ако ти рекле можеш сама тогаш можеш. Не се секирај нема да паднат ембриончињата и ништо лошо нема да се случи. Само опуштено.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.9.2015 20:53:58)

Biba818 и SOLE сo леснo[sm=bravo.gif]




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување VII дел (10.9.2015 9:26:31)

еее , тоа е 10500 денари за продолжување на замрзнати ембриони.тешко тој што си нема пари!




mimidjon -> RE: Вештачко оплодување VII дел (10.9.2015 9:53:33)

СОЛЕ И БИБА818 со срека,дајбоже по 2 да ви се фатам [sm=duda.gif][sm=duda.gif] ајдее чекаме две цртки




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (10.9.2015 10:33:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen

еее , тоа е 10500 денари за продолжување на замрзнати ембриони.тешко тој што си нема пари!


Anonimen, имаме тема ТУКА, претпоставувам ги смрзнавте со Систина, таму годишно се доплаќа, а во Ремедика е еднократна сума. Прочитај во темата што ја посочив.[sm=smiley1.gif]

СОЛЕ, биба818, како сте, како го поминувате времето? Што јадете? Биба, тебе што терапиај ти дадоа?




Страница: <<   < Претходна страница  57 58 [59] 60 61   Следна страница >   >>