Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.3.2015 17:14:34)
|
virgo, браво за 4 јуначиња, со среќа и за другите! Кога ќе ти кажат термин за трансфер? jana81, искрено не се сеќавам колку ми беше естрадиолот, но знам дека кај мене прилично споро се одвиваа работите - и во однос на спуштањето на естрадиолот, и во однос на качувањето. Ми кажаа и дека не треба да се замарам со тоа, затоа што подобро е поспоро да оди и супресијата, и стимулацијата отколку одма да нараснат, бидејќи така јајце клетките биле поквалитетни. Јас почнав со Супрефакт од 0.5, па намаливме на 0.3, па на 0.2, и дури и 0.1 боцкав неколку дена. Не се секирај, фостимонот ќе си заврши работа [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|