Anna78 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (17.9.2015 9:10:11)
|
Biba818 ме насмеа сабајлечки [sm=smiley1.gif] алал да ти е, колку поопуштено толку подобро. Сите се замараме околу исхраната, ама сепак мислам дека тоа нема некое големо влијание, кога треба да биде ќе си биде што сакаш јади, сега да не се претерува нормално. Јас за секое ивф сум внимавала, овошни сокови, протеинска исхрана, и пред ивф уште си почнував, а овошни сокови веќе константно си пијам секое сабајле, матичен млеч и се што сум слушнала дека е добро, ама ете ништо од тоа. Така да, уживкај и не се замарај, според мене опуштеноста и позитивната мисла се пресудни за успех, е тоа првото мене многу ми недостасува и се борам сама со себе да го постигнам [sm=smiley13.gif] Кажете рецепта за опуштеност [sm=smiley2.gif]
|
|
|
|