RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 10:57:41)

Mimidjon, ајде со лесно[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]. оооо, имаш веќе пишувано во темата за Азооспермија, џина ти одговорила што треба да направите, па пиши во таа тема дали сте направиле тоа што ве советува, а џина е мајка на машко бебенце сега.[sm=duda.gif] За тебе што те очекува, кога ќе почнеш ќе ти пишеме, бидејќи не знаеме како докторот ќе ти одреди, во секој случај примаш одреден период инекции и после пункција, па оплодување и трансфер.[sm=smiley1.gif]

*******2015*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

00.10- Pinky30 - почеток со терапија (Петановски, Ремедика)
06.10- alicka почеток со терапија (//////////)
00.10- mimidjon - пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.10- sasaiciko-- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)

00.10- milasteve- почеток со терапија (Петановски, Ремедика)
00.10- LoveableMe RR - терапија/или IVF природен циклус (Трпчевски, Плодност)
00.12 -весник- пoчетoк сo терaпијa (Лазаревски, Систинa)


=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

08.10-Pinky30= пункцијa=13.10=ЕТ


=========================

27.10-Pinky30=ТЕСТ


2015 година

nadesh[sm=9nebesa.gif] mery [sm=9nebesa.gif] srekna2[sm=9nebesa.gif] rozeva[sm=9nebesa.gif]Kvisko [sm=9nebesa.gif] Bea[sm=9nebesa.gif] bitolcanka82[sm=9nebesa.gif] cosma[sm=9nebesa.gif] Strela[sm=9nebesa.gif] Ninicka2[sm=9nebesa.gif]pcelka3[sm=9nebesa.gif]lanicka30[sm=9nebesa.gif] SOLE[sm=9nebesa.gif] evoksi[sm=9nebesa.gif]




evoksi -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 11:18:16)

Mimidjon, со среќа!

Јас бев сабајлево со Систина, ми се погодија две многу паметни таму што земаат крв што ми рекоа дека прво мора да се направи плус/минус тест, па после дури да се мери bHCG ако каже докторот. Одлучив да не се расправам и за 15 минути добив позитивен тест [sm=bravo.gif].

Се видов со докторот и ми ја продолжи терапијата до првото ехо, и тој исто ми рече дека нема потреба да правам bHCG. Стварно не знам зошто така [sm=zmeden.gif]

Во секој случај, ве тегнам сите за нос [sm=smiley1.gif]




mimidjon -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 11:36:14)

евокси кај кој доктор беше во систина ,јас сум кај митко ивановски но сестрата неможам никако да му ја добијам ,нај проблематичен дел ми е тоа




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 11:48:23)

evoksi, честиткиии, аман бре морало позитивен негативен, па најважна е вредноста на бетата, но ајде штом нејќеш на државно да правиш и ова е ок, чекај до наредно ехо и известувај не.

мимиџон, читкај малце по табеливе, пишува која РР кај кој доктор е[sm=smiley1.gif]. евокси е кај Поповиќ, Систина, а сестрата на Ивановски навистина тешко се добиа, што од многу предледи пункции, трансфери.... биди поупорна врти почесто, со лесно[sm=bravo.gif]




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 12:18:31)

Evoksi честитки и од мене. Со лесно да си ја износиш бременоста.
Со среќа на другите кои се во постапка.




evoksi -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 12:36:25)

Фала девојки!

mimidjon, и јас сум имала проблем понекогаш да ја добијам сестрата, веројатно се многу зафатени. Еднаш се пожалив и докторот ми го даде неговиот телефон, па еднаш-два пати кога не сум можела да ја добијам сестрата му вртев нему.

LoveableMe RR, да знаеш само колку сакам на државно, срце ме боли вака кога давам пари на платено здравствено. Све се лажам дека Систина ми е на две минутки од работа па демек да завршам побрзо, да не се малтретирам. Ме загрижи сега кога рече дека бетата е најважна, ако не ќе се обидам да земам упат деновиве да го направам и тоа.

Не знам дали ви кажав, овој пат имав мала промена во терапијата со прогестерон, наместо утрогестан три пати, докторот ми даде ампули пролутекс, поткожно се ставаат наутро. Не сум прочитала овде дека некој ги примал, па да ви кажам, може некому ќе му биде од корист




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 13:11:38)

Evoksi CESTITKIIII lesna bremenost da ima da bide se kako sto treba do kraj i vleci ne site za noseee [sm=bravo.gif] yeee dusata mi se polni koga citam vaka ubavi vesti novi trudnici.

Jas utre vo 8:30 sum na punkcija drzete mi srekja da izvadat zdravi j.k da se oplodat i da mi vratat imam jaki bolki vo gradite i jajnicite aj jajnicite e normalno no zasto gradite me bolat??? ke ve inrofmiram sto kako ke pominam utre..Ve gushkaaam site[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




mimidjon -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 13:54:12)

Ти благодарам евокси ,ти посакувам да ти се потврди тестот и за девет месеци да частиш мекици ,ајде не се напнувај и нервирај сега кога веке 99 % си постигнала успех .




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 14:25:33)

Соле, ти благодарам за одговорот и уште еднаш ти посакувам да си имаш преубава бременост и да си уживаш во неа, да родиш прекрасно здраво и живо детенце [sm=smiley31.gif]
Капина, за гребење на матката не ми наплатија исто сум во систина кај Лазаревски. Постапката е едноставна, малку трае, мене ме болеше но, јас не трпам болки да знаеш, така да не сум баш некој репер за тоа. Направи си го тоа, кај многу жени токму таа постапка донела успех.
Евокси, честитки [sm=bravo.gif] Имај си исто прекрасна и лесна бременост и уживкај во најубавите моменти од животот [sm=bravo.gif] [sm=smiley31.gif] Што се однесува до бетата, знам дека во систина прават обични тестови, па не се оптеретувај со тоа, туку слушај си го докторот, тие си ја знаат работата [sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 14:32:50)

Evoksi честитки, ти посакувам лесна бременост!
Pinky30, среќно и на тебе на пункција. Од толку хормони - се е нормално, немој да се грижиш.




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 15:28:41)

Evoksi cestitki pinky srecno




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 18:32:11)

Evoksi so lesno :) i ubavo!
I jas denes se utepav od vrtenje kaj sestrata na Ivanovski, i ne ja dobiv... a treba 4d eho da naprzvam, pa zakazav kaj adamovska, se nadevam nema vrska koj mi go pravi toa.




SOLE -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 20:00:10)

evoksi, честитки и со лесно [sm=bravo.gif] баш убави вести.
Pinky, ајде со срека и со лесно утре на пункција,[sm=bravo.gif] да извадат квалитетни јајце клетки кои ке станат квалитетни и здрави ембриончинја [sm=duda.gif][sm=duda.gif] [sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.10.2015 20:59:46)

Колку убави вести, evoksi честитки!!! Ти посакувам најлесна и најпријатна бременост, и здраво право бепче!!! [sm=bravo.gif]

Pinky30, со среќа на пункција утре, нека има што повеќе квалитетни јајце клетки! Пиши ни кога ќе можеш [sm=smiley1.gif]

Со среќа на сите во постапка!




gina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 10:47:22)

cestitki na site koi videle [sm=rozacrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] imajte lesna i ubava bremenost
a drugite sto pobrzi da gi vidite[sm=rozacrtici.gif]

LoveableMe ti ovaj pat se odluci za vo plodnost li




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 12:26:19)

Evoksi cestitkiiiiii ,mnogu mi go razubavi denot i mi vlea nadez i pozitivnost..imaj si najlesna bremenost.Jas ne sum bas vo tek so postarite objavi pa ako ne ti e problem pisi mi od koj pat uspea.Vo razmisluvanje sum da go menjam Lazarevski za Popovic ,malku mi e sram sto kje me gledaat na isto mesto ama pak mnogu izbor vo Skopjevo nemame:-)
Ako Vi se veruva po negativnata beta jas ne mozam da stignam do dr.Lazarevski,sestrata ili ne kreva ili me isklucuva na tel. :-(




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 12:28:10)

Pozdravcinja do site ostanati ,Anna 78 ako si ostaneme kaj istiot doctor kje se poddrzuvame :-)




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 12:46:15)

биба,ме изиритира да го пишам овој пост то тоа што не ти кревале телефон.знам какво чувство е тоа и јас кога останав бремена сите ми обрнуваа внимание откако ми се случи тоа исто како тебе па дури кога отидов по тоа на контрола некои и не ме познаваа [sm=smiley13.gif]ЧЕСТИТКИ ЗА ЕВОКСИ!!!!!




evoksi -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 13:17:35)

Biba818, и јас исто бев еднаш на мисла да го сменам Поповиќ со Лазаревски, дури и прашав на пулт каква е процедурата за тоа, но некако останав кај него. И како што пишав претходно, неколку пати кога не можев да ја добијам сестрата му се јавив директно на докторот.

Ова ми беше трето инвитро. Првото го правев пред 5 години исто кај Поповиќ и беше успешно од прв пат. Пред 9 месеци правев второ што испадна неуспешно и сега ова. Разлката помеѓу второто и третото ми беше што сега се боцкав 8 дена со 4 фостимони, а претходно со 3 и од терапијата после трансфер ми го смени утрогестанот со пролутекс ампули, секое сабајле се боцкам поткожно.

Инаку ова што вика Anonimen е апсолутно точно, мене исто ми се случи со првата бременост што дури толку се изнервирав што не се ни породив таму туку во Ремедика.

Biba818, ти посакувам кај кој доктор и да одлучиш, следното инвитро да ти биде последно!

И на другите фала ви за честитките, ви посакувам што побрзо и вие да се радувате!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 13:26:04)

Евокси, се сќавам дека ова ти е ИВФ за второ дете, а и дека ова е втор обид сега што го правевте за второ дете, се најубаво те чекаме со контролата од ехо[sm=smiley1.gif]. Кажи што примаш од терапија освен овие поткожните прогестеронски инекции?

Џина, таму сакам да правам, макар што деновиве имам некои трчканици со родителиве по клиники и не знам точно дали овој месец ќе одам, ќе ве известам во секој случај. Среќно на сите во постапката[sm=bravo.gif]

Pinky30, како пројде на пункција?




Biba818 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 13:28:18)

Fala vi devojki na poddrskata , inaku jas kaj Lazarevski sum a mi sugeriraat da probam kaj Popovic, jas sum so misla da odmoram mesec dva dokolku sostojbata ni dozvoluva,evoksi cestitki uste ednas I vleci ne za nosinja :-)




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 15:48:10)

еве јас и покрај се ке останам кај поповик!сакам пак да се обидам ама не знам!!со замрзнати ембриони имам!гледам дека со нив процентот за успешност е многу мал!!




evoksi -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 16:33:44)

LoveableMe RR, терапијата ми се состои од естрофем и 1/2 декортин наутро и навечер и аспирин и пролутекс наутро. Ќе се боцкам до понеделник. Во недела идам на пат па му реков на докторот дека нема кој да ме боцка (дома маж ми тоа) и ми рече дека ќе можам веќе да продолжам со утрогестан 3 пати на ден.

А ти, кај и да се одлучиш да правиш овој пат, мора веќе да се појавиш на розевата листа [sm=smiley1.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.10.2015 17:30:39)

Devojki denes pominav dobro na punkcija.Mi izvadija 16 j k so toa sto 12 se polni i dobri.Se nadevam deka ke se oplodat nekoj i da mi javat utre sto i kako se i kako se razvivaat i da mi kazat den za ET koga ke bide.Se nadevam deka ke bide se vo red so Gospod napred.Inace mi dadoa Crinon gel,aspirin,folna,estrofem,doksinex mislam toa bese i plus D3 kapki da prodolzam.Imam jaki bolki mi kazaa mozam apce za bolki se napiv no uste drzi...i izotonik mi dadoa da pijam poradi pogolem br.na j.k da ne dojde do hiperstimulacija,gradive me bolat ovoj pat prviot ne me bolea normalno li e?




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (9.10.2015 10:23:22)

Pinky супер вести. Стискам палци сите да с еоплодат и добро да се развиваат. Пиј цело шише Исоспорт дневно многу помага за хиперстимулација. Инаку градите е нормлано да болат во тек на ИВФ не е ништо страшно. МОже да престанат одреден период па пак да почнат, битно не е страшно и не е никаков индикатор за ништо.

Anonimen јас останав бремена со смрзнати бластоцисти и имаме уште неколку такви примери на формумов.

Anna78 јас сега видов дека тестот е повторен негативен. Баш ми е жал. Ептен мислев ќе успеете овој пат. Ајде повеќе среќа во нов циклус на стимулации. Мислам дека ти е добра одлуката да останеш кај истиот лекар и да му дадеш да проба со различна стимулација. Со среќа.




Страница: <<   < Претходна страница  65 66 [67] 68 69   Следна страница >   >>