|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  85 86 [87] 88 89   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување VII дел
2.2.2016 22:15:27   
Kaya
Здраво девојки:) Пишувам по подолга пауза иако редовно ве следам.. По тешката хиперстимулација направивме два ембриотрасфера, кои за жал не вродија со плод.. Ин витрото и ембриотрасферите ги правев кај Димитров, а за овој кој веројатно ќе биде и последен ( имаме уште 3 ембриони) ќе одам кај Петановски... Во меѓувреме направивме еден куп дополнителни испитувања, сите се добри.. Наредната недела одам на преглед кај докторот па можеби ќе назначи и нешто плус. Ова scratching-ов ми изгледа како метода која ветува, а и искрено се надевам дека Петановски ќе има малку поиндивидуализиран пристап со оглед на тоа дека полицистичните јајници не се едноставен проблем и терапијата не може и не смее да биде иста како кај секоја друга жена.. Како и да е, на сите кои се во постапка им посакувам многу среќа...Се читаме user posted image

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2151
   RE: Вештачко оплодување VII дел
3.2.2016 9:26:16   
LoveableMe RR
Kaya, каде сииииииииии? Баш ми е мило што пиша, многу се радувам кога рингерајките се повторно тука и заедно споделуваме искуства. Девојки, пишувајте споделувајте, може ќе помогнеме една на друга, ќе споделиме некои искуства кои можат да бидат од корист за сите нас или едноставно ќе си ја споделиме маката.

Многу ми е жал за хиперстимулацијата што ти се случи тогаш, еве сега читам си имала и трансфери со смрзнати ембриони, баш ми е жал за неуспехот, но ете ако генетско-имунолошките се добри, ако имаш испитано скриен шеќер, витамин Д, ако тироидните хормони и другите ти се ок, тогаш останува да се види матката и јајниците, бар засега од она што читаме и споделуваме, тие се да речам актуелни фактори кои влијаат на ИВФ и кои ги даваат докторите за да следното ИВФ биде успешно.

Да, Петановски ќе те прати кај Кочо Димитровски за се што немаш испитано (ако немаш), а ако веќе имаш се, ќе ги разгледа, па ќе видиш што ќе ти препорача, дали скречинг па ново ИВФ, а да ги оставиш смрзнатите за понатака или нешто друго. Но секога знај, човечкиот организам е мистерија и не се знае кога ќе фати, а треба малку и Господ да помогне.

Скоро чув случај на забременување на жена за второ дете, а првото го добила после не знам колку тешки обиди со ИВФ, докторите и рекле нема шанси природно за второ, мора пак да дојдеш кај нас со ИВФ. Се чудела цела клиника, нема таков случај во медицинските книги... па сега видете дали човекот е доволно медицински испитано суштество.

Пиши ни, со нтерпнение те очекуваме тебе и сите рингерајки кои ги нема подолго време, а сме се дружеле многу овде на форумов. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 2152
   RE: Вештачко оплодување VII дел
3.2.2016 17:07:47   
Pinky30
Denes bev kaj Petanovski i se dogovorivme vo fevruari na toj ciklus da napravime Histeroskopija i Skreching i odma vo mart transfer so zamrznati embrioni...No nesto sto mi padna cudno e sto mi rece da se slusneme kraj na fevruari i 4-5 dena pred da dobijam ciklus tie denovi se pravelo ova za da se zdebelel povekje endometriumot...i skros se zbuniv znam deka site sto ste pravele ste idele na 7-8 den OD CIKLUS... no i sestrata istoto go povtori taka da tie znaat povekje od mene user posted image

Vaginalnite brisevi site se negativni toa e dobroto user posted image

Pa zdravje uste ovoj ciklus taka ke go teram i daj boze ovoj pat da mi se isplatat site nervozi,solzi,bolki,neizvesnosti user posted image


< Поракaта ја уредил Pinky30 -- 3.2.2016 17:11:23 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2153
   RE: Вештачко оплодување VII дел
4.2.2016 10:11:35   
LoveableMe RR
Pinky30, јас имам пишано за тоа во соодветната тема, не знам дали ме прочита, мене ми правеа скречинг на 21-ви ден, а се прави од 21-28 ден од циклус претежно, но може и веднаш после циклус, тоа зависи од пациентката и нејзината историја и од проценката на докторот.

Ти посакувам во март да ги видиш двете цртки и да се радуваме сите заедноuser posted image user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2154
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 12:23:22   
LoveableMe RR
Женски, јас од денес почнувам со по 3 Фостимона,растворени со две водички, добар ми е естрадиолот, така што тоа ми е терапијата плус супрефакт од 0,5 до вторник, тогаш сум на ехо, па докторот ќе одреди како понатаму. Нина, ти до каде стигна? Ќе почнуваш ли со Фостимони или со други инекции? Пинки, те ставам на список за мартuser posted image . Кики83, се ближи денотuser posted image user posted image

*******2015*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image

00.01- kiki83- почеток со терапија (Гуржановска, Њуборн Клиник)
27.01-LoveableMe RR - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
00.03- Pinky30 -трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.02.-MademoiselleNina-пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.02-Sandra36-почеток со терапија (Димитров, Ремедика)


=========================
user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image

20.02- kiki83 = пункција 25.02=ЕТ


=========================

08.02 - kik83=ТЕСТ


2016 година

user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2155
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 13:26:36   
MademoiselleNina
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
... Нина, ти до каде стигна? Ќе почнуваш ли со Фостимони или со други инекции?.....


јас се уште сум само со супрефакт 0.5. Во средата завршив со микрогинон и сега чекам да ми се појави „добивање“ и да одам на мерење на естрадиол. Се уште нема абер од добивање. :) после тоа ќе ми одреди колку фостимони ќе примам, и дали ќе продолжам со супрефакт.

Модриците ми поминаа, сега имам јаки главобилки и ќе полудам. А кога се прави ехо? И дали се мери само естрадиол или и ФСХ?

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.2.2016 13:32:56 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2156
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 13:32:32   
LoveableMe RR
Nina, леле не знам за главоболките, јас исто цркам секоја вечер од главоболки, ќе се напијам многу малку морска сол со чаша вода и малце се оправам, пошто претходно само аналгини пиев, се отрув.

Кога ќе добиеш, на 3-ти ден ти мерат естрадиол. Види во шемата, ти пишува дали треба и друго да испиташ на 3-ти ден, тоа докторот го одредува. Мене ми кажа сестрата дека по 5 дена од боцкање со фостимон се закажува ехо, да видат првично колку фоликули има и како докторот да одреди понатаму за боцкање и кога пункција.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2157
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:00:22   
MademoiselleNina
Нешто ми е нејасно, сега читав на страната на ФЗО и таму никаде не пишува дека се прима Супрефакт, туки неко друг лек Decapepty.
И пишува дека се прават хормонски испитувања три пати во текот на стимулација, кои се тие 3 пати, мене ми пишува само еднаш на денот кога ќе добијам. Исто и за Фоликулометрија пишува дека се прави три пати, а мене ми пишува само еднаш, ако некој може да ми каже, пошто немам живци да се јавувам и да прашувам, не знам зашто се напнав ептен нешто...
„Под р.бр (1)
Гонадотропините се даваат на третиот ден од менструацијата просечно10 дена (8-12) и тоа високо прочистени урофолитропини или rFSH пд 75 IE или 50 IE (Fostimon, Merional, Menopur, Puregon);

Под р.бр (2)Агонисти на GnRH (gonadotropin releasing hormon) се даваат 10 дена пред очекуваната менструација до денот на HCG администрацијата (22-25 дена прпсечно) или како депо форма–една апликација 10 дена пред очекувана менструација и тоа: ампули Decapeptyl (triptorelin) од0,1mg

Под р.бр. (9) Хормонски испитувања, се прават стандардно три пати во текот на хормонската стимулација и тоа кај долгиот протокол со агонисти се тестира нивото на естрадиол, а кај протоколот со антагонисти се тестираат естрадиол, LH (лутенизирачки хормон) и прогестерон.

Под р.бр. (8) Фоликулометрија –првпат се прави петтиот ден од стимулацијата, а потоа најмалку уште 1-2 пати заедно со резултатите од хормонските тестови“


< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 5.2.2016 14:02:09 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2158
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:00:30   
Pinky30
ok Loveableme stavime za Mart user posted image zosto togas i transfer ist mesec ke bide user posted image a zasto mi rekoa pred ciklus deka ke mi pravat poima nemam ima li nekoj drug kako mene ili jas sum izroduser posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2159
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:13:24   
Pinky30

ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Нешто ми е нејасно, сега читав на страната на ФЗО и таму никаде не пишува дека се прима Супрефакт, туки неко друг лек Decapepty.
И пишува дека се прават хормонски испитувања три пати во текот на стимулација, кои се тие 3 пати, мене ми пишува само еднаш на денот кога ќе добијам. Исто и за Фоликулометрија пишува дека се прави три пати, а мене ми пишува само еднаш, ако некој може да ми каже, пошто нема живци да се јавувам и да прашувам, не знам зашто се напнав ептен нешто...
„Под р.бр (1)
Гонадотропините се даваат на третиот ден од менструацијата просечно10 дена (8-12) и тоа високо прочистени урофолитропини или rFSH пд 75 IE или 50 IE (Fostimon, Merional, Menopur, Puregon);

Под р.бр (2)Агонисти на GnRH (gonadotropin releasing hormon) се даваат 10 дена пред очекуваната менструација до денот на HCG администрацијата (22-25 дена прпсечно) или како депо форма–една апликација 10 дена пред очекувана менструација и тоа: ампули Decapeptyl (triptorelin) од0,1mg

Под р.бр. (9) Хормонски испитувања, се прават стандардно три пати во текот на хормонската стимулација и тоа кај долгиот протокол со агонисти се тестира нивото на естрадиол, а кај протоколот со антагонисти се тестираат естрадиол, LH (лутенизирачки хормон) и прогестерон.

Под р.бр. (8) Фоликулометрија –првпат се прави петтиот ден од стимулацијата, а потоа најмалку уште 1-2 пати заедно со резултатите од хормонските тестови“


Decapepty


Jas primav Decapepty vo GAK isti se kako Superfaktot ne se sekiraj no tamu mi zemaa krv za merenje estradiol na 3 den pa na 5 den pa na 7 den pa na 11 den pa na 14 den i na 18 den punkcija mi napravija i sigurno imaa takov protokolot na GAK i rabotat spored FZO sto pisale...mi ja snema venata na levata raka od ovie bockanja....Tofoski sakase da znae estradiolot kako e i po nego se vodese za punkcija...ama jas mislam da si se olabavis doktorot sto te vodi ke ti kaze se sto treba vo vazisnot od toa kako se razvivaat folikulite ti samo smireno olabaveno tie znaat sto pravat...Jas na GAK imav loso iskustvo i nikad povekje krivo mi e samo sto si go izgubiv vaucerot taka za zabe a polna so nadez bev...no od nedovolno informiranost za zal...zatoa sega duri i plakjam ubavi pari za transferi so zamerznati no znam deka sum vo pravi race.Gak ne se spremni za ivf...em sto mi napravi hiperstimulacija me terase skoro do punkcija so decapepty a jas so pcos...uzas...

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2160
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:16:41   
LoveableMe RR
Nina, така е но веројатно тестирањата за хормони и за ехо, веројатно ги одредува докторот, зависно од историјата на пациентката. Имам читано овде на форумот дека на некои им прават тестирања на повеќе хормони, освен естрадиол, но повеќето веројатно сметаат дека нема потреба. Не се оптеретувај непотребно, докторите имаат искуство и знаат што даваат. уживај.

Пинки30, јас ти пишав за твојот случај во соодветната ТЕМА, ама ти изгледа не читаш, или слабо се снаоѓаш по сајтов.user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2161
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:23:32   
MademoiselleNina
Како да не се напнувам кога на второто ИВФ на приорден модифициран циклус со блага стимулација, само Цетротиде и Гонал Ф, имав еден доминантен фликул кој не им дозволи на другите 5 да пораснат. и имав само една јк која не се оплоди. Сега пак ако нешто се утне - немам нерви за експерименти. Затоа и отидов кај истиот лекар, бидејќи знае како се одвиваа работите.
Некако многу долго ми се гледа дека примам супрефакт, и самиот лек ми прави нервоза, ќе полудам, не знам со вас дали е исто? И отечена сум и качив 5 кила за 20 дена, нормално ли е тоа ????

Ајде на сите кои сме во постапка побрзо да ни поминат овие денови, и наскоро да се рдуваме мнооооогу user posted image

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2162
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:30:26   
Pinky30
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

....Пинки30, јас ти пишав за твојот случај во соодветната ТЕМА, ама ти изгледа не читаш, или слабо се снаоѓаш по сајтов.user posted image


Pokasno procitav LoveableMe user posted image user posted image se snaogam no kasno palam user posted image user posted image Brisi postovi ako treba slobodno user posted image

Ti blagodaram od se srce.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.2.2016 14:39:22 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2163
   RE: Вештачко оплодување VII дел
5.2.2016 14:41:44   
LoveableMe RR
Нина, на природен циклус е друго, овде ќе бидеш повеќе стимулирана и ќе имаш повеќе, не се замарај докториве си ја знаат работата, гледај повеќе течности, протеинска исхрана јади, овошје зеленчук, а за килажа тоа е, не си поправена, него се подуваш од хормоните, кај повеќето се јавува тоа. Терапијата е таа, ако ти се чини многу, но мораш да ја издржиш.user posted image

Пинки 30, тука сме за што треба.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2164
   RE: Вештачко оплодување VII дел
7.2.2016 14:04:23   
Среќичка
Да се најавам тука - доста демнам од заседа :)
Чекам да добијам (а може и да не добијам - не велам не) и почнувам со Јасмин. Докторот ми е Лазаревски.
Среќно на сите и Господ да не чува!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2165
   RE: Вештачко оплодување VII дел
7.2.2016 18:52:44   
Magdalenka
Девојки, утре поднесувам документи. Имам прашање околу спермограмите. Треба најмалку 2 и од различни институции.
Имаме повеќе ама на последниот искочи малку аглутинација и малку леукоцити. Дали тоа може да е проблем. Иначе пишува нормоспермија. Дали да ги дадам само од хистологија каде што се е супер и се со ок дата. Иначе последниот го направивме на гиникологија за да ни биде од различна институција. Ама за различна имам еден од ремедика од пред 3 години. Само што беше направен пред инсеминација и пишува спермограм за инсеминација. Ги има сите податоци само не пишува нормоспермија.

(Одговор на членот Среќичка)
Непосредна врска до пораките: 2166
   RE: Вештачко оплодување VII дел
7.2.2016 22:48:59   
MademoiselleNina
Јас конечно добив циклус, или шо и да е :) 5 дена после последната таблета микрогинон. Утре треба да одам да ми мерат Е2, така ми пишува во листата. Па незнам дали треба да се јавувам прво или едноставно само да отидам.
Едно штшенце супрефакт го завршив денес. Од утре ново. :)

(Одговор на членот Magdalenka)
Непосредна врска до пораките: 2167
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 9:34:27   
LoveableMe RR
Среќичка, како името ти посакувам наскоро да те огрее среќичка и да те пишеме на списокот за трудници.user posted image Нина, ајде со лесно, ти посакувам да ти завршат маките и да те читаме со мешеuser posted image . Мене ме немаше два дена, ама многу имам главоболки бре од ова хормониве и затоа гледав да бегам малце во природа, а богами и аналгините завршија работаuser posted image . Јас сум утре на контрола, па ќе видиме како ќе се боцкам понатаму.

Кики 83, денес те чекаме со висока бетаuser posted image user posted image

*******2015*******
user posted image user posted image user posted image АКТУЕЛНОuser posted image user posted image user posted image

00.01- kiki83- почеток со терапија (Гуржановска, Њуборн Клиник)
27.01-LoveableMe RR - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
00.02.-MademoiselleNina-пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.03- Pinky30 -трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.03-Sandra36-почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
00.03-Среќичка-пoчетoк сo терaпијa (Лазаревски, Систинa)


=========================
user posted image ИСЧЕКУВАЛКИuser posted image

20.02- kiki83 = пункција 25.02=ЕТ


=========================

08.02 - kik83=ТЕСТ


2016 година

user posted image user posted image user posted image user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2168
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 18:57:30   
kiki83
Deneska napravivme test preku krv i e pozitivenuser posted image bhcg e 361

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2169
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 19:29:31   
bitolcanka82
Cestitki Kiki83 vi sledi eden preubav period.Ti posakuvam da go pominish vo mir i pozitivni misli.Pozz

(Одговор на членот kiki83)
Непосредна врска до пораките: 2170
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 19:52:35   
kik@
MAGDALENKA eve sto pisuva na stranata na fzom:
Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе
од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а
последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки
фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми);


_____________________________

Ne pravi im go na drugite ona sto ne sakas tie da ti go napravat na tebe.

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 2171
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 19:55:06   
kik@
cestitki kiki83 imaj lesna bremenost narednive 9 meseci user posted image

_____________________________

Ne pravi im go na drugite ona sto ne sakas tie da ti go napravat na tebe.

(Одговор на членот kik@)
Непосредна врска до пораките: 2172
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 20:41:47   
kapina
Superrr kiki milicka cestitki

(Одговор на членот kik@)
Непосредна врска до пораките: 2173
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 21:17:04   
MademoiselleNina
Кики83
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Колку убава вест!!! прекрасно!!! Уживај во периодот што следи

< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 8.2.2016 21:18:00 >

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 2174
   RE: Вештачко оплодување VII дел
8.2.2016 21:21:46   
MademoiselleNina
Јас денес почнав и со Фостимон по 3 и продолжувам со супрефакт 0,3 . Е2 ми беше 11.
Инаку вечерва почнав да качувам температура имам 37 и сум цела омалаксана, незнам дали е од инекцииве или од нешто друго ...
Lovableme како си?

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2175
Страница:   <<   < Претходна страница  85 86 [87] 88 89   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  85 86 [87] 88 89   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?