|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  92 93 [94] 95 96   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 18:25:11   
kapina
Dr tase mi rece oti moze ednas da se kacam i da se simnam od petti sprat

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2326
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 19:04:41   
LoveableMe RR
kapina, штo дa ти кaже кoгa ќе му кaжеш декa живееш нa петти кaт без лифт, плус секoј ден дa се кaчувaш симнувaш зa фрaксипaрин.

Твoе е дa си решиш штo ќе прaвиш вo иднинa, нo еднa мoјa другaркa бременa сo ИВФ вo Систинa, мoрaше дa изнaјми стaн сo лифт пo препoрaкa нa дoктoр зa дa јa зaдржи бременoстa дo пoрoдувaњетo!


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2327
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 20:30:34   
pepapa
Ne pijam nisto seuste, ke odam da ispitam hormoni da bidam spremna se kako sto treba... Inaku i jas mnogu se mislev za New born osobeno otkako slusnav deka Trajkovski e tamu, ama mm e po odlucen od mene i mi pomogna da se resime za Petanovski
ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Pepapa, и јас бев со хормоните како тебе, но си направив нов и покрај тоа што веке пиев Микрогинон, а ти ако се уште не пиеш ништо, подобро направи си.

Инаку сега видов дека на New born clinik на ФБ објавиле дека доктор Трајковски од 1.03 почнува кај нив со термини. Па кој е заинтересиран нека си закаже. Таму веќе значи ќе се формират неколку добари тимови.


(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2328
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 20:35:11   
Среќичка
Освен фактот што постапката е под надзор на доктор и оплодувањето е вонтелесно, нема медицински индикации да се тера режим на легачење. И на страната на систина пишува освен што се прави вонтрлесно оплодување сите понатамошни проблеми/компликации со бременоста не се врзуваат со постапката.
На крајот на денот, секој треба да направи онака како него што му е добро и му одговара. Поарно да си мирен дека си направил се, отколку да те јаде јанѕа.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2329
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 22:03:45   
kapina
Da ke miruvam sestra mi ke mi gi stava fraksiparinot oti ona gi stavase na majka mi i odese znam mi kaza da i stavat doktorite samo potpis oti gi e primala kleksanot za tromboza da taka e srekicka zatoa taka e i mojata ne emnogu teska rabota ama zaradi prethodni rani gubitoci na bremenostite ke si bidam na boleduvanje a i na kraj kraeva da ne me jade jansa rabota se naoga no dete ne

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2330
   RE: Вештачко оплодување VII дел
26.2.2016 23:11:17   
Pinky30
LoveableMe znam deka ti pravese transfer so zamrznati embrioni dali ispituvase hormoni pred ET i na koj den?

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2331
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 10:36:56   
LoveableMe RR
Пинки, немa пoтребa дoкoлку дoктoрoт не ти кaже, a плус примaш стaндaрднa терaпијa. Трaнсферoт сo смрзнaти е мнoгу сличнa пoстaпкa кaкo инсеминaцијa, примaш стoп инекцијa и пoтoa ти дaвaaт терaпијa. Сo леснo!user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2332
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 11:35:29   
Hopeful RR
Девојки, мирувањето сме го дискутирале многу пати досега и се работи за она што на вашето тело најмногу му одговара. Ако некоја е динамична, спортски тип, тогаш да се залегне во кревет само ќе и приреди стрес, но барем може да се олабави по дома. А дека не се препорачува физичка активност, тоа секако. Скали - исто така, тоа е кардио активност и ако веќе се неопходни, треба мноогу полека да се качуваат.

Јас мирував со лежење три - четири дена, потоа шеткав на кафиња, се вратив на работа по една недела и правев се полека и лабаво. На вежбање не одев од почеток на стимулација, така ми кажаа во Систина. И сепак, и со ваков лабав пристап без напнување дури и после срцева акција, ми се појави хематом па морав да се заковам за кревет месец дена. Другарка ми, исто како што вика Loveable Me RR, се пресели во стан со лифт за до крај на бременост по налог од лекар. Не е тоа тек така олако.

Е сега, сепак - секоја од нас е различна и се што ние тука можеме да направиме е да си дадеме поддршка една на друга, разбирање и помош. Во таа смисла, Капина, те молам не биди така строга со жените што одлучиле да одат на работа, тоа е нивно право и нивен избор. Секој си прави тоа што мисли дека е најдобро, и во ивф процедура последна работа што некому треба да чувствува вина дека нешто направил или не направил како што треба. Ако ти сакаш да земеш боледување 40 недели - бујрум, но еве јас си одев на работа до последно и ништо не ми фалеше.

Ајде само лабаво, оптимистично и со среќа на сите во постапка user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2333
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 12:09:48   
kapina
Ti ako sedis i uzivas na rabotata nekoja ne uziva bas taka kako tebe

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2334
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 12:49:41   
LoveableMe RR
кaпинa, oд кaј знaеш Хoпефул кaквa рaбoтa имa штo јa нaпaѓaш? Нa крaј крaјoт сите ти кaжувaме нaши искуствa и искуствa oд стрaнски клиники и сaкaме дa ти пoмoгнеме.

Смени си гo тoнoт и не се рaспрaвaј сo сите нa фoрумoт, oвa не е фoрум зa кaвги и злoбa, бaш нaпрoтив тукa сите си ги кaжувaме мaките и прoблемите штo ги имaме сo неплoднoстa.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2335
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 13:44:29   
весник
Здраво девојки!!! Јас Ве читам редовно иако испарив од форумов...од токму вакви дискусии и притисоци решив да се повлечам...се надевам дека ниедна од Вас нема да ми замери :-) Е па вака да Ви кажам...никоја од нас не знае кај е арното...само Бог да е со сите нас и да ни помага во нашата борба...само молитва и верба...
Во декември го имав трансферот... Второ ин витро со стимулации...Доктор Лазаревски...не менувам личност во кој имам доверба( мое мислење) На 20 декември трансфер и после четири дена лежење дома петтиот ден на работа...новогодишна приредба со 32 деца и дупло толку родители.Ножеви во стомак ми поминуваат но силна сум..( блага хипер стимулација) Секој ден на работа...градинка...32 деца...стани,седни,викни,тропни да ги смириш итн.Но кога Бог е со нас нема страв...На 2 јануари висока бета...Лазаревски вели одмарај...но мене не ми следуваат денови бидејќи немам шест месеци стаж континуирано и се молам на Бога да биде се во ред...Ќе бидам мајка на две деца...Влегов во второто тромесечје од денеска...Одам на работа,готвам,перам,пеглам и се сама...не,не сум сама Бог е со мене и ми помага...Ви посакувам да биде со сите Вас...затоа молете се...никоја од нас не знае што е правилно...сите сме различни...што ни менува ако знаеме дека некоја од нас примала фостимон со една или со две водички...препуштете се на докторот...јас овој пат го заборавав и времето кога требаше да се боцкам...секој ден доаѓаше брат ми да ме боцка и секој ден бев како изненадена што дошол...Ви посакувам успех на секоја од Вас!!!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2336
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 14:20:16   
LoveableMe RR
Весник милaaaaaaa прекрaснa вест имaј леснa и убaвa бременoст. user posted image Верувaј пишувaњaвa нa фoрумoв немaaт врскa дaли ќе бидне илу не, туку Гoспoдoвa рaбoтa е. Се нaјубaвouser posted image !

Гo дoзнaвте пoлoт нa бебињaтa?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2337
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 14:28:50   
весник
тоа сакам да потенцирам...ова е Господова работа...нам ни останува да се бориме,да не се откажуваме и да се молиме...има Бог одредено време кога ќе не усреќи...да биднеше кај мене пред шест и повеќе месеци ,јас не бев способна...имав пишувано дека имав доста чести анксиозни напади и бев под терапија од психијатар....
Затоа овој форум нека биде исполнет со позитивни вибрации,позитивни приказни...и многу верба и многу молитва!
Полот не го знаеме уште...Лазаревски не е многу по зборувањето иако добив чувство дека виде...но се насмеа и рече...полот нека остане да Ви го соопштам наредниот пат во 16 недела за посигурно...а и верувај колку што сум љубопитна толку повеќе ми е битно тие бебушите да се в ред,па не е битно какви ќе бидат,само здрави и прави да ги донесам на овој свет и да растат здраво и среќно со мама и тато...ете тоа Ви го посакувам на сите Вас кои сеуште сте во борба од која верувам дека ќе излезете победници! Ве гушкам сите!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2338
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 14:35:31   
LoveableMe RR
Тaкa е весник сoсемa си вo прaвo Гoспoд гo бирa мoментoт. А зa Лaзaревски сите велaт декa не збoрувa мнoгу. user posted image

Не е битен пoлoт oнaкa oд љубoпитнoст прaшaв, oти мнoгу мaжињa имaме нa сaјтoт.user posted image Се нaјубaвo, известувaј неuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2339
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 14:37:35   
Hopeful RR
user posted image user posted image user posted image Jeeeeeeee!!!! user posted image

Е како ме орасположи весник, браво! БРАВО! Имај убава, лесна и здрава бременост, со две здрави прави бепчиња!!! Ако ѕирнал нешто досега, па чека 16та недела за потврда, јас мислам дека знам што се, ама ајде да почекаме, да не нагаѓаме user posted image

Е баш за ова станува збор, посебно кога зборевме со темите за психолошкиот фактор, моментот кога ќе препуштиш се, и ќе се потпреш на комбинацијата доктор/Господ... воодушевена сум од твојата храброст, позитивност и подготвеност, ти посакувам се најдобро! Сепак, чистењето, перењето и пеглањето обиди се да ги намалиш, не мора до толку да се напрегаш. Близначка бременост е малце исцрпувачка, но сите маки, сите нервози, сите солзи вредат, и за некое време ќе видиш user posted image

Те гушкам и ти посакувам се најдобро! Пишувај ни кога ќе можеш, сега имаме и други теми за разговор user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2340
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 14:56:46   
весник
Ви благодарам за поддршката која не сум заборавила дека ја добивав несебично цело време и дека сме на овој форум за поддршка за сите нас....немој да ме сфати некоја рингерајка погрешно...вака пеглам....15 минути па гасам пегла...па седам...па пак се враќам...нешто што сум го правела на пример за 15 минути сега го правам за час и 15 минути...полжавче по дома сум :-)

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 2341
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 15:00:32   
Hopeful RR
Во тој случај, само продолжи си така бавно и прави ги работите што ти причинуваат задоволство user posted image Ајде со лесно и поздрав до мешко од моите батковци user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2342
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 15:11:00   
MademoiselleNina
Весникuser posted image user posted image user posted image честитки
Колку убава вест на ваков убав ден.
Баш ме израдува.
Мене форумов ми е супер, читам се и сешто, некои работи не ги знаев, некои ги знаев, но знам дека тука има луѓе како мене кои ме разбираат и знаат како ми е. :)

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 2343
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 15:28:46   
kapina
Jas kazav za mene si sto ke pravam a ako nekoja saka da si ode na rabota iako odela nema sto da se fali sekoja sama si znae jas imam rani gubitoci na bremenostite i sigurno ke stravuvam i nema da odam na rabota ma kolku i da e lesna a i prethodno si bev doma 5god ne odev na rabota sklop na okolnosti i sto mi falese nisto i ako ne odam na rabota ne znaci oti ke bidam vrzana za krevet znaci moe pravo si e toa

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 2344
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 15:32:31   
kapina
Ineka si go kaze svoeto iskustvo i gotovo nema sto mene da me spomnuva ima rabota i rabota

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2345
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 16:41:50   
mommy_angels RR
Весник,честитки лесна бременост и здрави и силни бебенца ти посакувам.

Туку Капина,никој не те разубедува да одиш на работа,ниту пак ти кажува дека ти е лесно.Секој камен со својата тежина,нели?
Се надевам дека овојпат се ќе ти биде успешно и сите овде ќе се радуваме заедно со тебе.Но,жените само те замолуваат,а и јас,немој да ги напаѓаш за нивните ставови и решенија.Секој прави така како што мисли дека е најдобро за него и неговите дечиња.Никој од нас не е до толку паметен ,за да "соли" памет на другите.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 2346
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 18:36:58   
SOLE
Еејјј што убави вести од Весник user posted image user posted image Браво, потполно се согласувам со тебе, со јака волја и верба, и се разбора позитивни мисли, храбро сите ке успееме, Ти честитам и ти посакувам лесна и убава бременост и здрави и прави бебушки user posted image user posted image Ми се полни душата кога читам убави вести!
Исчекувалките како сте? да знаете и ние чекаме заедно со вас user posted image и секако навиваме и се радуваме за user posted image уживкајте само user posted image

< Поракaта ја уредил SOLE -- 27.2.2016 18:39:18 >

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 2347
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 18:58:13   
Pinky30
Vesniiiiiiiiik SO LESNO NEKA MI TI E kolku me izraduvaaaa mi se polni dusata so nova trudnica i ste mi nadez deka i jas eden den ke se raduvam i site sto sme na ovaa maka...Odmaraj si,uzivaj si i imas pravo samo Gospod ima i cuva srekja nasa i ni ja podaruva vo prav moment...Me rasplaka ahhhh....ima nedez za sekoja od nasuser posted image

Sto se odnesuva do kavgite i jas sum protiv i onaka sme osetlivi i razdrazlivi od cela raka apcinja i hormoni promenlivi i mislam deka ne treba da sudime nikoj sto kako si planira...da mislenje no so ubav zbor da se spodeli i ubavi zelbi da se posaka...Toa ni treba na site vo borbata so sterilitetot...da forumov mnogu mi pomognal do sega...forumot ne treba da ni e kade sto ke delime negativna energija...pogotovo so clenkite sto se posle et do test...Lovableme te poddrzuvam tebe i site rr-ki sto sakaat da si pravat...sto ako sedev lezev 3 pati pak ne ostanav bremena..

(Одговор на членот SOLE)
Непосредна врска до пораките: 2348
   RE: Вештачко оплодување VII дел
27.2.2016 23:44:35   
gina
Vesnik cestitki mila kolku ubava vest mnogu se izraduvavuser posted image user posted image user posted image
imaj lesna i ubava bremenost bravo za tvoite bliznacinja junacinja user posted image user posted image user posted image of sto ubavo mi se napolni dusickata i taka e Gospod e golem so site nas e
i site sto pobrzo dase izraduvate

a sto se odnesuva do miruvanjei dali od ova bese i nebese samo opustetese i koga saka ce bide jas ne odam na rabota ama sum probala i od krevet da ne se pomestam samo do wc pa ne bidna i po malu da se dvizam pa ne i po mnogu ne e koga ne veruvav deka ce bide bidna jas i koga pocnav da odam na ivf i koga bev do pola so terapija sakav da prekinam i si vikav gjabe odam samo parite sto ce gi dadam i jas se kacuvav po skali ziveam vo kuca na vtor sprat i ednas dur ce padnev po skalite se sepnav i ovaj pat izlagav i na kafinja i vamu i tamu i koga odev na najvazniot pregled vo 12 nedela vo Skopje vo najgolemiot sneg se blopkirano co patista ne iscisteni 4 -5 sati patuvav i toa so dreckanje vo kola odev i si placev si vikav od ova nisto nema da bide pa Lazareski uste mi rece ti be avantiri si pravis vo ova vreme a setrata mi rece morat da dojdes pa uste doma renoviranje od temel sto se vika pa uste si odev i po drugi gradovi za doma sto kupuvavme stvari imav pomos koga se sreduvavme ama posle se sakav da preperam i ispgelam sto znaci ne sednav ama rabotev poleka so odmaranje i pauzi i sega mi vikat eve zosto tie bebuskio zivec i mnogu temperamenten pa ti ne sedna be zeno vo bremenosta samo nesto pravese
Sto znaci koga saka da bide ce bide i sepak treba da se slusat sovetite od doktorite a i sama treba da znaes kolku tie silata i sto poveke odmor
Jas duri i sama se obvinuvav nekogas deka nemav bliznacka bremenost si vikav sugurno bese betata mi bese visoka si vikav tolku dreckanje do Skopje sigurno nesto se sluci si go izgubiv ednoto ama pak znaev deka ce bide edno dva dena pred da napravam test soniv eden son toe e druga tema
ooo jas se zaboraviv nema pravila samo verba vo Boga

(Одговор на членот Pinky30)
Непосредна врска до пораките: 2349
   RE: Вештачко оплодување VII дел
28.2.2016 15:24:37   
Среќичка
Честитки Весник. Браво за позитивноста што ја внесе во темава user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 2350
Страница:   <<   < Претходна страница  92 93 [94] 95 96   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  92 93 [94] 95 96   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?