Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
RE: Вештачко оплодување VII дел 28.2.2016 21:12:54
pepapa
dali e zadolzitelno ispituvanje na hormoni na 3 ti den, moze li na 4 ti, denes trebase da ispitam megjutoa bev bolna i nemozev da odam, moze da odam utre na 4 ti den ili ne, neli treba doktorot da mi odredi terapija pred ivf?
Весник, а што терапија за стимулација примаше пред да ?
Некако имам желба да направам некој список или статистички преглед, која каква терапија примала за успешно забременување. Читав низ старите постови, и некако добив впечаток дека тие што примале Пурегон имаат погоема успешност отколку тие што примале Фостимон, но не сум сигурна, ова е мој заклучок од онака рандом читање. Сега читам и по странски форуми и некои истражувања, различни се лековите, и различно се реагира на нив. Можда нема врака, така се погодило да комуницираат на форумов тие со Пурегони. Колку што сватив Kviko и Bea се со Пурегони. Ако грешам нека ме исптават.
Pepapa мене еднаш ми рекоа дека може до 5 ти ден. Но секако ќе кажеш дека ти е 4 ден и таму кога ќе ти земат крв и на лекарот, па тој ќе си процени. Подобро е да ги наравиш отколку да не ги направиш.
< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 29.2.2016 0:05:27 >
Да се надоврзам за мојот пост, Hopefu е со Фостимони. (коклу што прочитав) А како што гледам фостимоните ги даваат претежно во систина, додека Пурегоните ги даваат во другите клиники, нешто ми е чудно... хм...
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 10:09:56
MademoiselleNina
Претежно читам, се и сешто, се префрлам од тема на тема, те теми за ивф, те книга, те серија, немам концентрација многу, те ми се плаче те ми се смее Да, јас добро изреагирав на терапијата со оглед на годините (38) низок анти мулериан, и малку антрални фоликули, јк оплодени со два метода, јас сум задоволна до сега како се одвиваат работите. понатаму е божја воља... Инаку сестрта што ме боцка со клексан ми рече дека сум имала најмали модрици и да не се жалам Уште оваа недела не сум на работа па ми следи уште одмарање. Туку ако се стопли, како ќе носам кратки ракави? (Со модрициве)
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 12:18:41
Kvisko
Nina опуштинсе и уживај. Лекарите си имаат правила по кои одредуваат терапија. Јас бев со пурегони исто и Bea. Арно ама во исто време со мене кај Димитров имаше жена со фостимони и исто остана трудна. Така што релакс за терапијата. Таа пролет Димитроц нешто имаше зар сите останаа трудни тогаш За модриците од клексанот после високата бета нема ни тебе ни ма Loveable да ви биде гајле. Јас цело лето гордо си ги шетав секаде дури и на свадба кај брат ми. Пепапа хормони се испитуваат од 3 до 5 ден освен кога си во постапка за стимулација кога е точно 3 ден.
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 15:37:40
Среќичка
Според мои пресметки требаше да почнам за една недела, понеделник, 21 ден со супрефакт. Арно ама - есапот дома и на пазар не е ист. Денес 14 ден почнувам со декаптетил.
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 15:45:22
весник
Фолна од 5 мг.,витамин од 500 на натурал,А + Д витамин ба Алкалоид,најевтина лента ид зегин омега 3(68 ден беше) Ова беше моја шема на своја рака која ја терав се до првото ехо...потоа оставив само фолна и вит.С, друго оставив.Немаше овој пат јасми,директно почнав супрефакт...па скоро по една недела фостумон 2 прашаци+1 вода се до пункција.Ден после пункција започнав со клексани секој ден и аспирин после 12 часа од клексанот.Со аспиринот секогаш пијам витамин С за да се заштитам од подливи т.е модринки.Модринки од клексанот се прават многу,цели хематоми,сеуште боцкам во стомак ама ми рекоа најмногу дека ќе можам до кај 16 недела...кринон гел секоја вечер се до 12 недела кој ми го прекина,па ме стави на утрогестан еднаш навечер од 200...премама пијам од првото ехо наваму кога се потврди бременоста и воглавно тоа е се.
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 19:08:06
весник
Ете заборавив на него...естрофем одма после пункција 2*2 мг.,а кога направив тест и му се јавив на докторот од терапијата само ми го бамали естрофемот 2*1 мг.,и откако го направивме првото ехо скроз ми ги исфрли од терапија
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 19:08:18
Magdalenka
Девојки ми треба совет, не сум паметна што да правам. Додека ги спремавме документите на мажот ми му најдоа аглутинати и леукоцити во спермата. Тоа знаевме дека значи инфекција. Ја најдовме која е во урината ама сигурно има и во спермата барем по нешто. Уринарна е бактеријата. Проблемот ми е што докторот и ембриологот имаат различно мислење. Докторот вика бактерија и да има во спермата не е страшно ја прочистувме, ја миеме ништо не останува, главниот ембриолог вика мора се да е чисто може да наштети на ембрионите, да направи проблем во инкубаторот. Незгодно ми е да одам кај докторот пак и да прераскажувам. Иначе урологот вика дека мора де е 10 дена без антибиотици пред инвитро значи не може мажот ми да зема лекови за време на инвитро и така да ја контролира.
Проблемот е и времето. Јас кога имав лапаро и хистеро ми направија мал скречинг и сега нели сакаме додека е тазе првите месеци да фатиме. Ама пак ако е ембриологот во право. Иначе мажот ми зема терапија и ќе ја заврши ама нема да стигне да направи тест.
Некој да имал ваков проблем па да го решил успешно.
Мaгдaленкa, не знaм штo.дa кaжaм, дoктoриве викaaт немa врскa, нo ембриoлoгoт имa пресуднa улoгa вo целиoт прoцес! А дa ги седнеш двaјцaвa дa се дoгoвoрaт? Сепaк скречинг се прaви веднaш пред ИВФ и не требa дa чекa мнoгу.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 19:50:52
Magdalenka
Фала Ловеабле, да знаеш колку се уплаши ембриологот, колку беше строг сосема сопротивно од докторот кој му рече на мажот ми рече "излечи ги за ти да ги немаш мене тие не ми се проблем". Немаш појма колку сум збунета. Треба да ги седнам заедно, ама се плашам дека докторот ќе ме сфати пофрешно дека му делам памет. Иначе поважно ми е ембрионите да се здрави. Џабе скречинг иначе.
RE: Вештачко оплодување VII дел 29.2.2016 23:47:37
MademoiselleNina
Весник, фала за одговорот за терапја, сега некако ми е полесно, значи и фотимоните се добри и ефикасни. Магдаленка и ти ко мене :) и мене ми е незгодно да прашам, ама веќе и не ми е, јас штом за интимни односи почнав да прашувам и доктори и сестри ти ти за бактерија се устручаваш. Прашај си. Кај ММ непосредно, пред да почнам со микрогинон, кога бевме да се договараме, му открија бактерија во спермокултура. А претходно немал, среќа што но ни побараа нови анализи, и нарави и се појави удовиштето Но пиеше некоја јака доза на антибиотици, па паува 10 дена па нов спремограм, кој беше чист, па една недела пред пункција мм пиеше уште една доза на антибиотици. Ако си со долг протокол како јас, ке поминат околу 30-40 дена до пукнкција. Така што јас мисалам дека има време да се лечи. Барем во нашиот случај беше така. Но прашај си, нека не ти е незгодно.
Здраво на сите, јас сум нова на форумов. Може ли некој да сподели искуство за New Born, размислувам третово ИВФ да го правам таму. Фала ви однапред
Здраво, ќе се дружиме и разменуваме искуства тика на форумов. Има една тема Кај кој доктор за IVF? Таму има некои искуства, може ќе ти бидат корисни. Јас сум била таму само на консултации, за друго не знам како е.
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 1.3.2016 11:50:43 >