Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Здраво на сите, јас сум нова на форумов. Може ли некој да сподели искуство за New Born, размислувам третово ИВФ да го правам таму. Фала ви однапред
Здраво Сонед1, добредојде овде на овој форум, те очекуваме со мислења, совети, искуства . Њуборн е релативно нова клиника,но имаат одличен ембриолог кој многу успеси постигнува во последно време и има позитивни мислења за неговото работење. Мислам нема да згрешиш ако пробаш таму. Досега каде правеше ИВФ-претходние две? И што беше проблемот што беа неуспешни, дали добивте некое објаснување?
Би сакала да ти ја посочам и темата Што по неуспешното ИВФ?, разгледај ја, па ќе продискутираме заедно и со другите рингерајки. Со лесно!
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Nie sepak odlucivme da odime i vo new born na konsultacii, super pominavme, se vidovme so dr.Tanja i dr.Trajkovski, se cudea kako do sega ne sum ostanala voopsto bremena koga se e dobro so dvajcata duri spermogramot ne e los, me vidoa na eho odlicna matka i ovularii rekoa, bi odele so dolg protokol od 21 den od dobieno, megjutoa prvo mora spermokultura i urinokultura da napravime bidejki mm cesto ima bakterii
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Здраво женски, не можев да издржам, бетата на 13-ти ден после трансферот ми е 44,8, така пишува на наодот од Авицена.
Според мене е ниска и не знам дали да се радувам или не....чекам инфо од докторот, па ќе ви пишам пак.
Нивоата на hCG пониски од 5mlU/ml се сметаат за негативен тест за бременост и секое ниво повисоко од 25mlU/ml се смета за позитивен тест за бременост.
Срцка моја, ова го најдов на статија на Ринегараја. За ден-два повторно бета преку крв за да потврдиш! Насочувачки нивоа на hCG за време на бременоста hCG нивоа по недели од првиот ден на последниот менструален период (ПРМ), или во гестациски недели • 3 недели од ПРМ: 5 - 50 mIU/ml • 4 недели од ПРМ: 5 - 426 mIU/ml • 5 недели од ПРМ: 18 – 7 340 mIU/ml • 6 недели од ПРМ: 1 080 – 56 500 mIU/ml • 7 - 8 недели од ПРМ: 7 650 – 229 000 mIU/ml • 9 - 12 недели од ПРМ: 25 700 – 288 000 mIU/ml • 13 - 16 недели од ПМП: 13 300 – 254 000 mIU/ml • 17 - 24 недели од ПМП: 4 060 – 165 400 mIU/ml • 25 - 40 недели од ПМП: 3 640 – 117 000 mIU/ml • не бремени: <5.0 mIU/ml
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 2.3.2016 11:15:29 >
Фала ви женски, ќе видиме, само она што ми е чудно и што очекував повисока бета е што навистина стомакот ми е отечен и ме боли како балон, ептен ми се познава, а нели демек тоа знак за бременост било при ИВФ.....освен ако не сум толку многу подуена од хормоните што ги примам, иако претходно не сум била отечена за претходните ИВФ-а...но во ИВФ никогаш ништо не е сигурно, така што ќе видиме....
.....не знам што да мислам....ајде ќе чекам докторот насоки да ми даде и ќе ви пишам.....
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
Докторот ми рече честитки, бременост, повтори го тестот за 4-5 дена преку крв и продолжи со истата терапија....ама јас сум цела збунки, во грч, знаете како е, дури не се осигурам не се радувам.....кој не тргнал по нашиот пат, не знае.......