LoveableMe RR -> RE: Емисии, филмови и литература за ИВФ (12.2.2016 11:09:26)
|
"Д-Р ЛАЗАРЕВСКИ: Сѐ повеќе жени под 30 години треба да замрзнат јајце-клетки Уште со првите гинеколошки прегледи кај младите девојки треба да се прави и функционална проценка на резервите на јајниците, препорачува доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ во клиничката болница „Аџибадем Систина“, најуспешниот центар за ин витро во регионот. Неколку илјади нови бебиња создаде тимот доктори од Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ при клиничката болница „Аџибадем Систина“. Тие донесоа среќа во семејства низ целиот свет, на родители кои успеале уште од прв обид за ин витро, но и кај такви чија упорност ги терала одново и одново да се обидуваат додека не добијат бебе. Статистиката на Одделот за ин витро фертилизација (ИВФ) повеќе од една деценија е еднаква со светскиот просек - над од 12.000 циклуси, 4.500 живородени деца и клиничка бременост над 55 отсто. Доктор Слободан Лазаревски, шеф на Одделот за асистирана репродукција, човекот кој се радува исто колку и пациентките на секој позитивен тест за бременост, во интервјуто за „Телеграф“ предупредува дека кај сѐ повеќе и сѐ помлади пациентки се губат функцијата на јајниците. Т: Д-р Лазаревски, што покажува Вашето искуство, дали се зголемува бројот на брачни парови што бараат помош од современите медицински техники за да можат да имаат деца? - До пред неколку години, само тие што имаа финансиски средства можеа да користат асистирани репродукции. Методот е скап, една постапка заедно со третманот чини повеќе од 2.000 евра. Откако државата се вклучи во партиципирање за овие постапки, и луѓето што претходно не можеа да да си дозволат ваков третман, сега ја имаат таа шанса со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. Јас немам статистики ниту, пак, во државата се водат, дали е зголемен бројот на машки и на женски стерилитет. Од моето искуство, немам таков впечаток. Процентот на брачни парови што не можат да постигнат раѓање бебе, во одреден период со нивниот заеднички сексуален живот, мислам дека не е во нагорен тренд. Т: Дали се поместува во нагорна линија возрасната граница на жени што за првпат остануваат трудни? - Можеби, поради начинот на живот, поради ставот на жените подоцна да останат трудни, се зголемува возрасната граница кога одлучуваат да родат. Просекот кај нас е околу 37 години. Со зголемување на репродуктивниот потенцијал на жената, преку донирање јаце-клетки, донирање ембриони, се зголемува возраста кога жената може да стане мајка. Кај нас во „Аџибадем Систина“, највозрасната жена што роди со донирана јајце-клетка имаше 51 година. Инаку, со сопствени јајце-клетки, жени раѓаат и на 45-46 години. Но нема никаков ниту медицински ниту финансиски оправдан критериум, жените над 45 години да одат на оваа постапка со свои јајце-клетки. Т: Каков е соодносот на машкиот наспроти женскиот стерилитет? - Тој однос не е променет, 50 отсто е машки, а 50 отсто е женски стерилитет. Од познатите причини, некаде околу 15 отсто е идиопатски, односно стерилитет од непознато потекло, што исто така е индикација за употреба на репродуктивните технологии. Т: Одделот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ е лидер за ИВФ во регионот. Кои последни методи им ги нудите на пациентите? - Сите методи што се користат во моделите на репродуктивните технологии, ние ги нудиме. Сите современи центри се помалку или повеќе исто опремени, технологијата и начинот на работа се исти. Повеќе зависи од административните забрани или дозволи, односно од законот, кај нас Закон за биомедицинско потпомогнато оплодување. Нашиот Закон е можеби меѓу најлибералните во Европа, каде што речиси сѐ е дозволено, освен клонирањето. Пред околу една година се дозволи и сурогатмајчинство, кое го има во само две-три европски земји. Со тие можности што ни ги дава државата, навистина немаме ограничување. Тоа е една од главните причини што кај нас доаѓаат многу пациенти од Хрватска, БиХ, Словенија, многу од Србија, од западна Европа. Втора причина е што ние сме институција со големо искуство, повеќе од 15 години, и затоа сме лидери тука. Имаме околу 50 отсто од сите асистирани репродукции во државата, така што сигурно и тоа влијае да пациентите, особено од странство, се заинтересирани да почнат постапка за ИВФ кај нас. Т: Гинеколозите апелираат за сѐ повеќе млади жени што имаат функционални нарушувања, а кои водат до стерилитет. Има ли простор да се вклучи алармот? - Многу од гинеколозите грешат, зошто со секој почеток на контролите кај младите девојки, уште во адолесценција, покрај оние рутински постапки како ПАТ-тест и ултразвук, треба да се направи функционална проценка за тоа каков е капацитетот на јајниците. Со претпоставката за тоа каков би им бил репродуктивниот живот, можат многу од пациентките да знаат кога им е крајната граница да можат да раѓаат. Особено сега, кога имаме можност кај пациентки со намалена оваријална резерва (а такви се сѐ повеќе и сѐ помлади, кои немаат ни 30 години), барем ќе знаат за состојбата и ќе имаат шанса да ги замрзнат своите јајце-клетки за понатаму да немаат проблем со репродукцијата. Затоа мора уште од почетокот, со првите прегледи, да се прави проценка дали пациентката во догледно време може да ја изгуби оваријалната функција. Можеби кај нас се концентрираат такви пациентки, ама ние имаме сѐ повеќе девојки под 30 години што веќе немаат шанси да бидат мајки со сопствени јајце-клетки. Не знам на што се должи тоа, можеби на стресен начин на живот, можеби на опкружувањето од околината, за тоа треба да се направи сериозна анализа, но во секој случај има раст на бројот на такви пациентки. Т: Што препорачувате во такви случаи? - Препораката е што порано да се увиди дека имаат намалена оваријална резерва и да се пратат во установи каде што можат навреме да се замрзнат нивните јајце-клетки. Со тоа, кога ќе одлучат да раѓаат ќе може да се направи ин витро со сопствени јајце-клетки. Матичните гинеколози уште од почеток треба да имаат функционална проценка на резервите на јајниците. Ако пациентката, млада жена, има проблеми, ако јајниците ѝ се мали, и да дошла само за рутинска контрола, матичниот гинеколог треба да ја прати во центар каде што има услови да се направи комплетна проценка и да се замрзнат јајце-клетки доколку се укаже таква потреба." Извор: Телеграф мк
|
|
|
|