RE: Зад секоја успешна жена стои.... (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


sandriana RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (12.3.2015 20:31:15)

Edinstven prazen od vo denot mi e postiranje na ringeraja

niki, ова комплимент за РРаја,а? [sm=jezicek.gif]
Мала шала [sm=smiley36.gif]

И јас во принцип не праам никогаш само една работа, у принцип сум мулти таск, од проста причина што имам маана дека сакам ЈАС да си ги завршам работите како мислам дека треба, и тоа ми е маана.
Сега немам помош, но и кога би ја имала, мислам дека нема да знам да ја искористам, од моите бубачки у глава - да не ми е преречено, да не замарам некого и сл.
Поради сето ова, имам малку инакви приоритети во моментов, силум прилике, од тие што вистински ги самам. И поради ова не се чувствувам успешно онака како што би сакала навистина, како се гледам јас сама себе. Но, упорно ќе се стремам да се реализирам до таму.




niki -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (13.3.2015 10:30:10)

da da kompliment e [sm=smiley36.gif]

ne go smetam toa za multi tasking, tuku za izbor, mozes da mies sadovi i da slusas muzika, mozes da mies sadovi i da gledas vo bela tocka vo zidot pred tebe i da go pustis mozokot da luta bescelno, no toj seedno raboti ne e stisnat na pauza, a za da mies sadovi ne ti treba mentalen angazman i 100% vnimanie
mozes i da platis nekogo da ti izmie sadovi, da ja vrbuvas baba da ti gi cuva decata a ti da si reces polovina saat ke mizam i ke slusam muzika, sprotivno na toa pustas muzika pet minuti igras balet so deteto na muzikata sto si ja pustil, 15 minuti mies sadovi zenzas i mies sadovi dodeka so deteto smisluvas tekst sto ke odi so muzikata i potoa prodolzuvas i potoa uste pola saat igras balet so deteto i slusas muzika
sekoj so svojot model
i apsolutno sekogas da se vidi kako da si olesni covek
na primer smetam deka mnogu ke mi se skrati vremeto za domasni obvrski koga ke kupime masina za sadovi i za susenje i rabotam na slucaj da dojdeme do tamu, ne mi falat pari mi fali prostor
drugo nesto sto mi olesni e sto vo kujna i trpezarija nemam veke tepih, ni zime ni lete, nemoram da usisuvam, so metla troskite gi sobiram za 5 minuti, taka gubre ne mi se raznesuva po cel stan i ostatokot od stanot e dovolno da go usisam 1 do 2 pati nedelno i ova dva pati e retko
od april mesec gi vadam tepisite i od dnevna i od detska i usisivac upotrebuvam samo vo spalana i mnogu pobrzo i polesno se cisti, osven toa ne moram da mislam deka e nezgodno vreme za usisivac da ne gi razbudam komsiite




Kvisko -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (14.3.2015 16:54:41)

Јас само сакав да кажам дека сите имаме различни дефиниции за тоа што е успех. Мене на пример успех во кариера ми е постојано да напредувам да се надградувам и да не останам на истото ниво на знаење. Затоа и цел живот учам и одбрав професија во која морам постојано да бидам на штрек и да следам што се случува ново, да пишувам трудови, да истражувам.
Мене мултитаскинг ми е додека пишувам и работам нешто како на пример денес да успеам да смислам ручек што сам ќе се зготви малтене. Така што додека се пече рибата во рерна јас успеав еден прашалник да ставам на Google forms за од Понеделник да почне истражувањето.
За чистење имам жена што ми помага еднаш на две недели, за миење имам машина за садови која мораше да се вклопи во кујна на сметка на простор за чување работи.
За некого мултитаскинг е во исто време да пече колачиња, да прави ручек и да чисти.
Секој има различна дефиниција и за успех и за мултиаскинг и затоа прогласување пак тврдам дека има успешни жени во одредени полиња. Успешна жена на крај на краиштата е и таа што е задоволна од она што го постигнала и лично се смета за успешна.




vezilka RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (15.3.2015 18:34:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Јас само сакав да кажам дека сите имаме различни дефиниции за тоа што е успех



И јас тоа ќе го кажев. За мене успешна жена не е жена која во исто време работи нешто што не бара мозочен ангажман и таа за да не се досадува си додава и мозочен ангажман, каков и да е. За мене успешна жена е жена со успешна кариера, препознаена и признаена во својата професија. И затоа реков дека за тоа да го постигнеш ти требаат сите форми на помош кои сандриана ги спомена во првиот пост. Хихи и може ова survey monkey го измислила некоја жена за да може истражувањето да го напраи од дома додека комбинира со некоја друга работа. Мала шала, иако модерниве и текови и текако помогнаа повеќе жени да имат успешни кариери оти од дома се прават истражувања, па имаш скајп конференција, па предавање on line и сл.




sandriana RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (15.3.2015 19:26:34)

Да се надоврзам, те, да потсетам - прашањето за дискусија се однесува на успешна жена, ако истата ја дефинираме како вработена и истовремено напредува на работното место, или макар има достигнато одредена висока позиција или репутација, истовремено е добра домаќинка и мајка, како и сопруга и пријателка - односно, не и е запоставен ниту интимниот ниту социјалниот живот.
Не велам дека не е успешна и ако е само во некој период од животот посветена само на кариера, или само на семејство, но јас се осврнав на жената од статијата наведена во првиот пост.
Сепак, не верувам дека некоја сама може да достигне врв на сите полиња ако нема "тим" зад себе. Макар тимот да е логистика на домашните обврски и евентуално дадиљање.
А инаку, мој личен став, да откријам, дека е врв само по себе што сме жени, без разлика до кој степен сме на различните животни полиња [sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (15.3.2015 19:58:00)

Само уште ова да расјасниме [sm=jezicek.gif] Дали под добра домаќинка се подразбира сама да ги завршува домашните работи? И што се подразбира под добра сопруга? Да не го запоставува сопругот заради кариерата? Да не оди у кафана со другарки до доцна навечер додека сопругот ги чува децата? [sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (15.3.2015 19:59:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


А инаку, мој личен став, да откријам, дека е врв само по себе што сме жени, без разлика до кој степен сме на различните животни полиња [sm=smiley36.gif]


Поштујем [sm=jezicek.gif][sm=bravo.gif]




sandriana RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (15.3.2015 20:33:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Само уште ова да расјасниме [sm=jezicek.gif] Дали под добра домаќинка се подразбира сама да ги завршува домашните работи? И што се подразбира под добра сопруга? Да не го запоставува сопругот заради кариерата? Да не оди у кафана со другарки до доцна навечер додека сопругот ги чува децата? [sm=jezicek.gif]

Добра домаќинка- фрик да мисли дека најдобро си чисти сама по дома на пр. (ко ја [sm=smiley36.gif]) или да напраи по некој десерт за домашните 1 неделно, или да зготви здрав ручек неколку пати неделно и сл.
Добра сопруга - да исполни брачни дужности бар 1 неделно [sm=smiley36.gif], да го пушти мужето 1 неделно со другарите, да имаат време еден за друг бар 2-3 пати месечно...мислам, тоа е се [sm=smiley36.gif]




niki -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 10:53:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Јас само сакав да кажам дека сите имаме различни дефиниции за тоа што е успех



И јас тоа ќе го кажев. За мене успешна жена не е жена која во исто време работи нешто што не бара мозочен ангажман и таа за да не се досадува си додава и мозочен ангажман, каков и да е. За мене успешна жена е жена со успешна кариера, препознаена и признаена во својата професија. И затоа реков дека за тоа да го постигнеш ти требаат сите форми на помош кои сандриана ги спомена во првиот пост. Хихи и може ова survey monkey го измислила некоја жена за да може истражувањето да го напраи од дома додека комбинира со некоја друга работа. Мала шала, иако модерниве и текови и текако помогнаа повеќе жени да имат успешни кариери оти од дома се прават истражувања, па имаш скајп конференција, па предавање on line и сл.


a sto znaci uspesna kariera i prepoznaena i priznaena vo svojata profesija? i dali toa e nesto sto e apsolutna vrednost ili sepak i togas treba da se gradis i nadograduvas ponatamu

na primer pred 6 godini koga deteto mi bese 15 meseci trebase da rabotam 10 casa dnevno za imam finansiska nadoknada koja gi zadovoluvase moite obvrski potrebi i zelbi
sega 6 godini podocna zarabotuvam poveke od togas plus toa imam rabota so rabotno vreme od 7 casa dnevno plus rabotnoto vreme mi e prilagodeno potpolno na potrebite i vizijata koja ja imam za toa kako treba da funkcionira moeto semejstvo
i sega bidejki toa sum go postignala treba natamosnite obidi da gi posmatram kako mi e dosadno pa sega aj ke poucam nesto dodeka peglam
ne, vo realnot zivotot ne e taka, zivotot ne zavrsuva togas koga ke ostvarite 1 cel toj prodolzuva, novi celi se pojavuvaat, na primer za 10 godini ke treba deteto da go pratam na studii, za 5 ke bide tinejdjerka ke izleguva, ke pocne da se sminka isl. i kako ke go postignam seto toa ako od sega ne se stremam kon taa cel
a kako se stremam, taka sto i sega i ponatamu ke se trudam da bidam sekoj den pouspesna vo rabotata, ke ucam toa sto ne go znam sto dosega ne sum stignala da go naucam, za koga ke imam 45 ne me sutnat od rabota zatoa sto sum stara, tuku me zadrzat a za da me zadrzat mi ponudat i povisoka plata i podobri uslovi bidejki sum se dokazala kako rabotnik na koj moze da se smeta vo sekakvi uslovi i koj sto vo sekakvi uslovi gleda da napreduva
tesko e da te priznaat no uste potesko da ostanes priznaen, da ne zivees od stara slava, tuku odnovo i odnovo da te priznavaat bidejki odnovo i odnovo si gi iznenadil zatoa sto denes si podobar od vcera

i normalno deka koga veke izleguvas od doma ke ti treba nekoj na koj ke mu go ostavis deteto, normalno deka i mazot ucestvuva vo procesot, normalno deka kaj mozes i onaka kako mozes ke napravis da si olesnis
timot za koj zboruvate za nekakva si logistika ne e nesto samo po sebe dadeno i toa treba da se zaraboti, pa pred da pocnes da Imas dovolno za da plakas sekakva pomos ke moras prvo se sam i mnogu poveke da se angaziras za da stignes do tamu za golem del od obvrskite gi simnes od svoi pleki i gi natovaris na nekoj drug

inaku citajki go posledniot post na sandrina definitivno ne sum uspesna sopruga bidejki prvo i osnovno seksot ne go smetam bracna dolznost koja moram da ja izvrsuvam 1 nedelno, nitu pak smetam deka brakot go determinira samo imanjeto ili nemanjeto seks, ima vo nego i drugi celi koi si gi postavuvame, drugi vrednosti koi se isto taka vazni da se neguvaat,
a pak vreme samo za nas dvajca imame i premnogu, sekoja vecer od 9:30 koga ke go uspieme deteto do 11:30-12:00 dodeka nie da legneme e vreme za nas, nikoj ne ni preci moze da pravime sto sakame, sekako za da go imame toa trebase da gi napravime izborite prethodno da ziveeme sami i zivotot sami da mozeme da go odrzuvame vo sekoj pogled site obvrski podmireni, vo prevod da se okozime od rabota za da go postigneme i toa
od druga strana gledano i tuka potfrlame bidejki ako se mislese na 2-3 saati nadvor od doma sami za sto bi trebale da angazirame nekogo da ostane so deteto, a ne go pravime toa hm[sm=zmeden.gif]

kako god za mene uspesna zena e onaa koja se cuvstvuva kompletna na site polinja, zivotot ne se sostoi od 1 komponenta toj e zbir na razlicni zivotni polinja i na site treba da se dejstvuva ako stremez e uspeh, normalno vo razlicni zivotni situacii postojat i razlicni prioriteti pa nesto ke zanemaris za smetka na nesto drugo, sto ne znaci deka pak ne e celo




LoveableMe RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 13:06:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

За мене успешна жена е жена со успешна кариера, препознаена и признаена во својата професија.


Јас ова целосно го разбирам и мислам нема потреба од дообјаснувања, сите знаеме што е успешна и препознаена жена во својата професија. Е сега, ако го земеме најгорниот пост на сандриана и написот, ако веќе треба да идеализираме, успешна жена за мене е:

- жена која со труд и квалитет успеала високо да стигне на одредена позиција и да биде признаена и прочуена по квалитетот и начинот на кој работи/менаџира на работа
- има прекрасни деца воспитани, кои учат, немаат пороци и сл.
- има прекрасен маж со кого имаат љубов и разбирање (според нивни сфаќања, не на пример според мои...)
- добро и е организиран домот, семејството, одржувањето и сл.
- има време за рекреација, спорт, нега и убавина, време за со пријателките

Е за таа идеална слика, која тешко која жена може да ја исполни, не велам дека нема, но тешко е, а ако ја има, мора да има логистичка поддршка и секако разбирање, инаку е невозможно да се оствари....





Hopeful RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 13:12:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

- жена која со труд и квалитет успеала високо да стигне на одредена позиција и да биде признаена и прочуена по квалитетот и начинот на кој работи/менаџира на работа
- има прекрасни деца воспитани, кои учат, немаат пороци и сл.
- има прекрасен маж со кого имаат љубов и разбирање (според нивни сфаќања, не на пример според мои...)
- добро и е организиран домот, семејството, одржувањето и сл.
- има време за рекреација, спорт, нега и убавина, време за со пријателките



Потпис! [sm=bravo.gif]
Само што сакав да пишам мое сфаќање на тоа што е успешна жена, кога го прочитав од прво до последно. За мене не е најбитно да зготвам не знам каков ручек, или да направам којзнае што, туку да бидам среќна, задоволна и исполнета на оние полиња што мене лично ми се битни, и притоа не ги потценувам оние кои имаат други приоритети. Се додека изборот е свесен и совесен, а не наследен притисок од традиција или малограѓански очекувања, секоја жена е херој.




LoveableMe RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 13:15:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
Потпис! [sm=bravo.gif]
Само што сакав да пишам мое сфаќање на тоа што е успешна жена, кога го прочитав од прво до последно. За мене најбитно да бидам среќна, задоволна и исполнета на оние полиња што мене лично ми се битни, и притоа не ги потценувам оние кои имаат други приоритети.


Ок, и јас сакам да сум како таа што ја набројав, ама не сум. А таа што ја набројав, за мене е врв..... и не се сметам за целосно успешна (високи ми се критериумите[sm=smiley1.gif]), сум успеала на некои полиња, на други не сеуште, на трети можам многу повеќе..., но тоа е што е, мора да се работи за да се остварат и другите критериуми, колку што се може, нели?[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 13:42:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Само уште ова да расјасниме [sm=jezicek.gif] Дали под добра домаќинка се подразбира сама да ги завршува домашните работи? И што се подразбира под добра сопруга? Да не го запоставува сопругот заради кариерата? Да не оди у кафана со другарки до доцна навечер додека сопругот ги чува децата? [sm=jezicek.gif]

Добра домаќинка- фрик да мисли дека најдобро си чисти сама по дома на пр. (ко ја [sm=smiley36.gif]) или да напраи по некој десерт за домашните 1 неделно, или да зготви здрав ручек неколку пати неделно и сл.
Добра сопруга - да исполни брачни дужности бар 1 неделно [sm=smiley36.gif], да го пушти мужето 1 неделно со другарите, да имаат време еден за друг бар 2-3 пати месечно...мислам, тоа е се [sm=smiley36.gif]


Наведениве статистики се сеир на сметка на нас жените и балканската ни современа рамка на перцепција, генерализирано.

И нормално е дека секој различно се доживува и себе и своите очекувања и своите замисли за успех.

Само ќе се согласам со ники за постојаната потреба од прилагодување на сегашните и идни потреби свои и на семејството. Ми се допадна како го пренесе размислувањето.




Hopeful RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 13:42:16)

Апсолутно, списокот на Loveable Me е она кон што и јас се стремам.

Сега за сега сум поуспешна на некои полиња, на некои не баш (готвење и домаќинлук, кхм кхм), на некои немам поима како ќе се покажам (мајчинство), но во секој случај, се работи за динамичка рамнотежа помеѓу повеќе нешта што секој сам за себе ги одредува. На пример, мене стварно не ми е најбитно да бидам најдобра готвачка на светот, ниту пак дома да ми е се под конец колку што ми е побитно да поминувам време со децата, здравје боже, и да имам професионален успех.

А високи критериуми се за пофалба, според мене, тоа е она што не води напред [sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (16.3.2015 14:09:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Наведениве статистики се сеир на сметка на нас жените и балканската ни современа рамка на перцепција, генерализирано.


E баш така, на запад успешна жена генерално ја сметаат успешна во професијата, кај нас all inclusive и дома и на работа и со мажот и децата и све, ние треба да се расчеречиме да постасаме сегде. Затоа, зад тој успех е релативно кој стои зад секоја успешна жена, но секако најбитна е поддршката од сопругот и секако најблиските, ако може.[sm=smiley1.gif][sm=jezicek.gif]

Зад секоја успешна жена стои= сопругот+семејството [sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif][sm=smiley1.gif]




mamicki -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (22.3.2015 12:22:34)

Успешна е онаа жена која се чувствува добро во својата кожа, работи работи кои ја исполнуваат и се натпреварува само со себе од вчера. Не е успешна онаа која себе се става на крст за совршено да ги одигра сите социјални улоги што и ги наметнува општеството. Значи- зад успешна жена стои здрав ум, добро познавање на себе и љубов/почит кон себе.




kapina -> RE: Зад секоја успешна жена стои.... (22.3.2015 13:03:14)

Mamicki potpolno se soglasuvam so tebe
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Успешна е онаа жена која се чувствува добро во својата кожа, работи работи кои ја исполнуваат и се натпреварува само со себе од вчера. Не е успешна онаа која себе се става на крст за совршено да ги одигра сите социјални улоги што и ги наметнува општеството. Значи- зад успешна жена стои здрав ум, добро познавање на себе и љубов/почит кон себе.





Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]