Прашоци и детергенти за перење алишта (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


Melanija RR -> Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 13:11:42)

Сите искуства со прашоци и течни детергенти за машинско и рачно перење на алишта[sm=smiley1.gif]

Нилата ми е стандард за фини и нежни алишта за перење на рака. За џемпери и плетки разни користан течен Нила за шарени за машина. За сите други можни алишта за во машина користев Бонукс,но решив да менувам.

Колку поскап толку подобар?Ариел,Персил,или? Знае ли некој какви се топки за перење со течен детергент,бидејќи во мојата машина истекува надоле.Незнам дали каде што се слева е поделено или на секое зимање детергент да стојам пред машина?[sm=smiley36.gif]




Malecka23 -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 13:15:33)

Gi imam koristeno skoro site mozni detergenti.I da i persilot e ubav i ariel ama na kraj si se vrativ na Merix.Mnogu dobro pere i ima odlicna cena navistina.OD bonux ne sum zadovolna i od savex na pr ama zavisi i do masinata kaj mene mi se praveja grutki i ne mi rastvarase ubavo




AneLav RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 13:52:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Знае ли некој какви се топки за перење со течен детергент,бидејќи во мојата машина истекува надоле.Незнам дали каде што се слева е поделено или на секое зимање детергент да стојам пред машина?[sm=smiley36.gif]

Melanija RR за топка за перење алишта можеш да прочиташ во оваа тема ТУКА




LoveableMe RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 14:02:12)

Искрено, користев досега многу прашоци и моментално сум задоволна од Факс, квалитетно пере, со тоа што понекогаш остануваат грутки, не знам дали премногу ја трупам машинава со алишта.

Би сакала да купам од течниве прашоци за алишта, само се мислам кој, има еден Ариел течен, ако е добар, пишете препорака да земам и јас се интересирам за ова.




AneLav RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 15:57:43)

За бели Ариел закон ми е, а за децата бели со Персил сензитив експерт. Од течни за шарени и за црни алишта моментално перам со DERO капсули. Не се лоши ама не се ни нешто екстра ама убаво мирисаат дури не треба ни омекнувач. Инаку од течниве за црни и шарени имам користено, Первол, Вулајт, Нила , а најзадоволна бев од еден течен АБС турски, не знам дали го има по другиве градови овде го наоѓам во еден локален маркет и во ДОН маркет ама го нема секогаш.




lukajana RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 18:00:17)

И јас експериментирам нонстоп со прашаци таман ке речам овој е добар нешто нема да ми испере и ајде друг .Сега имам Мерикс и Первол течен за шарени а за бели Факс,а сум ги користела сите и обично ако начекам некој на акција купувам ако ми одговара многу не се врзувам еден и толку а и децава не ми се склони на алергии така што и нивните алишта ги перам со ист прашак само посебно од нашите




Defne90 RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 18:10:21)

Нон стоп експериментирам и јас.За среќа до сега не се случило да имеме некоја несакана реакција од некој прашок или тешен детергент.Моментално белите алишта ги перам со дуел а црните со нила течен детергент.Ама постојано купувам различни.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 22:18:15)

Ги гледав Факс и Дуел ммм се мислам

Јас секогаш користам еден прашок и за бели и за шарени,зошто ги двоите. Ок тие за бели се многу јаки ,ама еве конкретно Нила течен за шарени не го бива за нешто по прљаво, затоа сакам еден прашок за се. Уништува алишта ама да не ги прегледувам сите кога ги пружам на сушење [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (4.3.2015 22:24:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Ги гледав Факс и Дуел ммм се мислам

Јас секогаш користам еден прашок и за бели и за шарени,зошто ги двоите.............


Меланија, јас не ги двојам, имам еден прашок за се, а повремено перам црни со Персил за црни. Факс е квалитетен прашок на Хенкел, уште од времето на нашите мајки и стварно е добар[sm=bravo.gif]




Sunshine88 -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (2.11.2015 14:22:09)

Јас моментално користам Первол..и мн ми се допадна. А омекнувач Бохор, но во мат шишенце, не проѕирно како стандардните. Порано Орнелот беше супер, но сега веќе нит мириси нит ништо, а и некако како да ми го разредуваат. А и самиот прашок им дава убав мирис на алиштата.




marchi -> RE: Прашоци и детергенти за перење алишта (25.11.2015 17:11:57)

ne koristam tecen detergent,samo omeknuvac i prasok,a koga sme kaj tie raboti povekje omeknuvac stavam negoli prasak [sm=smiley36.gif]




Страница: [1]