LoveableMe RR -> RE: Сексуална врска со помлад маж - предности и недостатоци (6.3.2015 9:42:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Darko25 ..... Имено, имам долга врска која очекувам да заврши со брак и формирање семејство, но работите не се баш како што очекував. Во 2014 летото ми се случи една авантура со повозрасна жена од мене, јас имам 25, таа 39. Јас сум заљубен во девојка ми, убаво ми е, се е тоа како што треба, но после таа авантура да не речам, се вплеткав во неколку авантури со постари жени. Ве молам за мислење, мислам дека и покрај тоа што сум среќен со девојка ми, како да најдов некоја нова опсесија и повеќе мислам на флерт со постари жени, отколку да се посветам на девојка ми........ ИЗВОРНА ПОРАКА: Darko25 .......opsednatosta vo delot na toa sto go gledam kaj niv, a nemozam da go vidam kaj nea. Na primer, privlecnosta. Mislam deka ne bi mozel da se vljubam vo 40 godisna zena na primer, no zatoa vo delot na seksot, mi ostavila traga koja seuste nemozam da ja najdam kaj devojka mi.... Дарко25, дали девојка ти има претходно сексуално искуство и дали сте пробале да експериментирате во сексот? Дали и ти имаш претходно, пред да ја запознаеш девојката, разновидно сексуално искуство? Во врските со повозрасни жени, кои не се стари, но сепак повозрасни од тебе, ако имаш 25 да речеме како што ти е никот, се наметнуваат повеќе прашања зошто постои опседнатост со искусни жени. Обично во жената мажите ја бараат својата мајка, па доколку девојката е поповлечена, помалку решителна и сл., а мајката е доминантна која донесува одлуки, ги организира другите во семејството, тогаш секако може да се јави проблем во врската, бидејќи доаѓа до конфликт на очекувањата, иако потиснат, сепак е конфликт. Многу е важно да се запрашаш дали само сексот е тој што ти недостига со искусна жена или исто така ти е битно во неа да пронаоѓаш стабилност, одлучност, решителност? Ако е така, тогаш не те привлекува сексот со постара, туку нејзиното искуство генерално, не само сексуално и сигурноста, решителноста. Во случај да ти фали второто, подобро е да бидеш со девојка која има силен карактер, која е лидер, а доколку само сакаш ескпериментирање во сексот, тоа можеш да го направиш и со девојка ти, секако доколку е спремна на тоа. Одговори си на прашањата и ќе го најдеш одговорот[sm=smiley1.gif]. Ти посакувам решение![sm=smiley1.gif]
|
|
|
|