blue_blue -> Тест за нетолеранција на храна (27.3.2015 10:37:11)
|
Не знам дали темава баш припаѓа тука ама нека ја сменат админите ако има потреба. Ја отворам темава дека ова со тестов во последно време е изгледа модерно, па решив и јас да терам мода [sm=smiley36.gif] Ќе може да споедлиме искуства, повеќе за резултатите отоколку за самата постпака ама може и за тоа. Јас тестот го правев во Павлина зошто читав дека на доста луѓе им помогнало во слабеење (кога ќе си направат режим на исхрана што им одговара) и затоа што имам главоболки често и со години, па сакав да видам дали храната која ја внесувам има влијание. Исто така, имам забележано дека храна на база зеленчук и месо + млечни произоди и секак оовошје, манџи (леќа, грав, грашак, компир манџа посна) и ориз многу повеќе ми одговара отколку леб, макарони, пица, благо (торти итд) иако и овие од вторава група многу сакам да ги јадам. Па сакав да видам дали сево ова има и некоја научно објаснета логика. Инаку сум 0 негатив крвна група и за 0-та нели као највеќе одговара месо и зеленчук. За тестов имаше ваучер на Групер за лабораторија Павлина и цената беше 1.750 МКД. Инаку круѓат некои цени од 3.500 МКД, а во Адриа Лаб е 12.000 МКД и тестираат на 98 намирници. Овој во Павлина тестира 44 намирници. Лабораторијата не е нешто посебно, ама тоа не ми беше битно. Резултатот го добив на емаил и ми изгледаше крајно непрофесионален. Word документ пола латиничен пола кириличен. Немаше никаков коментар/наскои по однос на резултатот, освен енда штура табела во која пишуваше согласно реф вредонста што треба да се исфрли од исхрана во наредните 3 месеци, што да се јаде 1 недело, а што може да се јаде без никакви забрани. Заклучив колку пари - толку музика [sm=smiley36.gif] најверојатно во Адриа лаб даваат цел ферман и консултација имаш... Од резултатот излезе дека сум средно нетолерантна на боранија и соја кои и онака не можам а ги смислам и никогаш не сум ги јадела. Дека сум доста нетолерантна на глутен и сосем нетолерантна на глиадин. Ова глиадин прв пат го чув..од она што просурфав тоа е некоја компонента ала глутен. И она што уште повеќе ме збуни е дека не сум нетолерантна на р''жано брашно а јас колку што знам тоа има глутен. Исто така на нет како да ги поистоветуваат глутен и глидаин и малку ми е чудно како на глутен имам нетолерантност 3.0 (што е доста висока, но е сепак во границата), а на глидаин имам нетолерантност над 3.65 (тоа е реф вредноста, значи скроз сум нетолерантна на ова). Оние кои сте упатени дајте малку повеќе ако имате инфо за тој глиадин, кај го има во кои намирници и која е точно разликата меѓу него и глутен. Дајте ми идеи за безглутенски продукти – точно кои житарки немаат глутен/глиадин и може и тема да отвориме за вакви рецепти. Јас можам лесно да се откажам од леб, но би сакала некоја земна за со хумус или домажно песто на пример – оти некогаш ми треба и опцијата сендвич. Исто така ми треба и совет за некои макарони без глутен/глиадин и рецепти за домажен леб или кфли или нешто слично од бражно кое нема глутен/глиадин
|
|
|
|