Петок 13 (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> Петок 13 (13.11.2009 22:43:08)

Еве помина и тој ден..мене не ми беше ништо поразличен од другите, дури и на петок 13 ми се имаат случено мноооогу убави работи. Сепак некои веруваат дека е несреќен ден, дека тој ден треба посебно да се внимава. Како вие го доживувате петок 13, дали ви е само обичен ден во календарот и ли ви е Баксуз ден?




Еца -> RE: Петок 13 (13.11.2009 23:24:24)

Она во што силно веруваш тоа доаѓа, така да оние кои веруваат дека петок 13 е баксуз ден, таков и ќе им биде. Нормално чекаат на некој подсвесен начин да им се случи нешто и тоа си доаѓа. Барем јас така гледам на работите. Најобичен ден, исполнет со сите обврски како и сите други денови. Мисли позитивно, смеј се и кога ти се плаче, животот и не е така лош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




delfinka -> RE: Петок 13 (13.11.2009 23:28:52)

licno za mene sekoja godina koga se pogoduva petok i toa 13 mi e dosta ubav den
denes mi bese isto ubav,ispolnet so prosetki,sredbi i podnovuvanje
mislam za ovoj mit samo prikazni se pletat




Викторија -> RE: Петок 13 (13.11.2009 23:40:43)

јас пак воопсто несе ни сетив дека е Петок 13.Ама колку убаво си поминав овој ден за разлика од изминатава недела[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].неверувам во вакви работи.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image]




Rossana -> RE: Петок 13 (12.4.2010 19:12:10)

Za nekoi Petok 13 e baksuzen den... no jas GO SAKAM PETOK 13[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]. jas i moeto milicko sme zaedno od 13.02.2009-Petok[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Петок 13 (13.4.2010 14:58:37)

еве јас собракајката ја имам правено на петок 13 али не го сметам како малерозен ден туку како еден обичен дехн како и сите други тоа што мора да се случи ќе се случи без разлика кој ден е тоа е мое мислење...




arh_diz -> RE: Петок 13 (13.4.2010 15:05:32)

Za mene dosega Petok 13 e kako sekoj obicen den , A nekogas i neprimetuvam deka e Petok 13




Mihaela 2010 -> RE: Петок 13 (13.12.2013 10:32:53)

Denes e petok 13
Go smetate za nesto poseben denov???
Mene pretezno ubavi raboti mi se slucuvale, ednas u avtobus se vozev i eden patnik mi se vrti i mi dade cvekjence deka sum impala ubavi oci[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 10:40:12)

Да не ја видев темава - немаше ниту да се сетам дека е Петок 13 [sm=smiley36.gif] Иако цело утро пишувам датуми, и на Т и утрово реков дека е петок и уште денес е во градинка, па 2 дена одмор дома, ама на крај памет дека се поврзани :)
АКо не го исперцепирам денот како денес, не ми минуваат никакви мисли низ глава, ама ако знам дека е баш тој ден, ќе ми проработат малку суеверни пеперутки низ стомак.




niki -> RE: Петок 13 (13.12.2013 10:40:52)

[sm=smiley36.gif] epten, da ne pisese komentar nemase ni da znam deka e denes baksuzniot den[sm=smiley36.gif]
edinstveni spomeni mi se muabetite okolu vakvite denovi, ne pomnam ni nesto ubavo ni loso da mi se slucilo
obicen den




mommy_angels RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 10:42:26)

Еве зошто се дружам со вас [sm=jezicek.gif], да не бевте вие немаше да приметам дека е петок 13 [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Ма не ми значи ништо,ни по добро ,ни по лошо
Се надевам така и ќе остане




Bethany -> RE: Петок 13 (13.12.2013 11:22:07)

еве петок 13 (и јас сега дознавам) да го запишам бидејќи чудо се случило. [sm=smiley36.gif]
Син ми спише до 10 [sm=smiley22.gif], сто пати го погледнав да видам дали дише, од што ми беше чудно, никогаш се нема случено.




Snowhite RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 14:00:06)

Јас на петок 13ти почнав да работам во оваа фирма каде што се уште работам, дали е добро или лошо кој знае[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку денеска на директорот му спремав некои документи за Скопје за важен состанок и ги заверувам и прво ми рече да ги заверам на денешен датум и кога пишував му кажувам дека е петок 13ти и ми вика, ее ај 12ти пиши. Као не сум суеверен, ама сепак важна работа е ова да не баксузираме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Defne90 RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 14:17:11)

Nitu mene ne mi znaci nisto znaci voopsto ne sum sueverna koga stanuva zbor za takvi raboti petok 13 obicen den kako i site.Ijas nemase ni da zabelezam deka deneska e 13 da ne procitav na rorumot.




AnnaMolly RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 15:40:58)

Како за „баксузен“ ден, баш убаво ми помина денешниов петок 13. Зедовме плата, ни кажаа дека ќе не носат на новогодишна прослава од работа :) Башка петок, крај на работна недела. Убавини!
Филип ми е роден на 13 (до душа недела ден беше кога се роди) ама следниот роденден му се паѓа баш на петок 13 и сигурна сум дека и без разлика на тоа супеееееееер ќе си поминеме :)




mama_06 -> RE: Петок 13 (13.12.2013 16:50:31)

Мене петок 13 ми е најсреќен. На 13.09.2013 ми се роди второто синче,беше петок и еве денес пак петок 13 и ми полни 3 месеци. Уште породилно да имаше пуштено,кој е како мене.




Felly RR -> RE: Петок 13 (13.12.2013 18:29:08)

И јас ете воопшто не се сетив дека е петок 13. Не обрнувам внимание на такви работи и не сум суеверна.




AneLav RR -> RE: Петок 13 (14.12.2013 9:37:39)

Мене секогаш ми бил среќен ден, ете мажле ми купи машина за садови, ама денес пишувам бидејќи вчера немав време[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Петок 13 (14.6.2014 0:31:11)

Сите тајни на петок 13

Митовите околу петок 13-ти може да ги доживееме како пропаганда, маркетиншки трик, празноверие или можеби непобитен факт. Фобијата од овој ден има и научен израз параскаведекатриафобија, а особено е интересно дека 15 проценти од научниците признаваат дека се плашат од тој ден.

Оваа година петок 13-ти доаѓа во комбинација со полна Месечина, па астролозите велат дека ваквата појава е навистина „баксузна“.

„Овој петок, Месечината ќе биде во Стрелец, што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе копнееме да добиеме три милиона на лото, но секако, нема ниту да отидеме да уплатиме ливче, а потоа во весниците ќе прочитаме дека некој извлекол седумка. Голем малер ќе ги зафати сите“, може да се прочита на интернет страниците за астрологија.

Без разлика дали верувате во астрологија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина влијае врз душевната состојба, само што за тоа не сме ни свесни ако претходно не прочитаме дека таа ноќ Месечината била полна. Се верува дека Месечината во периодот кога е полна, предизвикува голема агресивност во човекот, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за полната Месечина.

Суеверните луѓе му придаваат големо значење на „баксузниот“ петок 13-ти, па така се придржуваат до некои ритуали на овој ден и веруваат во некои факти. Ова се дел од нив: никогаш не ја менувајте постелнината на тој ден бидејќи ќе имате ноќни кошмари; не ги сечете ноктите бидејќи носи тага; осумдесет отсто од облакодерите во светот немаат 13-ти кат; аеродромите немаат 13-ти излез; хотелите и болниците немаат соба со број 13.

Уште неколку факти говорат за „застрашувачкиот“ петок 13: многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок, во Формула 1 не постои болид со бројот 13, имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper,John Wayne Gays, Charles Manson, Jeffres DahmerЈеффрес, Theodor Ted Bunds, поранешниот претседател на САД, Френклин Рузвелт одбивал да патува на тој ден и никогаш не канел 13 гости на вечера. Според некои толкувања на мајанскиот календар, крајот на светот ќе биде на 13.13.13.13.13.13.13.0.0.0.0. или според Грегоријанскиот календар на петок 13-ти октомври 4772 година.

Научникот и математичар од универзитетот Делвер, Томас Фернслер во својот натпис во Национална географија пишува дека бројот 13 го смета за несреќен само поради тоа што доаѓа по 12. Бројот дванаесет има традиционално значење. На пример, дванаесетте месеци од годината, дванаесет богови од Олимп, дванаесет знаци на зодијакот и дванаесетте апостоли на Исус. Тринаесет е само еден број по дванаесет и е само симболичен чекор кон лошото.

Според библиското и историско верување бројот 13 носи несреќа бидејќи на последната Исусова вечера имало 13 гости, и Велики Петок постоел затоа што тоа е денот на распнувањето на Исус. Јуда бил „тринаесеттиот” апостол, а тринаесеттото племе на Израел било единственото племе кое останало без сопствена земја.

Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

Во норвешката митологија, пак, богот Один и неговите 11 најблиски пријатели се собрале на забави и си поминувале убаво сé додека Локи, богот на злото и немирот, не се појавил непоканет, како тринаесетти гостин. Според легендата, богот на уживањето Балдер, се обидел да го исфрли Локи од куќата, а за време на препирката, го погодила смртоносна стрелка од имела. Балдер е убиен, а Земјата била обвиткана со темнина и смрт.





mommy_angels RR -> RE: Петок 13 (14.6.2014 0:36:04)

Си отиде и овој Петок 13 и морам да кажам ,баш ми беше среќен,спиев дури два часа на пладне [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif] Празник за душа [sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Петок 13 (14.6.2014 0:38:57)

Мене ми почна убаво,и цел ден си бев расположена и среќна и се ми одеше онака подмачкано што се вели.И таман си реков отиде и овој петок 13 кога го бакнувам синко онака на чело и гледам топол.Мерам температура испаѓа дека качил.И толку од сречниот петок 13.Е сега и сабота 14 ќе ми биде уште помачна ајде на лекар наваму натаму ама тоа е тоа.[sm=smiley13.gif] А врмево топло си викам како успеа сега да се разболи,ама малер бе страшен е тоа изгледа.[sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Петок 13 (14.6.2014 0:41:22)

Никогаш ништо посебно ниту лошо не ми се случило на петок 13 и така нека остане.Ако не лсушнам на тв или читнам низ нет нема ни да приметам дека е [sm=smiley36.gif]за ова не сум суеверна [sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Петок 13 (27.11.2014 10:26:13)

Nikogas Ne sum bila sueverna.Nitu sum zapamtila deka nesto loso mi Se slucilo na ovoj datum.Taka petok 13 za mene e samo obicen den,so obicna cifra[sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Петок 13 (13.2.2015 14:25:22)

Кој незнае сега знае .... денес е петок 13ти [sm=smiley1.gif] ако нешто ви се случи ете до денот е




AneLav RR -> RE: Петок 13 (13.3.2015 10:11:21)

И денес е Петок 13-ти , за мене како и секој обичен ден, понекогаш дури и многу среќен. Сите испити што ги имам полагано на петок 13-ти ги имам положено од прва[sm=smiley1.gif]. Не сум била никогаш суеверна за ништо ниту пак за петок 13-ти. Ова го најдов на интернет само копи пасте му направив:-)
Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:

1. Се смета дека Ева му го понудила јаболкото на Адам во петок, и дека смртта на Абел била токму во петок.

2. На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.

3. Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.

4. Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.

5. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.

6. Петок заедно со бројот 13 биле свети за норвешката богиња Фреја. Христијаните кои имале за цел да го забранат нејзиниот култ, верувале дека овој ден претставува несреќа.

7. Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.

8. Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972.

9. 13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.

И можеби најзастрашувачката приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:

- Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.

Останати факти:

Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.
Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.
Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.
Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.
На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.
Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted)
Bundy.

Извоρ: Цρно бело




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>