Домашна работа во градинка (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Snowhite RR -> Домашна работа во градинка (11.5.2015 21:30:40)

Мислам дека досега немаме ваква тема, а ме поттикна еден разговор со една рингерајка.
Дали на вашите деца им даваат домашни во градинка, од што се состои истата? На кој начин ви ја кажуваат, во смисла дали учителките ви кажуваат или тие им кажуваат на децата, па тие ви пренесуваат на вас. Се разбира кога пишувате на оваа тема убаво е да напоменете и колкава е возраста на детето, односно во која група оди во градинка




vezilka RR -> RE: Домашна работа во градинка (20.5.2015 12:27:59)

Ние не сме имале домашна до сега. Барем не во класична смисла. Еднаш два пати ни рекоа да поработиме со децата на некои песнички кои ги спремаа за претстава и тоа е се. Мислам дека тоа е повеќе до принципот на работа на самата учителка. Лани учителката секој месец на огласна табла вадеше тема на која ќе работат и со по некоја песничка и цртежи на таа тема, па ние можевме и дома да работиме на истите теми. Годинава новава учителка поима немаме што работи. Од друга страна па мислам дека се мали (барем Никола, тој е претпоследната група) за класични домашни. Единствено што моше е да ни посочи учителката каде сме послаби, па на тоа да работиме дома. На пример, цртање, или учење песнички, било што таа ќе забележи дека послабо ни оди.




Felly RR -> RE: Домашна работа во градинка (20.5.2015 13:11:37)

ние сме во голема група, последна година и имаме баш прилично домашни задачи. На пр. прво по математика - се она што го работат таму, го работиме и дома, пр. ориентација во простор - дрво, и горе има птица, долу лист, или лево-десно, напред назад и сл се преку цртеж еднаш таму еднаш дома. Сега веќе при крајов почнаа со бројките и пишуваат по една страна, преку едно квардатче, пр бр 1 на цела страна. Сега се стигнати до 8. Македонски - веќе ја трошиме втората тетратка за почетно пишување, и прво почнаа со цртички - права, закосена, свиткана... па буквите, и до сега ги имаат пишувано а, м, и, у, т, с, ѕ, п, т, н, е, о, б, да ми беше тука тетратката ќе ви наброев точно, сигурно некоја имам пропуштено. во градинка пишуваат цела страна, и за домашна пак цела страна. Некои букви ги вежбаат и малата и големата.
Тоа за приредба - стандард - дома учиме песнички, драматизации... и плус што од време на време треба нешто за лепење да однесеме - кога учат за животни, овошје, заленчук, простории во домот и сл.

Кога имаат домашна, тетратките им се извадени надвор, над шкафчињата и тие сами си знаат што треба бидејќи претходно го работеле истото.




mommy_angels RR -> RE: Домашна работа во градинка (20.5.2015 13:18:31)

За ова јас првпаат слушам,ама со оглед на тоа дека учителката ја запознав сосема случајно,во ходник(никогаш не се појавува на земање и носење деца) ,не ме ни изненадува дека не ни дава ни домашни.Ама моево детуле е мало,3 год. па може е и рано




blue_blue -> RE: Домашна работа во градинка (20.5.2015 13:52:38)

очигледно има тотална неусогласеност на програмите од град до град. Јас во Скопје од никој не сум чула дека неговото дете имало домажна во градинка, а ни моите немаа во 4 години што одеа во градинка. Искрено не ја ни гледам поентата на имање домажна во градинка, а посебно не на учење на истите работи кои ќе се учат во прво одделение и уште повторување на тие по дома. Децата може да создадат лажна слика за леснотијата и досадата во училиште зошто прво одделение (со овој начин на работа кој погоре го опишала Фели) ќе им биде репетитивно со последната година од градинка. Кај нас ни во прво одделение немаше домашни и наставничките рекоа дека по програма не е предвидено да даваат домашна во прво одделение дурни го употребија зборот - забрането е да им даваме домашна. Бројките ги вежбаа пишување дури после 1 месец од кога тргнаа во прво одд, а буквите со пишување (прво линии а сега и цели букви печатно) почнаа да ги работат на средина на март - значни на пола од второ полугодие. Дали е ова соодветна наставна програма нема да коментирам, ама дефинитвно не ја разбирам градинкава со својата програма и со домашните што е тотално неусогласено со школскава програма




sandriana RR -> RE: Домашна работа во градинка (21.5.2015 22:10:06)

Т е мала група, но сепак од контакт со родители од поголемите групи не сум слушнала дека добиваат задачи за дома.
Единствени задачи ако може така да се наречат се оние за изработка на одредени предмети по повод базари и слични работилници на кои родителите не секогаш може да присуствуваат, па ги припремаат од дома ракотворбите.




Felly RR -> RE: Домашна работа во градинка (22.5.2015 11:23:59)

Ма не само од град до град, туку и од градинка до градинка има неусогласеност. Програмата е таа, ама секој воспитувач може да ја реализира на различен начин. Нашево свесна сум дека е премногу, посебно за буквите знам дека во прво почнуваат дури второто полугодие на училиште, и затоа не сум ни баш сигурна дека според програмата во градинка им е предвидено пишување на букви. Ама па се тешам дека барем кога ќе почне на училиште ќе има веќе стекнато навика па ќе и биде полесно со домашните.
Инаку во однос на домашните на училиште, не може да им биде забрането да даваат, но има одредени упатства кои треба да се почитуваат, и тоа за прво, второ, трето одд домашната не смее да одзема повеќе од 30 минути. БИ требало да изнесува 10-30 мин. Единствено ако децата посетуваат целодневна настава, па тогаш сите задачи би ги извршувале на училиште.




Страница: [1]