Синдром на пролетен умор! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


mommy_angels RR -> Синдром на пролетен умор! (20.5.2015 7:58:51)

Нетрпеливо ја очекувавте пролетта, а сега, кога упорната зима конечно се предаде, се чувствувате исцрпено, безволно и немате сила да ги извршувате...


...вообичаените активности, а камоли да уживате во првите топлите сончеви денови.

Тоа се симптоми на пролетниот умор, од кој според некои проценки, од година во година страда секој десети жител на планетата.

Оваа состојба е последица од начинот на живеење во текот на есента и зимата. Премногу мрсна и тешка храна, нередовно земање на витамини и минерали, премалку сончева светлина и физичка активност доведуваат до пад на енергијата.


Особено е важно да не го прескокнувате појадокот. Во ендостаток на време, за ужина ќе ви користи и некое свежо овошје. Уморот најдобро го отклонува витаминот Ц, па јадете киви, портокали и лимон, исто како во зима.

Сокот од лимон или портокал користете го и за преливање на салата од овошје и зеленчук. На вашата трпеза нека се најдат и пиперката и магдоносот кои се особено богати со овој витамин.

Бирајте и намирници богати со растителни влакна, како што се јаболката и мешункастите растенија, а супата или чорбата нека ви бидат неиазоставен дел од ручекот. Тие ќе ви обезбедат доволно течности, минерали и витамини.

Во борбата против умор идеална е рибата. Поновите истражувања покажале дека исхраната богата со риба делува стимулативно на процесите во организмот и му пружа дополнителна енергија.
Важно е да пиете доволно течности, најмалку литар и половина дневно. Водата ќе ви помогне да го регулирате варењето и побргу да ги ослободите насобраните токсини, при што се намалува чувството на умор.

Во водата можете да исцедите малку лимон, што дополнително ќе ве освежи, а корисна е и минералната вода која ќе ви го избалансиа нивото на минерали во организмот.
Избегнувајте го кафето, црниот чај и газираните напитоци. Иако од почеток ќе ви изгледа малку напорно, потрудете се редовно да шетате, да возите велосипед, да трчате.... односно да се знаимавате со спорт. Тоа на вашето тело ќе му даде повеќе кислород и повеќе енергија.

Извор: Црно Бело




mommy_angels RR -> RE: Синдром на пролетен умор! (20.5.2015 8:21:14)

По моја стручна проценка [sm=jezicek.gif],мене ова ме фати.Немам сила ни да сработам нешто по дома,ниту пак да посветам внимание на маже [sm=jezicek.gif].Ми фали сила и енергија мноооогу.Еве овде прочитав многу корисни совети.А некој од вас со лично искуство?
Помагајте жени или доаѓајте на пеглање и чистење кај мене [sm=smiley36.gif]
А за мм да не зборувам.Ако не превземам нешто ,ќе си најде швалерка.И тоа заслужено,па калуѓер да беше,ќе попуштеше




Bea -> RE: Синдром на пролетен умор! (20.5.2015 8:55:30)

mommy_angels, јас во овој мод бев едно месец-два сигурно [sm=smiley1.gif].
Немав ни сила ни волја за ништо. Едвај станував на сабајле - со 15 пати snooze на телефонот, од работа доаѓав дома како претепана и само гледав да прилегнам на тросед. Домашни работи фаќав кога ептен немаше каде... И ми се смачи од самата себе и еден ден реков - ова мора да престане.

Не дека сега сум супермен :) ама се променија работите. Генерално ги правев работите што ги имаш и самата споделено во постот погоре.
Од исхраната најголема промена ми беше воведувањето на смути напитоци наутро. Кај нас мм е задолжен за тоа и секој ден пиеме 0.5 литар најразлични комбинации (банана, киви, авокадо, спанаќ, дур немаше купувавме смрзнати јаготки, малини, сега веќе ставаме свежи, ставаме сок од портокал, лимон, цитрон, цвекло, морков...) На комбинациите навистина им нема крај. Најнормално ручам, пијам кафе, каснувам и благо, гледам само да не јадам после 20:00.

И врапчињата знаат дека треба да се пие околу 2 литри вода дневно, ама јас едноставно вода не пиев. Литар, едвај. И од недоволно течности ми паѓаше притисокот, ми се спиеше, малаксував. Најважно е ОРГАНИЗМОТ ДА БИДЕ ХИДРИРАН. Најновото откритие ми е сега од пред две недели. Заради хиперстимулација во процесот на IVF морав да внесувам огромни количини на изотонични напитоци и електролити. Од нив имав многу поволно влијаније на организмот и тоа како се чувствував, па сега од време на време земам по една кесичка (1 чаша) електролитен напиток.

Сега е убаво времето и голем е денот. Секој ден шетаме со мм. Не е кујзнае каква активност, ама во споредба со излежавање пред ТВ - одлична е.
И мораш самата да се тераш некако, да се мотивираш. Денес едно, утре друго - ќе тргне работата.

Значи од мое искуство, овие неколку совети. Не е ништо посебно, само треба континуирано да се применува.

А верувам и сутуацијата со мажле ќе се промени :)




vezilka RR -> RE: Синдром на пролетен умор! (20.5.2015 12:37:31)

Мене па напротив, напролет ме фаќа елан за се. Овој период, напролет куќата ми „свети“ како никогаш. [sm=jezicek.gif] Зимно време немам волја за ништо. Туку пусто друго ме мачи мене, ја стварно немам време се да завршам што имам на ум а богами и у „роковник“. Не е до пролетта, сум си зела преголем залак, или имам проблем со менаџирање на времето. [sm=smiley36.gif] Уствари мислам дека 15 саати рмбање, ( што е просек на една жена)што на работа, што по дома, што со деца, богами ќе ти снема сила.




lukajana RR -> RE: Синдром на пролетен умор! (20.5.2015 22:38:49)

Мами и мене ме фатила твојата болест,викаат се викала мрза ама јас не им верувам ништо не разбираат[sm=smiley36.gif].
Ништо не ми се работи и се пополека и на рати сработувам а што е уште поинтересно колку повеќе работа имам толку помалку ми се работи.
Чудна некоја болест[sm=smiley2.gif]




mommy_angels RR -> RE: Синдром на пролетен умор! (21.5.2015 8:05:49)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Мами и мене ме фатила твојата болест,викаат се викала мрза ама јас не им верувам ништо не разбираат[sm=smiley36.gif].
Ништо не ми се работи и се пополека и на рати сработувам а што е уште поинтересно колку повеќе работа имам толку помалку ми се работи.
Чудна некоја болест[sm=smiley2.gif]

Хехехех мрза,каква мрза ти се молам,гледаш луѓето се изнамачиле да измислат современо име,ти па мрза [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Синдром на пролетен умор! (21.5.2015 10:13:56)

Јас сум приметила дека, а дојдам дома, веднаш ручам и седнам да пијам кафе,одма клапнувам и не ме бива за ништо... Има лек и за тоа...
Доаѓам дома, веднаш ручам ( бидејки сум на диета и едвај чекам да дојде ручекот ) и после ручекот, станувам и веднаш почнувам со средување по дома,.. Прво кујната ја фаќам, средувам што сме ручале, па средувам купишта алишта што керками ги исповадила од плакари додека си дојдеме ние од работа, пуштам машина за перење, пуштам правосмукалка, бришам прашина, собирам алишта и после, на раат си клапнувам...И уште ако треба на зумба да одам, супер ми доаѓа.Е кога ке се вратам од Зумба, за ништо не ме бива [sm=zmeden.gif] се туширам, пружам алиштата што се испрале и се комирам [sm=smiley36.gif] Е некогаш сево ова го правам пред да седнам да ручам и после ручекот си клапнувам на раат... И до вечерта пак децава направиле хаос [sm=zmeden.gif]
Најголема мрза ме фака ако ручам и одма заседнам, е тогаш и кранови не ме дигаат... [sm=zmeden.gif]




blue_blue -> RE: Синдром на пролетен умор! (21.5.2015 14:02:30)

е баш ова ме има фатено последниве 2 недели....абе ништо не ми се прави и само ми се спие...си викам кај да е ќе помине....




bucko mal -> RE: Синдром на пролетен умор! (24.5.2015 13:14:15)

Jas na prolet odlicno funkcioniram.Sakam sonce,svetlina I bash poradi toa cela sum polna so energija. Ama zatoa na zima,kako sto rano se stemnuva taka mene mrak na oci mi pagja.
Na primer denes,imashe sonce I dodeka nie izlegovme se skri,zaduva veter I tolku od shetanjeto. I sekako deka ke se cuvstvuvam umorno, cel den vo kujna okolu shporet.




Страница: [1]