Маша и мечето (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Собирање



Порака


mommy_angels RR -> Маша и мечето (24.5.2015 7:49:09)

Како и повеќето деца во последно време ќерка ми е заразена со Маша и Мишка.Покрај ситни фигурки,големи кукли Маша,сликовници,гардероба со Маша принт итн го купивме и албумот со сликички.Претпоставувам дека и многумина други го имаат,па овде имаме можност да дискутираме околу тоа




LoveableMe RR -> RE: Маша и Медо (26.5.2015 12:10:34)

По цртаниов побудалеа деца од најмала до школска возраст, а покрај цртаниов да не зборуваме за куклите што се продаваат во Култура, но и за албумот со сликички кој се продава по супермаркетиве, ако не сум мајка, по теткинска и друга линија банкротиравме по давање пари џепарац за сликички[sm=smiley36.gif].

Мене лично многу ми се допаѓа зошто е поразличен од американскиве цртани, нема насилство некое да речам големо, повеќе се сведува на игра, Медо е многу педантен уреден се по дома средува, прави зимници, а Маша е палавата која све му растура расипува, но секогаш на крајот наога начин да му компензира за направената беља. Е сега за бељите на Маша не знам децава како ќе сфатат, ако земат да ги копираат ќе биде смешки.

Инаку цртанот со некои детали кои се нацртани ме потсеќа на детството, бидејќи со Русија имавме многу сличности порано, па можеби и денес.

Мами, не напиша како ќерка ти реагира на цртаниот, дали сака да ги прави истите работи како Маша, дали ја имитира и сл.?[sm=smiley1.gif]




Gari68 -> RE: Маша и Медо (26.5.2015 13:28:49)

И Теодора ги гледа и тоа веќе една година,случајно ги најде на Youtube и ги изгледа скоро сите епизоди.Ама тоа не ја спречува сега пак да ги гледа кога ги даваат на Сител и еден сателитски канал кој го имаат на репертоарот Телекабел.
Се сеќавам дека лани пред да заминеме на одмор симнав 10 епизоди на мобилниот за да има занимација попат да си гледа.Се разбира сега имаме и албум со сликички може да падни е некоја размена на сликички со некој член на РР од Велес




Ilina87 -> RE: Маша и мечето (26.5.2015 13:31:26)

Син ми има 20 месеци, а Маша почна да ја гледа од година дена. Буквално ја обожава, не трепнува дури се емитува. Само тогаш може да доседи на едно место.
Во секој случај интересен цртан, дури и јас знам да се загледам [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Маша и мечето (26.5.2015 18:53:42)

Ние сме повеќе фанови на „Миа“, па и тој албум го купивме, ама некако слабо оди со сликичките, ретко ги има по маркетиве, за разлика од Маша. Додуша и по цена се разликуваат, па може затоа овие од Миа поретко ги има.[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Маша и мечето (27.5.2015 11:22:35)

За чудо и Никола се рарази со Маша, и тоа од скоро. И чудно ми е бидејќи по содржина се разликува од цртаните кои тој ги гледа. Сега мислам дека нема да помине ден, а тој да не си пушти Маша барем по некоја епизода. Па ги раскажува после. Сликички купивме и ние, ама Јосиф ни го искина и албумот, и сликичките, па останавме на тоа [sm=jezicek.gif].




Melanija RR -> RE: Маша и мечето (27.5.2015 14:26:37)

Веќе цел месец (М има 21месец) сме дома навлечени на Маша и Медо [sm=smiley36.gif] од јутјуб ги симнав сите 50 на оригинал руски.И мене ме потсетуват на детството на руски цртани филмови и бајки[sm=smiley14.gif]

Туку нели на 6 или 7 јуни ќе има претстава во МОБ? Ајде инфо карти што и како[sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Маша и Медо (27.5.2015 14:56:04)

Мами, не напиша како ќерка ти реагира на цртаниот, дали сака да ги прави истите работи како Маша, дали ја имитира и сл.?

Маша е правена по ќерка ми [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Се што ќе кажам не слуша и од белја во белја оди.Може дека ја гледа од неполна година до денес [sm=smiley24.gif].Се шалам детево ми е од оние деца што бираат игра,трчање и скокање пред телевизија или компјутер.И баш ми е мерак дека ја бира Маша наместо оние новите полни со насилство цртани.Е дали ќе имитира што прави Маша,па и не ми е толку важно,секако Маша може да учи од моја "Маша" [sm=smiley36.gif]
За сликички кој собира, кажувајте,има за менување




lukajana RR -> RE: Маша и Медо (27.5.2015 23:12:59)

Л ја гледа Маша долго време на интернет а и сега со превод му е уште поинтересна,а Ј само гледа ако има музика,многу не е заинтересирана за цртани ,повеќе досаѓа отколку што гледа[sm=smiley1.gif]




vanessa30 -> RE: Маша и Медо (3.6.2015 12:28:13)

zenski da ve prasam dali znaete ova pretstavata sto ja organiziraat so Masa i medo, za kolkava vozrast na deca e???? Koga se odrzuva vo Skopje (mislam deka bese 17 juni ama ne sum sigurna) kolku e vleznicata i kade ke se odrzuva.

Pozdrav i ve molam pratite info




lukajana RR -> RE: Маша и Медо (3.6.2015 12:38:30)

Претставата во Скопје се одржува на 7 јуни во 12:00 во Македонската опера и балет,влезниците се 150 ден со подарок боенка од Маша и медо,е сега за возраста ти најдобро си го познаваш детето и знаеш дали ке седи[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Маша и Медо (3.6.2015 14:47:49)

Сепак мислам дека е М е мал ,може претставата ќе му е еинтересна но е сепак за поголеми и ќе има боење,дружење и сигурно ќе биде супер за поголемите.
Низ другите градови дали некој бил?




vanessa30 -> RE: Маша и Медо (3.6.2015 15:44:55)

7-ми аууу јас цело време си намислив 17-ти. Ништо, ке бидеме Крушево овој викенд.




Malecka23 -> RE: Маша и Медо (7.6.2015 14:59:53)

Pred malku mazle I Mila se vratija od pretstavata.M voodusevena mnogu ubavo si pominala.Inaku masha I medved I e omilena serija i mn odamna ja gleda.Bravo za inicijativata.




blue_blue -> RE: Маша и Медо (7.6.2015 22:07:30)

I motive bea. Rekoa deka bilo katastrofa. Nitu imalo nekakov koncept nitu licelo na pretstava. Skroz bea razocarani i edvaj docekale da si odat. Rekoa deka oni sakaat i ponatamu da odat na pretstavi vo teatarot za deca kade sto ima vistinski glumci so kostimi I scene grating, a na vakvi takanareceni pretstavi da ne gi nosime veke.




Malecka23 -> RE: Маша и Медо (8.6.2015 13:29:29)

Da za 2.5 god deca pretstavata super bila.A za onie pogolemite sto razbiraat se slagam deka ne bila ok spored kazuvanjata na mm




Страница: [1]