sandriana RR -> RE: Децата и соништата (9.10.2015 11:01:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR Т не сонува вистински, туку дур спие ги преживува настаните од денот - тоа сум го забележала. Ама буквално она што и се случувало во тек на денот, ноќе го раскажува толку реално, дури со истите зборови. Не се случува многу често, најмногу 1 неделно. Инаку, 27 месеци има. Сега, на 4 години, станува свесна дека сонува и понекогаш знае да каже што сонувала. Минатиот викенд кога стана утрото - ми вели-сонував дека ги украле шпикозните на Илина и нешто страшно сонував, ама заборавив. А и во градинка си раскажувале кој што сонувал, па не знам дали тоа има влијание кај нејзе да мисли дека сонувала. И не знам колку муабетите на родителите пред децата за соновите им создава на децата изнудена слика за сонот (да мислат дека сонувале нешто, а всушност си прават отпосле проекција).
|
|
|
|