|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   „Без два кондома, не излагај од дома!“
23.6.2015 12:15:14   
vezilka RR
Ќе му го кажете ли ова на вашето дете? Ќе го спремите ли за тој дел од животот? Ќе му ги купите ли првите кондоме? Или сметате дека треба тоа да го направи некој друг, или детето само да научи?

Денес налетав на едно истражување кое зборува за многу доллна граница на започнување на сексуалниот живот кај децата, и за мнооогу ниско ниво на познавање за контрацепцијата. КАко и секогаш, се шокирав и повторно размислував на темава.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
23.6.2015 12:38:39   
Kvisko
Јас мислам дека секој родител треба со своето дете да разговара за секс. Секако се во свое време. Почетокот е кога ќе полнат да прашуваат за правење деца да им се објасни како се прават и потоа како растат да се разговара со нив за сексуалното однесување што е соодветно што не е соодветно и нормално како да се заштитат од сексуално преносливи болести и несакани бремености.
Јас се сеќавам дека некаде на почеток на основно едно пријатели на моите ми подарија книга „Како се праве бебе“ и беше ептен супер. Се графички објаснето сите митови раскринкани. Ма супер беше книгата. Потоа се сеќавам и дека како дел од комлетот книги имавме две книги во трето и четврто одделение мисламд ека беа од македонски автори кои требаше да ги работиме на училиште ама учителките веројатно не без обучени како да ни пристапат во објаснувањата па и тие две книги сама ги читва нормално зашто мајка ми ме тераше да ги читам.
На факултетот имав можност да разговарам со еден од авторите на македонската книга бидејќи ми беше профероска и нејзинито став беше дека со децата секако мора да се зборува на таа тема и тоа пред да почне пубертетот после тоа е касно почнува фаза на бунтување па може да има и обратен ефект.
Не знам дали јас би му купила на моето дете кондоми ама разговор секако би водела.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
23.6.2015 13:06:38   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ќе му го кажете ли ова на вашето дете? Ќе го спремите ли за тој дел од животот? Ќе му ги купите ли првите кондоми? Или сметате дека треба тоа да го направи некој друг, или детето само да научи?


Да, би кажала и би зборувала дефинитивно за се отворено и од мали нозе, особено од искуства во околината кога на децата што се им беше објаснето од мали и им беа покажани кондоми и дадени, пораснаа во прекрасни адолесценти, додека децата кои немаа никаква комуникација и им беа забранувани работи, направија триста глупости.

Блискоста со децата, другарскиот однос треба секогаш да се одржуваат во текот на целото растење, бидејќи само така родителот ќе може да сфати како размислува неговото дете, кои се неговите постапки, ставови и сл.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
24.6.2015 12:30:05   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ќе му го кажете ли ова на вашето дете? Ќе го спремите ли за тој дел од животот? Ќе му ги купите ли првите кондоме? Или сметате дека треба тоа да го направи некој друг, или детето само да научи?



Сум го кажала ова и секогаш и постојано го кажувам. Тој се срамеше и лутеше, јас зборував. Повеќе не се срами и ми вели дека не е нормално да се прават вакви муабети со мајка, бидејќи другарите негови не прават. Јас му велам дека е многу нормално!
Родителите треба да ги научат децата на се` во животот, со правилен пристап. Јас го правам тоа преку зафрканции, задевање и задолжително смеење. Немам табу теми со син ми. Знае дека може се да ми каже - можам само да му помогнам, а нема да го карам.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
24.6.2015 14:14:12   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ќе му го кажете ли ова на вашето дете? Ќе го спремите ли за тој дел од животот? Ќе му ги купите ли првите кондоме? Или сметате дека треба тоа да го направи некој друг, или детето само да научи?



Сум го кажала ова и секогаш и постојано го кажувам. Тој се срамеше и лутеше, јас зборував. Повеќе не се срами и ми вели дека не е нормално да се прават вакви муабети со мајка, бидејќи другарите негови не прават. Јас му велам дека е многу нормално!
Родителите треба да ги научат децата на се` во животот, со правилен пристап. Јас го правам тоа преку зафрканции, задевање и задолжително смеење. Немам табу теми со син ми. Знае дека може се да ми каже - можам само да му помогнам, а нема да го карам.



user posted image user posted image Браво Палешка. А што мислиш, како ќе реагира ако му дадеш кондми, во случај кога мислиш дека нема да му достасаат пари.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
24.6.2015 14:26:40   
Defne90 RR
Значи родителот е оној што треба да го запознае своето дете со се во животот па дури и кога се работи за сексот.И тоа не е ништо срамно.И секако табу тема е кога се работи за тоа родителите да прават муабет со своите деца за сексот,ама пред се ние родителите треба да се погрижиме тоа да не им задава срам на нашите деца и тие да можат слободно да разговараат со нас за тоа.Јас како мајка на своите деца кога ќе дојде ред за таков муабет знбам дека секогаш ќе бидам отворена за тоа да им нагласам дека секогаш сум тука за нив за било каков совет и за се што им треба.А пред се дека секосот е сосема нормална работа и нема ништо лошо во неа.Затоа што подобро е да се предупредат децата и да се разговара навреме со нив за тоа да им остане врежано во глава,отколку после да мораат да се соочуваат со последиците од недоволната едукација.Затоа што реално,дома можат да добијат најмногу информации за се што им треба и воедно и најдобри совети.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
25.6.2015 20:47:32   
Палешка РР

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

user posted image user posted image Браво Палешка. А што мислиш, како ќе реагира ако му дадеш кондми, во случај кога мислиш дека нема да му достасаат пари.


Малку ќе се усрами и ќе рече: "Мамо, забегана си. Се прават вакви муабети со син? Дај тоа кондомите ваму, хаххаха"

Претпоставувам дека така ќе биде, а не сум пробала.
user posted image user posted image user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
25.6.2015 20:54:00   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Јас како мајка на своите деца кога ќе дојде ред за таков муабет знбам дека секогаш ќе бидам отворена за тоа да им нагласам дека секогаш сум тука за нив за било каков совет и за се што им треба.А пред се дека секосот е сосема нормална работа и нема ништо лошо во неа.Затоа што подобро е да се предупредат децата и да се разговара навреме со нив за тоа да им остане врежано во глава,отколку после да мораат да се соочуваат со последиците од недоволната едукација.Затоа што реално,дома можат да добијат најмногу информации за се што им треба и воедно и најдобри совети.


Defne и сите мајки на помали синови. Нема да дојде ред за таков муабет, вие сами треба да создадете клима за тоа. Односот со детето се гради со години, на многу теми, на многу нивоа. Кога ќе се стигне до темата секс, детето веќе треба да има стекнато доверба во вас, да чувствува слобода пред вас, да му се докажало милион пати дека сте отворена за секаков разговор, за помош, дека сте му другар. Ако немате другарски однос, нема да начнете тема секс отворено.


< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 25.6.2015 20:55:32 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
26.6.2015 12:32:51   
bucko mal
Pochnavme da razgovarame na ovaa tema uste koga imashe 10 god. Jas mislev deka e epten rano no chitajki gi vashite komentari bash I ne e taka rano.
Na uchiliste imaa predavanje za pubertet I im rekle podetalno da razgovarate so vashite roditeli. Koga dojde so iljada prashanjauser posted image
Jas se zbuniv neznav sto da mu odgovoram pa go preprativ kaj mm. Soprugov mu objasnil mnogu raboti ama on mora I od mama da slusne, neli vo mene najmnogu doverba ima.
Pochetokot mnogu mi bese nezgodno ama poleka poleka se naviknav. Mi smeta sto epten se ponasha drugarski so mene na momenti zaborava deka sum mu majka. Mu vikam ejjj ne sum ti jas drugar, majka sum ti.
Eve preeska stavil slika so zenska na tabletot I mi vika mamo vidija neli e jaka? Ili mamo aj kupi kondom da go nadueme kako balon, I se umira od smeenje. Ahh bre deca, da neznaes koko da se odnesuvash.
A za kondomi ke mu kupuvam nema problem, ke mu gi ostavam vo soba a za razgovor poveke so mm.

Jas samo mu vikam ako napravish dete na 18g. ti ke si se grizish nemoj da mislish deka jas ke ti go gledam.(mamo kako baba stara zborish) I prodolzuvam da mu kazuvam za posledicite ako stane tatko tolku mlad isto taka I za bolestite koi se dobivaat.
Mi vika mamo ako nesakam da imam deca tolku mal sto ke mi e seksuser posted image

< Поракaта ја уредил bucko mal -- 26.6.2015 12:36:27 >


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
26.6.2015 15:01:20   
Melanija RR
Супер тема и без кондом никако излегување user posted image ДЕфинитивно
Па нашето срамно и незгодно време одамна е поминато,е токму затоа до некаде сме почуствувале дека за тоа треба да се збори а не да се вика дека тоа е срамноuser posted image

Вака лесно е да се каже аха ќе зборувам со синот таму околу 10 год ,ама некои информации до нивни уши ќе дојдат многу порано.Затоа односот и разговорот се градат уште од прозборување на детето, достапноста за разговор во секое време и за се .Па так ќе дојде денот и за посериозни муабети user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
26.6.2015 15:16:02   
nataly86
Супер тема! Да би му купувала имам и машко и женско дете и мислам дека подеднакво треба да знаат и да се разговара..би почнала со двата но ако на машкото би му било позгодно да зборува со татко му ке го ангазираме и него хаххха баш би сакала да изградам таков однос близок со децатта..моите се од таа генерација каде многу многу за секс не се зборуваше...се зборуваше одоколу а не дирекно (ваљда мислеле дека разбирам што зборат)

Инаку мислам дека децата треба да се едуцираат бидејки не само о д истражување туку тоа е реалноста..преку интернет и сл добиваат многу погрешни информации..Јас имав среќа што уште од осносвно училиште одев во Црвен крст и имавме едни прексрасни работилници за дрогата и другите зависности и вклучувајки и контрацепција преносливи болести..ете мене така ми се разјаснија работите како стојат..

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: „Без два кондома, не излагај од дома!“
26.6.2015 23:34:36   
lukajana RR
Детето основните знаења ги добива од родителите а сексот е многу нормална работа но за жал денес некако многу рано се впуштаат во неа и што порано се почне до разговор тоа е подобро за детето .
Синко има скоро 6 години ама е многу љубопитно дете и се што ке слушне сака да знае што е зашто е па така сме ги допреле и овие мрсниве теми и се трудам да му објаснам колку што е можно поблиску до неговата возраст и тоа што би го сватил а да не го збунам до максимум.
Понатаму повеќе ке се објаснуваме ама секако сакам да биде информиран .
Кондоми исто би му купувала и би му гу оставала а да му ги давам на рака мислам дека ке му биде незгодно а да му ја оставам на мм обврската е малку потешко дека тој секогаш вика оди кај мајкати она ке ти објасни.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?