sandriana RR -> RE: Игри за на отворено (23.6.2015 17:24:36)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Горенка (Во средина) Потреби: На бетон, асфалт или земја се црта правоаголно поле во кое ќе стојат децата во средина. Потребно е да се има било каква топка со средна тежина. Правила: Во оваа игра двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче" при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено" со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите". Оваа игра мислам дека во маало кај мене се викаше „Народна„ [sm=smiley1.gif] На отворено се игра и школка - плочка (школица). Потребни се најмалку 2ца играчи. Потребно е да се исцрта со креда на асфалт или со стапче на земја соодветна скица за скокање - полиња со бројки од 1 до 10. Потоа од одредена далечина се фрла рамно камче -плочка редоследно на секое поле, почнувајки од 1, и се скокаат полињата на една нога, освен 4 и 5, и 7 и 8, кои се полиња за одмор и се застанува со 2 нозе. Се зема плочката од соодветното поле и се враќа скокајки назад. Победник е оној кој најбрзо и безгрешно ќе ги помине сите полиња редоследно, погодени со плочката и скокнати без губење рамнотежа и газење во поле со друг број.
|
|
|
|