лето 2015 (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


marchi -> лето 2015 (24.6.2015 18:06:56)

Еве иде ново лето,нови горештини,планирате ли каде ќе одите?мислам дека сме на време да почнеме со дискусии и препораки за ова лето [sm=smiley16.gif]




Kvisko -> RE: лето 2015 (29.6.2015 13:24:10)

Ние веројатно некаде поблиску ако добијам дозвола за патување.
Првпат ќе ни биде за летен одмор да размислуваме за Халкидики и ептен не знам каде би оделе. До сега ни биле викенд дестинација местата од првиот крак па сега сме замислени каде да одиме на подолго, а д ане се почувствуваме „досадно“ (научени сме да шетаме без кола по стар град навечер како што правиме во Хрватска или на Грчките острови).
Дајте предлози.




vezilka RR -> RE: лето 2015 (29.6.2015 15:31:59)

За сите кои планираат летово во Грција!

Грчката Влада синоќа порача дека нема да има ограничувања за странските туристи при повлекувањето пари од банките во земјата, пренесува Танјуг.

Истовремено, властите во Атина одлучија дека туристите кои претстојуваат во Грција и сопствениците на кредитни картички издадени во други земји нема да бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.
– Секој кој ќе ја посети или планира да ја посети Грција, нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот кои се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите кои сакаат да извршат трансакции или да повлечат пари со картичка издадена во нивната земја, се потврдува во соопштението од грчката Влада.
Грчкиот Совет за финансиска стабилност синоќа предложи банките во Грција да останат затворени во следните шест работни дена, а од вторник од банкоматите максимално да може да се повлечат по 60 евра дневно.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно соопшти дека банките одреден период ќе бидат затворени и ги обвини европските партнери и Европската централна банка дека вршат притисок врз Грција.
Тој најави дека ќе биде спроведена контрола на капиталот, откако Грците, на неговиот ненадеен повик на референдум за барањата на кредиторите за реформи со кои се условува финансиската помош за земјата, одговорија со масовно повлекување пари од сметките. Сепак, тој дополни дека тоа нема да ја поколеба Владата да го спроведе најавениот референдум следната недела.
Во Македонија се уште нма препораки, но земјите од регионот, на своите туристи им препорачуваат, ако летуват во Грција, сепак да понесат поголема количина кеш со себе.

Извор:skopjeinfo.mk




Страница: [1]