Подарок за мајка ми (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Подарок за мајка ми (16.11.2009 8:59:22)

Луѓе помагајте-утре и е роденден на мајка ми, што да и подарам?

немам многу време а немам ни некоја идеја, се што ми текна веќе сум и поклонила до сега.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




bojanas -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 9:02:23)

Абе фино вака си поставила прашање ама кажи колкав ти е буџетот за поклон. Вака може и кола да и купиш ако не ти е рпоблем [sm=smiley36.gif]. Јас последниот роденден и купив Нивеа колекција за подмладување.




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 9:04:41)

епа до кај 1000 денари.




Iva -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 9:12:59)

Јас на мајка ми лани и подарив вазна со суво цвеќе. Вазната не беше стаклена туку, не знам сега како да ти објаснам од кој материјал е, обвиткана беше со бамбус, нешто такво. И бидејќи и цвеќето беше суво изгледаше многу убаво како комплет. Сега и стои на комодата во дневна и и го разубавува станот. Секој ден си го гледа и ја потсеќа на мене. Значи убав поклон и убав украс за домот, кој останува подолго време, заради тоа што цвеќето не венее. А ме чинеше околу 700-800ден најмногу.

Одбирањето на подарок за друг е многу тешка работа, зошто вкусовите на луѓето се различи а и не знаеме мајака ти на што најмногу ќе се израдува. Мајка ми обожава цвеќе и ова испадна одлична комбинација. 




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 9:20:28)

па мислам дека било што ќе ја израдува, не е баш пребирлива и стално ми вика:што сте се трошеле.






Еца -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 10:19:26)

Не знам дали ова го имаш направено но мислам дека би била оригинална доколку купиш некоја убава рамка (а има навистина убав избор), голема, и во неа ставиш слика од Дамјан. Верувај срцето ќе и го стопиш.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 10:34:44)

Убава идеја Еца, но да ти кажам има 3-4 големи рамки со големи слики од Дамјан.А и шамии, ташни накит има ептен и нови и јас сум и купила. и навистина немам идеја.Затоа и поставив ваква тема. 




mother 29 -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 10:38:07)

купи и некој сад за домакинството,нај ке му се израдува!?




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 10:39:43)

еј може, таква работа секогаш фали.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 10:40:11)

мајка ми е и доста по украсите за на маса за ваму таму па може и нешто такво да земам.




mina_m -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 11:00:15)

eve od mene nekolku predlozi za poklon:parfem,novcanik,kozni rakavici,zlatni obetki,bluza,suknja,konduri .....ili pak ako ne ti teknuva sto da i kupis samo pokloni i pari vo plik so rodendenska cestitka i torta




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 14:01:24)

фала ви на предлозите од ова сигурно ќе биде нешто, после час одам да пазарувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mother 29 -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 14:01:58)

купи и тава за палачинки




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 14:03:02)

море може е такво нешто нема а често ги прави-ќе и се најде.само да најдам некоја тука во порта кај мене.




mami -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 14:05:32)

ние лани на мајка ми и купивме една многу убава престилка, готово тесто за палачинки и убави калапи за колачи. И дојдовме кај неа и кога и го дадовме подарокот коментарот беше- ајде сега одам да го пробаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]и нормално јадевме палачинки после[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




STRUMFETA -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 15:41:58)

Za minatogodisniot rodenden pokraj podarokot na majkami i napisav pesna.Na ubava xartija, ukrasena so monistri, zavitkana so zlatna satenska lenta,i veruvaj i den denes go cuva i zboruva deka i e najskap dar,neocekuvan.Podarokot go dobi pokasno deka na toj den i go  podariv   i prvoto  vnuce.
Seti se sto izgubila majka ti,ili pak sto i skrsil damjan9 decava znaat da bidat nevozmozni) i, a znaes deka mnogu go sakala toj predmet.Sigurno nekogas  vo muabet ima kazeno ...e bas toa moram da kupam.Pritoa mislam deka sekoja majka bi se izraduvala na skromen podarok, za da ne se potrosime nie.




Mila na mama -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 15:54:57)

Професорица, СП планет ти е по пат скокни до таму имаат во СП супер тави, тефлон ништо не се лепи а се мијат со еден потег.




Anushka -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 18:18:05)

девојки, куса порака (мојата Мила не ми дозволува повеќе дружба):
И јас како вас на мама и` бирав подароци, до кај 1000 денари, па дури и „реда реди„ нормално, немам време, немам пари, па кој сега ќе мисли и сл.
Но, еден многу тажен ден, мајка ми почина.
На погребот си помислив: Мамо моја, па ти волку цвеќе во животот свој не си добила, како сега пред сандак... жалосно.
А потоа, за надргобна плоча, платив 30.000 МКД. Пак си помислив... кога јас на мајка ми сум и`  купила волку скап поклон?

Уживајте во животот и ценете го секој момент со вашите мајки...




ananikol -> RE: Подарок за мајка ми (16.11.2009 18:34:52)

Me rasplaka Anushka.
  Jas dolgo vreme ne sum i poklonila nisto za rodenden ama sega za Nova godina ja ocekuvam da dojdi i da znais ke i nadomestam...Nemozam da prestanam da placam,odam...




profesorica -> RE: Подарок за мајка ми (17.11.2009 7:32:41)

Анушке жал ми е за мајка ти.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Јас и земав една блузичка како ролка штосна со опуштени/развлечени ракави и од страна има копченциња како украс.носи такви работи и сигурно ќе и се свиѓа.

Фала ви на сите за советите.





ripce -> RE: Подарок за мајка ми (17.11.2009 8:13:06)

Супер избор проферорице, баш ќе ја изненадите.... иако мислам дека бил кој подарок нејзе ќе и биде изненадување




mis. -> RE: Подарок за мајка ми (17.11.2009 15:35:19)

Јас на мм еден месец пред да почине и купи гардероба панталони 2 пара и 2 блузи(еден комплет за роденден и еден зашто го доби и решението за пензија)но за жал никогаш не ги облече.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]а пензијата не ја дочека за 7 дена.Но затоа пак претходната година и бев купила оние медицински кломпи што ги продаваат во аптека за комотно одење.Толку си ги сакаше и затоа и ги пуштив за пат вза во другиот свет.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]Сега и да сакам да и купам не можам,неа ја нема.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]





mami -> RE: Подарок за мајка ми (17.11.2009 15:37:40)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mother 29 -> RE: Подарок за мајка ми (17.11.2009 15:42:04)

[image]http://www.partipeeps.com/smilies/smiley_hug.gif[/image][image]http://www.partipeeps.com/smilies/smiley_hug.gif[/image][image]http://www.partipeeps.com/smilies/smiley_hug.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: Подарок за мајка ми (23.11.2009 21:02:26)

Mili pomagajte vo sreda mama i brat mi imaat rodenden sto da im kupam davajte predlozi plzzzzz




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>