vezilka RR -> Кога сте „скар, скар“ со сопругот.. (2.7.2015 15:43:10)
|
Како изгледа кога сте му лути за нешто на сопругот? Колку време обично ве држи лутината? Како тоа го изведувате без да ве приметат децата? И како го „казнувате“ сопругот кога сте му „скар“? Деновиве сум му лута на мажле, ама ептен. Мислам дека до сега не сум му била толку лута. Причината за која сум му лута, не е нешто ново со што тој ме налутил, туку ситуација која ја повторува често пати, но јас секогаш брзо сум се одлутувала. Ете денес четврти ден, а мене уше ме држи лутината. Тој па ништо не прави за да ме одлути, како и обично, туку остава сама да ми помине. Никола мислам дека уште нема приметено дека сум му лута, оти нема коментирано ништо. Ама иде викенд, кога сите ќе бидеме на куп дома, и тогаш веројатно ќе примети. Е тогаш што ќе правам, не знам [sm=zmeden.gif]. Иначе муабет му правам само службено сега, оти целта ми е да се свести и да поразговараме сериозно за проблемот. Еве и причината да ја кажам, да бидам појасна. Мажле секогаш кога идеме некаде, или има и уште некој со нас со кој може да прави муабет, се замуабетива до тој степен што грижата околу децата е тотално на мене. Значи буквално во саатот еднаш ќе се пројави со некоја реченица или слично. И кога беше само Никола ај некако се снаоѓав, ама сега со се Јосиф, тазе прооден, стварно ми е тешко и затоа сега лутинава ме држи, оти некни имавме траква ситуација за која се налутив и му кажав, а тој не само што ништо не рече затоа, туку другиот ден повторно ја напраи истата работа. И толку, пукнав јас..хихихи и сега сум му скар.
|
|
|
|