Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Контрацептиви заради одложување на циклус 8.7.2015 16:09:14
vezilka RR
Еве актуелно летно прашање. Дали сте уптребувале контрацептиви заради одложување на циклусот, заради одмор или било која друга причина. Кои апчиња сте ги користеле? Дали било тоа во консултација со гинеклог или на своја рака? Дали сте имале некои последици?
RE: Контрацептиви заради одложување на циклус 9.7.2015 13:24:59
LoveableMe RR
Една моја колешка ги користеше за одмор, секако по препорака и рецепт од гинеколог, но мислам и рече да биде внимателна и ако не мора да не ги зема.... јас лично немам искуствои и не знам што да ти кажам
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Контрацептиви заради одложување на циклус 9.7.2015 14:25:55
vezilka RR
Некни една пријателка ми вика, ооо, па јас секоја година ако ми се потрефи циклусот за време на одмор си купувам. И баш ме зачуди, и тоа така си купувала, без препорака од гинеколог. Мене некако ми е тоа чудно, оти сепак се хормони. Од каде да знам јас на мојава ситуација кои апчиња би одговарале и не би ми напраиле хорор? ЈАс па досега не сум користела нитуеднаш, со таа намена.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
RE: Контрацептиви заради одложување на циклус 13.7.2015 10:12:39
blue_blue
Кога бевме на факс една моја пријателка секогаш ако и се потрефеше користеше. Тетка и беше лекар па и препишваше не знам точно кои. Јас исто така имам користено еднаш или двапати не ми текнува и сосем ОК беше...мислам ги земав некаде на средина на циклус и ги пиев 21 ден и после ден два добиваш. Сега не знам дал можеш туку така да купиш контрацептиви од аптека ама ако одиш на гинеколог и му кажеш за што ти се не гледам зошто не би ти ги препишал...мислам дека ништо нема да ти се деси ако 1 месец земеш контрацептиви...се мислам и јас да го направам тоа за во август кога ќе одиме во Барселона не за друго него дека сум килава 2-3 дена пред да добијам а првиот ден ми е таква поплава ќе треба на нон стоп да сум во ВЦ да менњам улошки, тампони и да се замарам да не сум прокиснала...само јас ко сељанка најголема немам матичен гинеколог и не знам кај да одам
RE: Контрацептиви заради одложување на циклус 13.7.2015 15:25:24
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
...само јас ко сељанка најголема немам матичен гинеколог и не знам кај да одам
хехехе е за ова богами заслужуваш да те искараме .
Му се јавив на матичниов и ми рече не ти препорачувам хормоните ти се катастрофа, (баш сега правев хормонска и уште не сум била да ми ги каже резултатите, кај него се уште). Е сега, ми вика, ако запнеш купи си јасмин, најслаби биле, или така нешто, и терај со нив. Ми рече да почнам да ги пијам три, четири дена пред моментот кога мислам дека ќе добијам (само да не утнам и да добијам у меѓу време)да ги пијам 21 ден, и после два дена откако ќе престанам треба да добијам. Хихи и ме рече ако не добијам после два дена да одам кај него, оти сум напраила беља. Така да ќе прескокнам контрацептиви овј пат, па за друг пат ќе видам.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!