sandriana RR -> RE: Факултет за возрасни ....или ти проект 30/35 (14.7.2015 13:28:19)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko Sandriana професор за што??? Ако ти е за математика физика или слично што би било сродно на твојата област тогаш види прашај за педагошка доквалификација. Така се полагаат само диференцијални испити не се учи цел факултет. Таа опција е отворена за луѓе завршени на одредени факултети што може да се вклучат во настава. Со сигурност знам дека ПМФ и Филолошки имаат таква опција. Биологија. Нема таква опција за доквалификација тука, морам да запишам јово наново наставна насока, бидејки има доста различни предмети, освен "професорските". Ќе ми биде признаен дел, но тоа дали се едвај 10тина. Тоа ми го кажаа на УКИМ, a во Штип - по поднесена молба и приложено уверение ќе одлучат што да ми признаат и во кој семестар ќе ме запишат. Квиско, фала на просветлувањето [sm=smiley1.gif] Ме натера да се заинтересирам и да ја истражам опцијава [sm=smiley1.gif], пошто кај мене на ПМФ воопшто не ја споменуваат. Се обратив до МОН, ме пренасочија на Филозофски - и денес појдов таму. Малку чудно, но жената од студентски прво ме праша кај би работела јас со доквалификацијата [sm=zmeden.gif] Велам - немам конкретно, би сакала да бидам подготвена само. Рече дека не е проблем, сите ги запишувале. Така, во Септември излегува огласот, се плаќа околу 250 евра, трае 1 семестар. Има 3 задолжителни и 2 изборни предмети, плус пракса.
|
|
|
|