mami -> RE: мастит (17.6.2009 8:50:51)
|
Што се подразбира под маститис? Маститис означува воспаление на градата. Маститис може да настане во услови кога е блокиран истекот на млекото од млечните канали. Ако каналите не се ослободат, веројатно е дека ќе се развијат симптоми како температура, грозница и болки. Како резултат на блокада на каналите доаѓа до насобирање на млекото во градата. Тоа претставува иделна средина за раст и развој на бактерии и можност за инфекција. Кои се симптомите на маститис? - Неинфективен маститис - блокирани се млечните канали без да е присутна инфекција – градата која е зафатена или делови на градата стануваат болно осетливи, тврди и зацрвенети.
- Инфективен маститис - присутна е бактериска инфекција, градата е зацрвенета, топла, отечена и болна. Кожата може да изгледа затегната и светната. Присутни се општи симптоми, како малаксаност, лош целосен аспект, висока температура (над 38 0 Ц).
Како настанува маститис? Неинфективен маститис (блокирање на млечните канали) - фактори кои предиспонираат се: - Лоша дренажа од градата, најчесто како резултат на неадекватно припојување на детето на градата.
- Ако мајката го држи бебето на града кратко време ( кратки подои).
- Ако се прескокнува подој или само ако се одложува подој, па се насобира многу млеко.
- Тесно или неудобно прслуче, или ако мајката постојано спие во иста позиција.
- Ако во тек на доење ја држи многу цврсто градата.
- Траума (на пр. несакан удар на градата).
Бактериска инфекција ( инфективен маститис)-предиспонирачки фактори: - Лоша психичка состојба.
- Траума на брадавицата, предизвикана од несоответно прифаќање во тек на подојот.
- Користење на кремови за брадавицата, кои може да се контаминирани со бактерии.
- Блокиран млечен канал, ако не се третира.
Како да се превенира маститис? - Да се мијат добро рацете, пред да се менуваат пелените на бебето.
- Бебето да се постави правилно при доењето, за да може добро да ја прифати добро брадавицата.
- Да се избегнуваат долги паузи меѓу подоите.
- Често доење.
- Облеката на мајката треба да е удобна. Ако носи прслуче, тоа треба да е удобно.
- Да се избегнуваат креми за брадавиците
Како да се третира маститис? Неинфективен маститис - Бебето да се дои на зафатената страна. Таа града се нуди прва при подојот.
- Пред доење, корисно е да се стави топло на градата, во тек на доење нежна масажа на зафатеното подрачје, а по завршеното доење ладни облози.
- Да се промени позицијата за доење
- Честа дренажа на градата преку доење и измолзување.
Ако блокот не се ослободи за 12 часа, обратете се на вашиот доктор. Инфективен маститис Потребен е брз третман под контрола на лекар и тоа: - Да се продолжи со доење, за да се дренира градата.
- Антибиотици, според препораката на лекарот.
- Парацетамол и антинфламаторни медикаменти за намалување на болката.
- Мирување и адекватен внес на течности.
- Загревање на дојката пред доење, а по подојот ладни облози.
- Промена на позицијата на доење за да се подобри дренажата.
Доколку одлучите да прекинете со доење, важно е да се сочека додека не се санира инфекцијата. Брзо одбивање може да доведе до формирање на абсцес.
|
|
|
|