vezilka RR -> После разводот!! (16.7.2015 12:28:25)
|
Што после разводот? Како да се одгледаат децата а да немаат некои поголеми трауми од процесот? Како екс сопружниците да застанат на нозе и да продолжат со животот исто така, без да имат некои поголеми трауми? Како вие постапивте? Што научивте попат? Многу прашања може да се дискутираат на темава. Еве јас едно ќе почнам, па вие надоврзувајте се. Често пати гледам примери (од кои и еден еве го по дома) дека жените после разводот (ова особено ми е карачтеристично за жени родени во шеесетите) и не дека баш процветуваат, туку напротив ги зафаќа депресија. Се развеле од кои и да било причини, и наместо да создат здрава средина во која ќе ги одгледуваат децата, западнале во депресија и можеби направиле уште полоша средина за децата, ем без еден родител, ем со другиот во депресија. Според мене, тие жени, кои разводот вака го доживеале, и не биле баш спремни за развод, тогаш кога се развеле. Тоа го доживеале како неуспех, како фијаско во нивниот живот и понатака не можеле да застанат цврсто на нозе. Децата пак кои растат во таква средина се емоционално оштетени и со еден куп нус емоционални ефекти во нивниот живот. Ова е практично грубо прераскажана приказна на неколку случаи кои ги познавам, секако не е генерлна слика, туку тема за размислување, како да не се случи ова, како трееба да се спремиш за развод. Ајде вечекам со размислувања.
|
|
|
|