|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Роденден во градинка
31.7.2015 15:07:35   
Melanija RR
Како ги прославуваат родендените? Што е дозволено да се носи? Хартиени торти полнето со .... ? Слики, играње,пеење, задоволни ли се дечињата или повеќе го саа роденденот во игротека со децата од градинка?

Моето е во јасли и во август ќе прави 2 год па се надевам дека се ќе биде во ред и тогаш ќе оди во градинка.Треба да прашам дали во јасни се дозволени тие хартиени торти но незнам со што да се наполнат за мали дечиња? И плус сега се мешани па има и бебиња и со годинка и малку

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Роденден во градинка
31.7.2015 16:06:11   
blue_blue
Меланија, од мое искуство - нема никаква поента да се слави во градинка зошто не се ни слави. Некои мајки носат крем банани демек да се почастат децата ама славење нема, учителките ќе им поделат по 1 крем банана и толку...За 2 години ниту тој разбира нешто дека му е роденден ниту децата околу него. За третиот роденден ако правите во игротека викнете си ги и другарчињата од градинка - носиш покани за сите деца, учителката им ги става во ранец или ги дава на родителите кој како доаѓа да ги зема и толку. Кој дојде, дојде....Јас колку што знам тоа е некој стандард околу роденден за другарчињата од градинка

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Роденден во градинка
31.7.2015 18:22:46   
Neurotoxin RR
Зависи, подобро прашај си ги воспитувачките таму, замоли ете на тој начин да го исполнат тој ден, кај мојата во група имало на два-три пати балончиња, она на година ипол ми кажуваше „епи ту ју“ со пластична чаша на глава седната на столче. Значи некаде видела, кога прашав во градинка, ми рекоа дека така им одбележуваат роденден, на оние кои ќе најват и донесат реквизити. Само мислам дека тоа беше во поголемката група, кај што е она сега, па овие малку поголемките од јасли, ги носеа таму. Незнам, според мене е многу ок начин, затоа што на колку и родендени да сме биле ( а гледаме да одиме на секоја покана оставена во ранче) сме биле само ние од градинка и еве уште едно детенце и тоа ептен ако родителиве се дружат. Нас ни било ужасно незгодно, не ги познаваме луѓето, никого не знаеш, ама ете заради радоста на тие дечиња, сме оделе. Затоа што многу нема да дојдат, подобро е да замолиш, таму со дечињата да си одбележи, ем нема да има трошок за родителите за подароци, а детето ќе биде пресреќно. Замоли ги во градинка, озбилно, договорете се.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Роденден во градинка
31.7.2015 22:28:42   
Melanija RR
Да па реално мал е , малку деца скоро ич немаме па роденден дома ќе слави. Ќе прашам за во јасли па барем ете со една песна ќе се порадува малку колку што ќе разбере.
Кај внукми во Детска радост од Автокоманда имаа и фб секога градинка оделно,редовно ставаат слики како ги седнуваат на маса,некогаш со кашче ,дуваат свеќа на готови колачиња како торти и сл.И во градинка и плус игротека ми да секако сите нема да дојдат во игротека.
Ќе прашам и споделам и јас инфо од градини Срнилка, Аеродром.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Роденден во градинка
1.8.2015 12:07:01   
bucko mal
Rodenden vo mesec Avgust da slavish e najtesko, deca nema nitu vo gradinka, nitu za doma. A vo igroteka pa ic ne se isplati.
Golemiov sin e roden vo Avgust I stvarno ni bese problem slavenjeto rodenden. Ednas vo igroteka otidovmo I nikogash poveke, stvarno za nekolku deca ne se isplati.
Vo toa vreme vo gradinka samo so krem banani se pochastuvashe.


_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Роденден во градинка
2.8.2015 16:32:15   
sandriana RR
Во нашата градинка, односно во групата на големата ќерка- блегодарение на учителките, доколку некој родител изрази желба и донесе реквизити, на детето му организираат куса забава, после спиењето.
Неколку пати до сега така славеле на другарчињата, но тоа веќе откако се со полни 3 години, во градинка, а не во јасли. Често ставаат слики на фб групата, каде се гледа како се забавуваат, со музика и играње, дување свеќичка.
За честење носат најчесто крем банани, чоко бисквит и по едно сокче за секое дете. А славеникот си носи мафин на кој ставаат свеќиче.
Пак ќе речам, зависи од воспитувачкиот тим и можноста и желбата на родителот, а секако и возраста на децата.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Роденден во градинка
3.11.2015 22:58:46   
Neurotoxin RR
Мајкички, сакам да го споделам моето искуство за роденденот на ќерка ми, оваа година одевме на многу родендени во игротека и реално доаѓаа по неколку дечиња. Ние одлучивме роденденот да го однесеме во градинка да ја искористиме големата бројка на деца еве за нешто убаво.

Прво со консултација со воспитувачките, ни одобрија да славиме, направивме торта хартиена и во парчињата ставивме по нешто слатко за дечињата, земавме сокчиња (иако ме искараа дека било многу), земавме капчиња и една круна за славеничката, свирчиња и саат време на детето мое роденденот му беше одбележан. Јас сум презадоволна, сигурно и другите дечиња си поминале многу убаво и раскажувале по дома.

Моето убаво искуство сакам да ви го пренесам, не чини многу (нас торатата ни ја направи свекрва ми, ептен ја бива), за благите внатре ни рекоа дека е многу за нив, доволно било само една тортица или едно чоколатце. Сокчињата биле пивнати само по еднаш двапати и ги фрлиле. Ни направија и слики и имаме мнооогу убав спомен.

Исто ни рекоа дека правеле и плакати пред роденденот, го лепеле на врата родителите за да знаат другите да носеле подароци, но ние не го направивме тоа, прво затоа што сакавме дечињата да се изненадат и да си поминат неочекувано убаво, а второ (иако поважно) навистина не сакав да биде ничив терет и трошок подарокот кој не сакам да ја научам ќерками да го чека, сакам да ја научам да го цени моментот и вниманието. Секкао ова е право на избор. Ние избравме вака и чувстувам дека правилно избравме.

се надевам дека моето искуство ќе ви помогне во одлуката

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Роденден во градинка
4.11.2015 11:41:33   
Defne90 RR
Во градинката на син ми се прави нешто како мини роденден со хартиена торта,носиме сокчиња и сето тоа им се дава на децата му пеат на славеникот роденденски песни и после си продолжуваат пак со она што го правеле.Не се прават којзнае колкави церемонии,онака само колку да се одбележи и таму роденденот и да се поканат другарчињата на забава во игротека.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Роденден во градинка
5.11.2015 11:14:24   
bucko mal
Neurotoxin neka i e sreken rodendenot na kerkichkata. Iskreno i jas mnogu pati sum pomislila da mu slavam rodenden samo vo gradinka. Posebno od poslednava godina koga od 12 dechinja vo grupa se pogodi tri da slavat rodenden vo ist den a jas posledna gi dadov pokanite. Epten se razocharav, nemam deca tolku se. Sekoj rodenden maki da se machi deca da soberes. A, dete se raduva gi zbori decata od gradinka deka ke mu dojdat. Vaka vo gradinka barem site ke mu dojdat. Odnesov samo torta vo gradinka ama zdravje boze do godina moze samo tamu da se proslavi i tolku.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Мајкички, сакам да го споделам моето искуство за роденденот на ќерка ми, оваа година одевме на многу родендени во игротека и реално доаѓаа по неколку дечиња. Ние одлучивме роденденот да го однесеме во градинка да ја искористиме големата бројка на деца еве за нешто убаво.

Прво со консултација со воспитувачките, ни одобрија да славиме, направивме торта хартиена и во парчињата ставивме по нешто слатко за дечињата, земавме сокчиња (иако ме искараа дека било многу), земавме капчиња и една круна за славеничката, свирчиња и саат време на детето мое роденденот му беше одбележан. Јас сум презадоволна, сигурно и другите дечиња си поминале многу убаво и раскажувале по дома.

Моето убаво искуство сакам да ви го пренесам, не чини многу (нас торатата ни ја направи свекрва ми, ептен ја бива), за благите внатре ни рекоа дека е многу за нив, доволно било само една тортица или едно чоколатце. Сокчињата биле пивнати само по еднаш двапати и ги фрлиле. Ни направија и слики и имаме мнооогу убав спомен.

Исто ни рекоа дека правеле и плакати пред роденденот, го лепеле на врата родителите за да знаат другите да носеле подароци, но ние не го направивме тоа, прво затоа што сакавме дечињата да се изненадат и да си поминат неочекувано убаво, а второ (иако поважно) навистина не сакав да биде ничив терет и трошок подарокот кој не сакам да ја научам ќерками да го чека, сакам да ја научам да го цени моментот и вниманието. Секкао ова е право на избор. Ние избравме вака и чувстувам дека правилно избравме.

се надевам дека моето искуство ќе ви помогне во одлуката



_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Роденден во градинка
10.11.2015 23:28:58   
vezilka RR
Најмногу зависи и од воспитувачките колку ќе се нафатат. НА пример, Никола кога беше во прва мала, тогаш за родендените се изработуваа картички од сите дечиња за славеникот и се правеше мини забава, му се пееше среќен роденден. Во поголемата група исто, додека во последниве две години ништо само ќе поделат тоа што сме однеле и толку.ИАко сега се поголеми и повеќе разбираат.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?