Петарди, огномети и сл. (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


profesorica -> Петарди, огномети и сл. (16.11.2009 14:17:47)

Се ближи нова година а обично во овој период во годината постојано се слуша бучава од разни пиротехнички средства.Има премногу улични продавачи низ плоштадот и попрометните делови од градот...

Дали сте од оние што им претставува задоволство да испукаат цела кутија петарди,ракети и сл. или па овие работи ги гледате како безпотребно трошење пари,време и пред се како голема опасност?




vezilka RR -> RE: Петарди, огномети и сл. (16.11.2009 14:31:45)

мразам петарди, сакам огномети а обожавам жижици....

иначе у „наше време“ петардите и личеа на петарди мислам во димензии..овие денес личат на бомби и стварно можат да повредат некој.




big_mama817 -> RE: Петарди, огномети и сл. (16.11.2009 14:52:59)

не сакам воопшто пиротехнички матријали [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




penelopa -> RE: Петарди, огномети и сл. (16.11.2009 16:26:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

мразам петарди, сакам огномети а обожавам жижици....





Istooooo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Петарди, огномети и сл. (17.11.2009 10:08:50)

И јас сакам огномети, баш ми се кул, а петарди не сакам, особено не кога ќе почнат ептен да припукуваат, страшна работа е па што има некои како бомби што удираат да се извадиш од памет а ги фрлаат од најгорен спрат на зградите па и не размислуваат дека некој може да повредат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mother 29 -> RE: Петарди, огномети и сл. (17.11.2009 11:49:02)

фујјјјјјјј,ништо не сакам,само кога ке ми текне на детето без прсти од мааалото на мајка ми[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




niki -> RE: Петарди, огномети и сл. (18.11.2009 9:54:38)

Овде за божиќ и за велигден многу петарди пукаат, она кај нас не е ништо во споредба со ова и ги мразам откако сум тука. И не се децата тие кои пукаат туку возрасните, тоа им е ко дел од традицијата, но е без мерка, во дворовите на црквите.
А огномети сакам да гледам.




mami -> RE: Петарди, огномети и сл. (18.11.2009 10:01:52)

мразам, мразам, мразам...петардите ми се нешто нај нај омразено..не ја гледам сатисфакцијата на пукањето петарди..ај разбирам огномет но онаков голем убав како за нова година или некоја голема прослава што пукаат...
најубаво ми беше пред неколку години кога мобимак мислам правеше журка во парк и вечерта имаше огномет- пробајте следниот пат да легнете и да го гледате огнометот- прекрасно чувство- како цело небо да паѓа врз вас




arh_diz -> RE: Петарди, огномети и сл. (18.11.2009 10:13:54)

Ognomet sakam i mi se dopaga. No za petardite nemam komenatar dodeka studirav na gradezen deka e do pazarot bunjakovec mislam deka vo glava mi stoese zvukot sekoj den. A i nemozam da razberam nekoi roditeli koi dozvoluvaat petardi na svoite deca kako da ne se svesni za posledicite




profesorica -> RE: Петарди, огномети и сл. (18.11.2009 10:15:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

пробајте следниот пат да легнете и да го гледате огнометот- прекрасно чувство- како цело небо да паѓа врз вас


еее вака ние една нова година кога бевме во Атина-прекрасен огномет.многу беше убаво.




Страница: [1]