profesorica -> RE: Новогодишна елка (7.12.2009 11:33:34)
|
За совршена елка [image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/elka2.jpg[/image] Украсената елката е највпечатлив елемент на новогодишното декорирање Декорирањето на новогодишна елка е највпечатливиот момент во новогодишна декорација на вашиот дом. Но дали ви се случило игличките од елката да почнат да опаѓаат уште пред почетокот на Новата година? Како одсечената елка да се одржи свежа? Кога ќе ја донесете елката дома, изрежете го долу стеблото повторно, за да се задржи свежината и веднаш потоа ставете го во вода. Дрвото кое нема свежо исечено стебло потешко впива вода, што допринесува да се забрза процесот на опаѓање на игличките. Доколку купената елка не планирате веднаш да ја внесете во домот, чувајте ја на место каде нема да биде изложена на многу ниски тепмератури, ветер или сончеви зраци.
|
|
|
|