Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Snowhite RR -> Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (3.9.2015 11:37:16)

Конечно дојде и 1ви септември, денот кој нетрпеливо го чекавте, денот кога вашето дете за прв пат стапнува на училиште, денот кога вашето детенце за прв пат седнува во училишните клупи, денот кој ви се чинеше далеку, сепак дојде.
Па како го одбележувате овој ден? Дали правите некои посебни прослави, како некој собир на поблиските со ручек на пример или само благо, кафе, сок?
Јас не правев ништо особено, после училиште ги однесов кај мајка ми оти јас требаше да одам на работа и за таму купив благо и сок, а одручекта и за домашните исто купивме благо и сок, а мм купи пиво за него и за девер ми




lukajana RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (4.9.2015 23:59:57)

Мене ми е малку претерано да се прават прослави за прво одделение.Па во школо тргнале не се качиле на месечината .
Ние купивме торта ,дојдоа најблиските на торта, кафе и сок и тоа ништо посебно а сум била на такво тргнување во училиште што наликува на нешто меѓу роденден и свадба и не ми се допадна ич и уште тогаш реков ние вака не,мислам да прославуваш тргнување во училиште во кафана со жива музика и 100 луѓе гости кои играат оро е жива глупост .
Според мене нешто благо е доволно за да се прослави ,се друго е претерување.
Мое мислење е ова да не се навреди некој сепак секој за себе си одлучува




sandriana RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (5.9.2015 10:47:08)

Денот е специјален - да, но за детето и за родителите.
Не гледам причина зошто би се правела некоја посебна фешта од најрегуларна процедура.
Од кога ме држи сеќавањето, години наназад,во мојата околина, па и во мое време, кога травме во училиште (бивша ЈУ), почетокот се одбележуваше со торта/благо во најтеснит круг на семејството. Бидејки живеев во соседство каде соседите се поблиски од роднините, тие доаѓаа,и ние одевме на торта за првачето со симболичен подарок - некоја училишна потребштина.




miana -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (8.9.2015 10:17:07)

Sum pisala vo prethodna tema i imam staveno slika... Kupiv ubava torta, kniga na koja posuvase - Srekno poaganje vo uciliste Mia. Doma napravivme ubav rucek ( za nas domasnite), vecerta gi viknavme najbliskite na torta ( i toa ovie sto ziveat vo nasa blizina) i taka si go odbelezavme. Bevme navistina srekni i gordi toj den. Ne e deka e nasto vauuu dete poslo vo skolo, tuku radosta i pomislata deka jas imam dete sto veke e prvace, navistina e mnogu golema. Dajboze sekoj sto ne doziveal, da si dozivee vakvo nesto!




Mihaela 2010 -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (8.9.2015 16:59:30)

Do godina trgame vo skolo i planiram torta kolku za odbelezuvanje.rodnini ne planiram osven nie, moite i ete nekoi komsii sto sme bliski bez obvrski i pokloni...cisto odbelezuvanje od kejf




deluxe -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (9.9.2015 18:46:31)

Пред 5 години кога ќерка ми тргна во прво одделение,направив торта.Онака колку да се одбележи.Инаку гости не канев.Кој ќе дојдеше ќе го почестев и торта,а се знае кој ќе дојде бабите,дедовците и тетки.Малку ми е претерано тоа канење гости,па вечери ,ручеци[sm=zmeden.gif] Истото ќе го направам за 3 години кога синко ќе тргни во прво одделение.Ќе си се заблажиме [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




niki -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (9.9.2015 19:13:29)

mene i tortava mi izgleda kako preteruvanje
nie i kupivme nova garderoba za prviot den, tasna i tolku
podocna go kupivme ostanatiot pribor odredivme mesto kade ke se uci doma i toa bese
nikakva fama nitu desavki po kafani
i nikoj dosega me nema viknato na torta za prvace




deluxe -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (9.9.2015 20:17:04)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

mene i tortava mi izgleda kako preteruvanje
nie i kupivme nova garderoba za prviot den, tasna i tolku
podocna go kupivme ostanatiot pribor odredivme mesto kade ke se uci doma i toa bese
nikakva fama nitu desavki po kafani
i nikoj dosega me nema viknato na torta za prvace




Јас торта си правам постојано,со или без повод си сакаме блачко[sm=jezicek.gif].А гости не канам ,кој дојде добредојде[sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (9.9.2015 20:34:08)

ex a mojata sueverna majka na vremeto koga jas i sestra mi trgavme na skolo prviot den se obelezuvase so poturanje voda zad nas da ni odelo ucenjeto lesno ko vodata sto tecela
[sm=jezicek.gif]




deluxe -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (10.9.2015 8:53:22)

Ники и мајками исто така[sm=jezicek.gif]Ни местеше чаша со вода да ја турниме со нога кога излегуваме[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] И замисли секој 1ви септември ме потсетува и јас да сум ставала чаша вода за ќерка ми[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




miana -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (10.9.2015 9:40:09)

И мене ми истурала мајками и јас им истурам на децата чаша со вода.. И тоа а двете. И на малото за во градинка првиот ден и на големото за на училиште.. Да им оди лесно како вода [sm=smiley36.gif]




AneLav RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (16.9.2015 10:41:27)

Кога јас тргнав на училиште, се сеќавам дека денот ми беше одбележан на мноу сличен начин како што се одбележува сега. Секако ми беше купена училишната опрема имав торта и ми дојдоа ептен најблиските кои секако самите изразија желба да ми го честитаат поаѓањето на училиште. Значи денот ми беше одбележан со најблиските и сосема доволно според мене. Кога моите деца ќе тргнат на училиште ќе го направам истото и се разбира ќе го почестам со торта секој оној кој сам ќе изрази желба да им го честита тргнувањето на училиште, не би канела никого и секако не би правела некои посебни фешти и прослави.




vezilka RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (24.8.2016 12:52:44)

Ова частовка за прваче изглеа станала пракса. Почнаа да ме прашуваат што ќе праиме за првачето, со други зборови да се најавуваат за за на први. А ја баш и немав намера да правам збиранка. И сеа, што, торта? Друго? Има некој ред и поредок?




Hopeful RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (24.8.2016 15:31:18)

Јас мислам да не се замараш и да спремиш торта или нешто благо за тие што ќе ти поминат на гости, без да викате вие луѓе. Прашај го првачето дали има некоја посебна желба, па нему напрај му го меракот, а за старите баш те заболе [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (24.8.2016 16:24:22)

Кај нас секој повод се одбележува со торта,дали е годишнина,роденден,именден на било кој од семејството.Не ми е тешко,си правам а и си јадеме благичко сите.Исто ќе биде и за првиот училишен ден,торта ќе имам секако без разлика дали некој ќе дојде специјално за тоа.Додуша јас и досега никаде не сум била,кај нас не е толку популарна оваа нова мода.




mommy_angels RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (24.8.2016 18:14:59)

Хихихи баш е некоја нова мода [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Вака сега кога слушам не ми се свиѓа,ама воопшто.Е сега познавајќи се себе си сигурно и јас ќе приспремам нешто за првачето мое




bucko mal -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (25.8.2016 0:19:47)


Jas za prv pat za torta slusnav koga sin mi bese prvace vo Sk, pred 7 godini. Vo Ohrid sum izrasnata i takvo nesto sme nemale a sega gledam i tamu pravat.
Kako sto kaza elenak, si sakame blago i sigurno ke napravam. Ama definitivno e nova moda.




Hopeful RR -> RE: Како го одбележувате тргнувањето на детето во прво одделение? (25.8.2016 16:08:10)

А бе јас како се израдував кога ги видов на список за во јасли, а не па за прво одделение [sm=smiley36.gif]

Не дека треба да се прави фешта од секојдневни настани, но мислам дека е убаво да се означи почетокот на школската година на начин што на детето ќе му го направи тоа што поубаво и попријатно искуство. Кога јас бев мала, први септември беше чекан ден ехее... со спремање на опреми, книги, тетратки, со посебна облека, со трема и возбуда, со сликање, ... ептен ми беше мерак. Еве нека е торта или колачи, симболично, за тие што сами ќе дојдат или само за домашните, без гости, но ми се допаѓа да се означи некако тој ден, се додека создава позитивна асоцијација кај детето.




Страница: [1]