|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Што ако се сомневате дека бебиситерката се од...
10.9.2015 14:04:55   
vezilka RR
Потикната од настанот со дадилката која го тепаше бебето што деновиве кружи на интернет сакам да подискутираме што би направиле ако се посомневате дека дадилката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? Несоодветно не мора да биде само тепање, нешто што ќе ве стави во мисла. Како би постапиле, какви мерки би презеле? Оправдувате ли камера дома додека дадилките ги чуваат децата? Доволно мерки за претпазливост употребуваме кога станува збор за избор и ангажирање на дадилки преземаме?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 14:26:16   
miana
Мој совет секогаш бил за било кого што има жена за чување деца - да си постават камера... Јас би ставила камера и би и кажала дека има камера, ама да не ја навредам, би и кажала дека камерата е поствена за безбедност ( крадци и сл ), но би ја знаела таа камера, а би поставила камери и во другите соби кои што таа не би ги знаела. Па ке видам дали е секаде иста со детето...
И пишете си како вие би постаиле да сте на место на родителите... Јас незнам, јас би ја мавала додека мрда!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 14:42:39   
vezilka RR
Јас прво добро би се распрашала пред да ја ангажирам. Значи да направам муабет со луѓе каде предходно работела, не само некој да ми рече арна е.

Ако имам сомневање дека нешто не праи како треба, не би губела време со поставување камери, туку веднаш би ја заменила. Може во меѓувреме додека поставувам камери и ја чекам да ја фатам на дело, детето да ми настрада. Ако ја немам довербата дека добро ми го чува детето, нема ни ден повеќе да ги оставам насамо. Оти после се е џабе, и ќотек и се, детето веќе било малтретирано.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 14:48:07   
Hopeful RR
Се уште сум вознемирена од видеото, не можам да се приберам...

Инаку, ние имаме дома камера која ја купивме од Алиекспрес. Си има своја ип адреса, си ја инсталиравме мм и јас на мобилните и можеме да гледаме во живо каде и да сме. Ја ставивме не да шпионираме, туку да ги гледаме бебињата, како видео бебифон. За камерата знаат и баби и дедовци, се во ред.

Имав еден настан кој многу ме успаничи - дојде свекрва ми да ги види бебињата и викам ај да излезам да прошетам по продавници. Случајно, надвор излезена, ми текна да ѕирнам што прават, и ајде, се ок - едното бебе лежи, свекрва ми го држи другото бебе. Не одобрувам држење во раце со саати, тоа изричито им го зборувам на бабите, пошто после јас ќе си имам проблем, ќе сакаат нон стоп да ги држам и двајцата, што е невозможно. Се исклучив, и ми текна после некое време, и гледам бебињата си лежат на тросед, свекрва ми седи на фотелја, и некоја непозната личност облечена во црно доаѓа накај бебињата и го зема едното во раце. Камерата нема некој голем опсег и не можев да видам кој е, ни дали е маж или жена. А бе луѓе, како не се онесвестив на плоштад, не знам. Нозе ми се пресекоа, си викам да трчам дома, далеку сум... Личноста излезе од кадар и не знам ни кој е, ни што е... Тек после некое време видов дека е вујната на мм, која потоа, бидејќи цело време гледав што се случува, постојано го држеше бебето во раце, и тоа само тоа, додека другото си лежеше така. Гледав се додека не бев на 30м од дома, тоа па тоа. Ѕвонам дома, влегувам и гледам дека бебињата се легнати на кревет (јасно дека кога сум заѕвонила го легнале, да не видам дека го држи) и бебе во тој момент почнува да плаче, да рика, нормално. И кога прашав што се случило, што правеле, ме излажаа и ми рекоа дека цело време бебињата спиеле и лежеле, што многу ме навреди и налути. Ако не почитуваш барање од мајка, да не се држи бебе во раце, барем имај храброст и кажи ми - го држев бебето, мерак ми беше. Секако нема да ја задавам жената, ни вујната, ни свекрва ми. А лажењето и криењето посебно ме навреди, се осетив страшно потценета и небитна како мајка. Може претерувам, ама тоа ме потресе.

Долг пост кој и нема многу врска со ова, но чисто како споредба што видов - непознат човек со бебињата, и колку ме погоди, а не па да видам нешто вакво како на снимката... Не знам што би правела, се плашам дека не би ја имала присебноста на овие родители да чекам полиција и суд, а не сама да направам нешто. Хорор, вистински хорор. Се надевам дека бебето ќе биде ок и дека нема да има никакви последици од овој настан, и дека родителите наскоро ќе можат ова да го остават зад себе и да не носат трауми.

А во однос на дадилки, мојот став е дециден - градинка. Никогаш не би оставила дете на дадилка, каква сака нека е. Мислам дека дете треба да расте со други деца, да си игра и да се развива соодветно и активно, а не да дреме дома со дадилка. Еве нека не го удира и малтретира, доволно е да гледа турски серии по цел ден и за мене тоа е пак запоставено дете.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 10.9.2015 14:53:14 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 15:04:03   
miana
Јас би ја поставила камерата пред да донесам било каква жена дома.. Значи, сигурно и на овие родители некој им ја препорачал оваа, некој што немал поима каква е навистина. Може веке "чувала" нечии деца, па некој што не ни сањал дека ова се случува ја препорачал. Сега ако веке чувала нечии деца пред ова дете, ке ја препознаат ( на некои сајтови ја има без заматена снимка и и се гледа суратот ) па сироти тие што ке ја видат... Ке знаат низ што им поминувале децата, додека тие бзгрижно работеле.. Етее затоа, со парите што ги плакате жените, детето во приватна градинка и крај на муабетот. Сироти родителиве, којзнае колку си викаат сега, како порано не ставеле камера..Детево е малтретирано цели 5 месеци, значи од 4 месечна возраст!! Па доста е што го вреѓа бе и го пцуе онака од петици, а не па млатење и покривање преку глава... Душа мила user posted image
user posted image user posted image

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 15:33:40   
vezilka RR
Во извештајот од МВР стои дека родителите на детето за прв на 20 август забележале дека дадилкава го плеснала детето откако ненајавено си дошле дома порано од работа, во наредните денови поставиле камера и на 1 септември биле предадени снимкиве во МВР.

Миана ако така земеш тогаш секаде треба да се постават камери, и во градинки и државни и приватни, и во училишта оти навистина не знаеш од каде ќе се појави некој неарен. И земање дадики само преку ангенции каде вработените би имале соодветна документација дека се соодветни за такво работно место.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 16:58:58   
kapina
Jas ke kazam samo edno site se nevini se dodeka ne se dokaze sprotivnoto jas gi obvinuvam i roditelite sto tolkava prasina krenaa okolu toa niz net sto dosadni se veke ako se somnevaat oti nekoj go maltretira nivnoto dete neka si prijavat kaj nadleznite organi sto se zatoa i gotovo fala bogu nieden roditel ne e tolku glup da svate oti nekoj go maltretira nivnoto dete i ubavo kaza advokatot na taa dadilkata oti nikoj nema pravo da objavuva videa ili neznam sto na net bez nicija dozvola mozele samo da stavat statija na net i gotovo ne ja opravduvam no pak ke kazam cekajte duri ne se dokaze se koj i zasto go e maltretiral toa dusice a i ubavo kaza eden sto e so tie roditeli sto si gi tepaat maltretiraat decata niv nikoj ne gi osuduva znaci koga veke e dadilkata osudena treba da im se sude i na takvite nesovesni roditeli

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 17:19:30   
Hopeful RR
капина, не е во ред да ги обвинуваш родителите. Не се сфаќа тек така дека некој ти го малтретира и тепа детето, посебно кога е мало бебе кое нема како да искомуницира со тебе. Колку за информација, семејството има и постаро братче, па се сомневале дека модриците се од него, дека децата се закачале, што е нормално кога се две. Снимката ја направиле веднаш откако се посомневале и сигурно не оставиле да помине време во тепање и малтретирање па да поднесат кривична пријава...

Плус, снимката е нивна сопственост и можат кај сакаат и колку сакаат да ја пуштаат, и не е во ред да се каже дека се досадни со тоа - го прават за да ги предупредат сите други, за да не настрада уште едно дете. Зарем ќе беше подобро ова да поминеше тивко, без да дознае јавноста, и ваквите дадилки-психопати да продолжат со малтретирање? Јасно се гледа кој го малтретира детето, те молам не релативизирај и не ја оправдувај жената. На нејзиниот адвокат треба да му е срам, бидејќи не треба да прифати да брани таков човек нечовек.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 19:53:17   
Snowhite RR
Јас колку што прочитав полицијата ги советувала да ја објават снимката за да ги предупредат другите родители да внимаваат кого ангажираат и стварно капина не знам што тоа треба да се докажува кога се се гледа на снимките, виновна е и тоа е тоа, не знам како можеш да браниш таков човек.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 20:25:01   
Bella28
Gubre od covek ne znam kako se vozdrzale roditelite da ne ja zadavat. SMRT za takvite kako nea, vo vakov slucaj ne znam od kade mu hrabrost na advokatot da ja brani user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
10.9.2015 22:38:31   
Melanija RR
Kapina нема друг доказ во овој актуелен случај/Како тоа ќе се докаже.Само снимката е доказ.Сигурно во законите пишува за кои случаи ваквите видеа се сметаа за доказ.Тој нејзин адвокат е многу паушален, а може не е избран туку по службена должност доделен.Не си прочитала се од таа наводна ,, прашина,, .Снимаката е објавено по пријавување во полиција и по нејзино апсење.
За тоа дека објавувањето не е легално веројатно етака,но ќе си платат парична казна и тоа е тоа.Важно се виде лицето на ѓаволот.
А тоа дека не се пријавуват родители кои си ги млатретираат своите деца, тоа е така.Но ако е затворени врати нема доказ. Ако е така први на кои треба да им се одзеде родителска грижа е на родителите кои своите деца ги тераат да просат,и тие жени кои со нивните бебиња лежат и просат по кошиња.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bella28)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 6:29:22   
kapina
taka e pak treba i niv da gi kaznuvaat zasto da ne ne oti jas ja branam ovaa no kako se odnesuvaat i roditelite nekogas prema dadilkite kako sluginki da imaat doma epa i ova ne se trpe ovie ne gledate nisto ne kazuvaat ni kako se odnesuvale prema dadilkata ni kolku plata i davale nisto od toa samo dadilkata go maltretirala bebeto i gotovo pa ako sakaat dadilka zasto ne odat vo agencija za bebisiterki

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 7:09:56   
lukajana RR
Тоа колку плата зима и какви и се условите за работа не е причина да тепа туѓи деца.
И ова е исто како секоја друга работа ако и одговара може да работи ако не нека даде отказ.
Многу од нас имаат проблеми со работата па незнам дека одиме на работа и тепаме невини луѓе.
А и да е од агенција каква е сигурноста дека вакво нешто не може да се случи ?
Дека имаат лекарско?
За пари и матичен доктор ке ти даде лекарско без никаков преглед

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 9:44:01   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

Тоа колку плата зима и какви и се условите за работа не е причина да тепа туѓи деца.
И ова е исто како секоја друга работа ако и одговара може да работи ако не нека даде отказ.
Многу од нас имаат проблеми со работата па незнам дека одиме на работа и тепаме невини луѓе.
А и да е од агенција каква е сигурноста дека вакво нешто не може да се случи ?
Дека имаат лекарско?
За пари и матичен доктор ке ти даде лекарско без никаков преглед

Се сложувам со ова...
И Капина, не ми е јасно и неможам да сватам како можеш да и најдеш оправдување на оваа жена.. Ако не и било арно, неморала да работи, а не датепа деца заради плата.. Сигурно ова не го прави од незадоволство од плата. На женава и фали нешто во главата.. Пази молимте, луѓево и верувале и и го оставиле најскапоценото нешто, сакајки да не го изложуваат во градинки на толку мала возраст ( значи за да го заштитат ), а таа ... user posted image
АЈде може еден ден и ти ке си имаш свое чедо ( дајбоже ), па ке разбереш како им е на овие родители и на сите нас што коментираме негативно за оваа животиња ( ма животиња и е комплимент ), монструм..
Ајде еден ден да те прашаме дали би ти било убаво твоето дете вака да го тепаат, што со години го чекаш и се бориш да го имаш и дај боже да го имаш.. Извини вака директно, ама ептен ме згрози тоа што го прочитав од твоја страна !!!

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 9:49:26   
blue_blue
темава забега во правец за кој не е наменета и ги молам администраторите да ги избришат или преместат сите офф топик постови...Целта на темата не е да се осудува и коментира даидлката од клипот - ако имате такава потреба ве молам отворете нова тема па таму нека се води дискусија за тоа - иако мислам дека секаква дискусија е излишна на темата ...

по однос на прашањето поставено во оваа конкретна тема - јас искрено не знам како би ја проверила дадилката...гаранција за ништо нема во животот па ни за ова...родители малтертираат деца и тоа секако - сексуално, психички, физички, а не па некое лице кое не е во никаква врска со детето (чисто пример од пред некој ден од детско игралиште каде едната мајка им кажуваше на другите како го изнатепала детето и дека ќотекот бил излезен од рајот и дека видиш како само тоа имало ефект и останатите го одобрија нејзиниот став).

Секако би се распрашала по луѓе која е што е, ако чувала деца претходно би сакала и со детето што го чувала да зборувам (ако не е бебе)...би седела со неа недела две дома нон стоп додека не видам што прави и во таа недела две би и дошла дома ненајавена неколку пати апансас што се вика...би ја посматрала реакцијата на детето, обично се гледа дете кога е весело - нели ова се за бебе збориме - дете кое комуницира не би ни оставила на дадилка тоа ќе оди во градинка и ќе го научам дека се што се случува таму треба да ми каже.. Сума сумарум - гаранција нема, ќерка ми во градника беше удрена од учителка со лајсна од паркет по глава на која имаше шајка и реакцијата на учителката беше - а ви кажа ли она што направи?, а на директорката - ај ве молам не кревајте прашина јас и онака ништо не и можам знаете чива е ама ете ќе ја преместиме во јасли?!?!?!?! А дел втор од причата беше што директоркава ја изрибала малку наставничката а оваа следен ден им се сипала на децата и им рекла дека дома не смеат ништо да зборат што се случува во градинка и она што парви, а ако кажат по дома пак ќе ги тепа....истата сеуште е учителка во градинка зошто во оваа држава системот во ниедна сфера не функционира и ние како родители сме тотално беспомошни...,

Офф топик и слободно избришете ме - не го оправдувам постирањето на снимката на нет зошто воопшто не разбирам како истата му помогна на било кој од нас да се заштити од вакви лица во иднина, се што направи е вознемири едно чудо луѓе и предизвика лавина на крвнички коментари, повикување на насилство, бесење и сл. по нет за особа која никој не ја познава. За санкционирање на вакво однесување треба да има систем кој ќе функционира и ќе си го санкционира истото со цел правдата да се задоволи и да се биде заслужено казнет за малтретирање и нанесување болка на други луѓе, затоа постои суд, затвор итд... – нема потреба од колективно повикување на бесилки, тепање, газење и сл, осуда и несогласување ДА, ама повикување на насилство извинете не можам да оправдам зошто не сфаќам што тоа ќе смени.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 10:00:14   
miana
Објавувањето на снимката верувај на многу родители им ги отвори очите и ако сите експерти мислат дека е во ред да се објави снимката, не гледам зошто да не.. Особата каква и да е,она што го прави е ненормално и мора да се казни соодветно, а јас како родител на две деца би ја казнила со највисоката казна, а сигурно и мајката на она јадно дете го посакува истото.

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 10:26:15   
Hopeful RR
Изјавите на претставниците од Меѓаши беа во насока дека е родителска храброст објавувањето на снимката и јас апсолутно се согласувам со тоа. Ретко кој би се согласил да постира јавно како му го тепаат детето, и верувајте, за родителите ова е каде каде поболно.

Но, убедена сум дека на сите ни ги отвори очите за тоа кому му ги оставаме нашите деца, сеедно дали на два саати, или редовно. Па побогу, жената им била сосетка!!! И ќе повторам, за мене не е само негрижа ваквото однесување, туку негрижа е и да седи по цел ден пред тв и да не го анимира детето, таква дадилка ич не треба. Се знае што е дадилка - приватна учителка. И од таа причина, бидејќи кај нас нема такви луѓе, или бар јас немам доверба во тие што циркулираат, никогаш не би оставила дете на дадилка. Ако имам толку пари за дадилка, ќе го запишам во приватна градинка, ако не, во класична, и крај. Знам дека и во градинки има насилство, ама сепак мислам дека има поголема контрола. А ако до толку нема опции, пре би да дадам отказ и јас да си го чувам детето отколку да го дадам на непроверени ликови.

И колку за споредба, една познаничка ми зборуваше како тоа свекрва и ја чувала ќерка и, и одеднаш детево почнало сите турски и индиски серии да и ги раскажува, со тепања насилства, разводи, плачки и драми (бидејќи тоа е се што има во тие серии), и женава сфати дека бабата по цел ден гледа тв со внуката, и тоа воопшто не е добро за неа, па ја запиша во градинка да расте како нормално дете. Зарем мислите дека и тоа е во ред?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 10:33:21   
LoveableMe RR
По овој настан, ич не би се сомневала, да имам дете одма би поставила камера и би следела што се случува, гаранција нема за ниедна личност дека добро ќе се грижи за детето. Тоа е среќа да се погоди ок жена која ќе го чува дури е многу малечко за да биде оставено во градинка, ако веќе нема друг излез за грижа врз детето.

Во однос на случајот, секоја чест за смиреноста на родителите, јас и мм на нивно место сега ќе бевме во Идризово за физички напад врз личност Н.Н., а дадилкава ќе беше на КАРИЛ на интензивна нега.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 13:44:57   
Dreamline
Чекајте малце! Цело време се збори за ДАДИЛКА!!! Таа не е дадилка туку „ЖЕНА за чување деца„ како обично тоа кај нас се нарекува.Реалноста во МАкедонија е дека стана мода многу родители наместо градинка да одберат и бараат ЖЕНА за чување деца! Никој не вели барам Дадилка за деца туку барам Жена. Со самото тоа се знае дека таа Жена нема никакви квалификации ниту пак способност да чува деца.

Уште повеќе се чудам како одбираат 60-годишни жени кои се очигледно изморени од животот, доаѓаат од сиромашни семејства па се нафаќаат да работа тоа што работат. Многу од нив откако ке се изнаработат во фамилиите дома ги чекаат уште еден куп обрврски перење пеглање готвење. ПА од каде им на тие БАБИ сила цел ден да анимираат дете од 1 година или помало.

Подобро одберете девоче младо да ви го чува детето која иако е несикусна ама со гаранција ке се тресе над вашето дете да не му направи нешто. Тоа е мое мислење. Иначе јас на друг дете НЕ ОСТАВАМ по ниедна цена. Или јас, баба му или во граадинка ќе оди.

Големо благодарам до родителите што ја објавија снимката и им ги отворија очите на лугето дека ДЕТЕ НА СЕКОЈ НЕ СЕ ОСТАВА. Дете може само МАЈКА или БАБА да го чува. Никој друг неможе да му ја пружи соодветна нега. Или градинка ма каква и да е е подобро, од некоја лудача дома да ми го тресе детето како партал.

А КАпина со твоите изјави многу ме изненади. Да браниш такво однесување стварно ме изненадува. Секој цест на храброста тоа да го кажеш. Имаш ум или немаш? Сакаш утре дете ко ке имаш оваа истата да ти го чува?!!

Ај создравје и очи отварајте на кого деца оставате. Овој случај се откри. Уште којзнае колку има неоткриени....

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 14:17:59   
blue_blue
јас и понатаму не разбирам - зарем како родители ни треба да видиме на снимка како некој/а тепа дете па да сфатиме дека не треба децата да ги оставаме на секого?!?! Излегува дека пред да ја видиме снимката ги остававме на секого, а сега благодарение на храбрирев родители кои ни ги отворија очите нема веќе на секого да ги оставаме и ќе внимаваме? извинете ама јас не ве разбирам...и пред и после оваа и пред и после 100 вакви снимки јас моите деца на секого не сум ги оставала и не планирам да ги оставам...и секогаш, онолку колку што е во моја моќ, сум отварала очи и планирам и понатаму да отворам - со или без снимки

(Одговор на членот Dreamline)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 14:22:19   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dreamline

Чекајте малце! Цело време се збори за ДАДИЛКА!!! Таа не е дадилка туку „ЖЕНА за чување деца„ како обично тоа кај нас се нарекува.Реалноста во МАкедонија е дека стана мода многу родители наместо градинка да одберат и бараат ЖЕНА за чување деца! Никој не вели барам Дадилка за деца туку барам Жена. Со самото тоа се знае дека таа Жена нема никакви квалификации ниту пак способност да чува деца.



Не се согласувам баш со ова. Ова значи дека ние не им бараме кфалификации, а тие можеби ги имаат, додека воопшто не се согласувам дека немаат способност. Некој може да има кфалификации а да нема способност. Затоа прашав на почетокот како тоа го утврдуваме и проверуваме.



Уште повеќе се чудам како одбираат 60-годишни жени кои се очигледно изморени од животот, доаѓаат од сиромашни семејства па се нафаќаат да работа тоа што работат. Многу од нив откако ке се изнаработат во фамилиите дома ги чекаат уште еден куп обрврски перење пеглање готвење. ПА од каде им на тие БАБИ сила цел ден да анимираат дете од 1 година или помало.


Ниту со оване се согласувам. И тоа е индивидуална работа. Мајка ми за еден месец ќе полни 70 години а чува 4 внуци и има повеќе нерви да го прави тоа од мене. Инаку и таа жена е нечија баба, така да и со ова подолу дека би остаила дете само на баба. На ваква баба не!



Подобро одберете девоче младо да ви го чува детето која иако е несикусна ама со гаранција ке се тресе над вашето дете да не му направи нешто. Тоа е мое мислење. Иначе јас на друг дете НЕ ОСТАВАМ по ниедна цена. Или јас, баба му или во граадинка ќе оди.




< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 11.9.2015 14:30:46 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Dreamline)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 14:28:50   
Dreamline
Сега Везилка малце ќе се насмеам. Јас мислам да почнеме овие Дадилкиве од 60 годинии да ги праќаме на Au Pair програми во странство. Белки ќе научат нешто, хахаха.

Секаде во светот бараат девојчиња да им ги чуваат децата само кај нас се бараат 60 годишни божем гувернанти ќе бидат.

Секој со свое мислење и мајка ти има 70 години ама чува СВОИ внуци а не туѓи. ...


(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 14:53:45   
vezilka RR
А што има тоа врска со нервите. Свекрва ми има 54 па ако и ги остаам децава мислам дека истово ќе им се случи. Оти таа со нервите не е ок и на овие години. Ти Dreamline смеј се колку сакаш ама после настанов единствено што стана јасно е дека навистина луѓето кои практикуваат да земат жена за чување или дадилка или како сакаш наречија, најчето се потпиратт на препорака на некој трет и толку. Можеби десетици пати сум видела постови по ФБ групиве некој таму да бара жена за чување.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Dreamline)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 15:07:21   
tincule

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

taka e pak treba i niv da gi kaznuvaat zasto da ne ne oti jas ja branam ovaa no kako se odnesuvaat i roditelite nekogas prema dadilkite kako sluginki da imaat doma epa i ova ne se trpe ovie ne gledate nisto ne kazuvaat ni kako se odnesuvale prema dadilkata ni kolku plata i davale nisto od toa samo dadilkata go maltretirala bebeto i gotovo pa ako sakaat dadilka zasto ne odat vo agencija za bebisiterki


Капина и јас чував дете и тоа кај странци со супер плата детето беше темпераментно и малку потешко во карактер ама јас сум го чувала како свое единствен проблем ми беше мајката на детето што точно со тек на време она се подзанесе дека јас сум таму нејзе да и служам а не дете да чувам ама тоа што мене мајката ме нервирала или сме се замериле не ми дава за право да го малтретирам детето едноставно дадов отказ и чао пријатно што после цела година ми се јавувавше за да се вратам поради детето зашто плачело по мене и ред други работи ама не го сторив тоа затоа што знаев дека со нејзе нема никогаш да нјдам средина. Детето за мене беше срце иако имаше моменти како и секое дете инат мавање трескање од земаја и ќе му подвикнам и ѓе го скарам ама да го шамарам или слично во живот не ми се случиле па ни на крај памет затоа што не ми се свиѓале услови за работи или родителите ме нервирале. Мешаш баби и жаби извини ама...

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката с...
11.9.2015 15:09:13   
lukajana RR
Во ред е да се ангажираат девојчиња за чување деца но постарите жени кај нас се подобра варијанта затоа што сепак се бара некој што ке се грижи за детето од сабајле па додека се вратат родителите од работа а девојчињата одат во школо ,на факултет,имаат обврски и не можеш секогаш да се потпреш на нив.
Додека овие што ги викате баби имаат слободно време и може да чуваат деца кога ке ти притреба.
А според мене не е битно дали е жена ,девојче или девојка битно е да е човек од доверба на кој ке му веруваш и ке му ги оставиш децата а денес таков е тешко да најдеш.
Јас би одбрала градинка ,некако немам доверба во луѓето а и не сакам некој странец да го оставам дома со децата и да ми разбркува по дома .


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Dreamline)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?