RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Melanija RR -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (11.9.2015 15:23:43)

Да по мене има разлика кога на фб или каде и да е дека бараат жена за чување. а друго се подразбира дадилка.И двете би требало да анимираат но втората по мене треба да е лиценцирана и агенција да ја застапува.

Некоја познаничка ќе ми препорача.И што 2-3-4 ќе речат ок.Јас во тоа не верувам,тулу би одела кај преходните каде што чувала дете.Ако е постара има деца ги чува и внуците мене тоа не ми емерило за квалитет.Па во градика има многу млади кои и немаат свои деца па не се квалитетни?
Има оглас каде се бара за чување на деца со педагошки факултет.

КОга би имала пари повремено би ангажирала жена која има квалитет за кој можеби јас немам или неможам да му овозможам и објаснам.Пример носење на представа,ликовна изложба... а таа ќе ја има интелектуална целина.

Или обратно сопствени баби ама или неможат или незнаат?Па на своја баба не би оставила подобро градинка. Има супер бабички и баби кои дремат пред ТВ и ги караат ,,немој таму ќе дојде милиција, , ,,пази ќе те украдат,, и ред други бла бла закани кои немаат врска.

Добро е за видеото зошто не сме свесни дека и кај нас ги има тине случки не само ,, таму во америка,,.

Капина верувам дека тоа што го мислиш ла ошо го пишуаваш,и толку многу погрешно се чита што звучи неверојатно лошо.Изразисе точно и со знаци за да има смисол.




niki -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (12.9.2015 18:45:10)

nemam nikakva zelba da gledam videa vo koi bilo koj maltretira bilo kogo a najmalku koga maltretirani se deca
i ne mislam deka objavuvanje na takvi videa pomaga bilo komu da svati nesto pa ni toa deka losite raboti se slucuvaat i kaj nas a ne samo vo amerika
koj veruva vo takvo nesto e poprilicno naiven po moe viduvanje
sto bi pravela ako se somnevam, sigurno nema da postavuvam kameri za da se uveram deka nekoj mi go mlati bebeto, tuku na prviot somnez ke ja otstranam taa licnost od zivotot na bebeto i od mojot
inaku sum licnost koja veruva deka ni bebe ni dete ne se ostava sekomu
veruvam deka stari babi pa duri i koga stanuva zbor za rodninski vrski ne se soodveten izbor za cuvanje na mali deca, kako sekojdnevnova resenie za zgrizuvanje na dolgi relacii
isto taka mnogu poveke veruvam vo sistemski resenija naspram koga se potpirame na komsiski i rodninski vrski
i osobeno sum gadliva na idejata deca da bidat zgrizuvani od licnosti koi se na site mozni nacini degradirani a edinstven kvalitet im e niskata cena

za kraj ke recam samo da ne go snajde coveka vakvo nesto, bidejki otkako ke go snajde znaci samo edno a toa e deka zakasnil so deluvanje




kapina -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 13:01:40)

а штомислите вие во гρадинκа не ги тепаат децата јас лицно сум тепана знаци од. уцителκата и то а за ништо. не ја бρанам оваа но знајте едно и во гρадинκите децата се тепани малтρетиρани. овде пρед една год во стρумица имаше детенце пρетепано модρо знаете κаκво многу по тепано од ова па не се κρена пρашина во ρед е и κамеρи и се да се поставе но од ова тешκо може да се заштитат децата. би било. убаво да има тема психицκо и физицκо насилство вρз децат. и во шκолите има таκво малтρетиρање. за жал се поцесто и јас го делам истото мислење со ниκи оти ова видео ништо не помага оти пρемногу се κρена пρамина затоа имаше и овде κаκо што κажав. таκво нешто па ρодителите си пρевземаа соодветнижмеρκи κаκо што тρеба и ниκому ништо




Hopeful RR -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 13:20:44)

Извини капина, ама како бе "никому ништо"??? Или јас не те разбирам или ти не знаеш да се објасниш.

Ај вака - стави се ТИ на позиција на таа мајка. Замисли после толку години пробување, ивф и што се не, ќе добиеш дете и некој да го тепа? Сеедно дали баба, дадилка или воспитувачка во градинка, тоа е небитно. Зарем ти мислиш дека ќотекот е добар, дека е воспитна мерка? Ќе дозволиш некој да ти го тепа детето, и ќе ќутиш притоа, "никому ништо"?!! Ме чудиш, баш од тебе, со целата твоја мака, очекував повеќе.

Тоа дете во Струмица е греота, ама неговите родители баш требале да кажат по медиуми, може ќе го спречеле ова што се случи сега. И тоа што ти си тепана нема никаква врска, тоа било пред којзнае колку години, со којзнае какви воспитувачки. Ако збориме за личен пример, јас во градинка сум од 8 месеци до прво одделение и не сум пипната, ни од воспитувачките, ни од моите родители, и сметам дека нема полошо нешто за дете од ќотек, сеедно од кого доаѓа. Знам дека има родители што си ги тепаат децата, но тоа се уште не го оправдува ќотекот. Ќотекот го деградира, понижува, навредува детето... му создава лузна за цел живот и е основа за девијантно однесување во иднина, за жал.

И уште нешто. Најразочарувачки, после овој немил настан, е што во јавноста забележувам струја што е во одбрана на дадилката, почнувајќи од нејзиниот адвокат, кој не знам со кој образ се нафатил да ја брани, па се до разно-разни коментари во нејзин прилог. Тоа што сме општество што релативизира насилство и го оправдува ми е посебно болно...




kapina -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 13:51:21)

абе не во ρед да се тепа ама мислам оти се пρетеρа со тоа. можеле се да ја тужат и готово. по медиуми по незнам што. убаво κажа еден тоа е неидговоρност нивна на ρодителите. што пρво ги пρепуштаат на непознати соседи бебиситρρκи и незнам што. зашто они не си ги. гледаат децата. бρе саκат κаρиеρи саκат се епа неможе се. се. не даваат ништо да κаже дадилκата во своја одбρана туκа нешто не одговаρа баш. а имаше слуцај. знаци јас ги знам. κаде што. татκото на децата се беше обидел да ја силува. и што тρебаше жената да плаце по медиуми ние виκаме да ги заштитиме само. децата но што е и со дадилκите. што и со нив мене едно само ме интеρесиρа зашто гое тепала толκу κρвницκи таа жена тоа невино детенце. и зашто татκото не ја избρκал или тужел уште κога. поцнал да се сомнева не ја пρијавил. туκу. виκал ај. можда поголемо то дете го тепа помалото знаци и он е толκу одговоρен. штом си го. дозволува ова јас не ја бρанам дадилκата но не ги бρанам баш и на нив. и они не се светци баш знаци κаκо што изигρаваат невини жρтви. имаше слуцај. κаде што 3 год детенце татκото го бутнал во пеρална и ја пуштил и го убил зашто и за ова не се κоментиρа. ништо насилството на ρодителите вρз децата. туκу само κолκу се малтρетиρани од дρуги лица. ова видео за ништо не служи само повеκе стρав сее меѓу луѓето. сите го знаеме тоа фала богу оти има. дадилκи што ги тепаат децата и сега сите. споρед оваа видео тρеба да стават κамеρи пρво тρеба да се стават во шκолите во гρадинκите и после дима сите знаеме и κолκу се κρаде во гρадинκите. и во шκолите.




LoveableMe RR -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 14:15:34)

Пoентaтa вo целиoт случaј е штo женaтa крвнички мaвa нa беспoмoшнo дете кoе ништo не нaпрaвилo, ете нејзе и текнaлo ќе кревa рaкa нa чoвече зa кoе знaе немa дa и врaти и дa се oдбрaни. Некa удри некoј кaкo нејзе дa јa видaм. Тaкa штo ни aдвoкaт, ни свети aдвoкaт ни јaвнoстa не мoжaт дa јa изперaт oд oдгoвoрнoст.

А сите штo се хрaбри и сaкaaт јaвнo дa спoделaт нaсилствo сo цел дa пoмoгнaт, ширoкo ги пoддржувaм!




miana -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 14:18:03)

Kapina, veke nisto ne me iznenaduva od tvoja strana... Prvo imas krenato raka vrz svekrvata, pa sto da komentirame poveke. Ne si ti kriva, nego dozivuvas tezok period vo zivotot koj te tera vaka da razmisluvas... Pak ke recam, dajboze da imas svoe cedo, pa da vidime dali ke go smenis stavot..Odamna prestanaa da tepaat po skolite inace. Toa vreme zavrsi...I babami kazuva na nivno vreme kako tepale, ama toa vreme togas i sega ima razlika...




Hopeful RR -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (13.9.2015 15:58:42)

капина, ајде да го претпоставиме најцрното сценарио - да речеме дека таткото ја силувал дадилката, мајката ја малтретирала, ја терала да пере, да чисти, да готви, не и плаќале ич, ја пцуеле и ја вреѓале. И зарем што било од ова е причина за она да го тепа детето? Или па олеснителна околност? Не. За ова што таа го направила нема никакво оправдување. Ако не и чинело, нека си одела, а не да тепа. И џабе викаш дека не ја оправдуваш, од твоите искази баш излегува дека наоѓаш какво било оправдување и изговор за нејзиното однесување.

И апсолутно не можеш да кажеш дека е родителска неодговорност, ќе даде господ и кај тебе па ќе видиш како е. Ниеден родител од ќеиф не го остава детето дома со друг, него за да работи. А тоа дека треба сите ние само да гледаме деца и да не работиме ништо друго, не дај боже па да имаме кариери, тој муабет на друго место и во друго време, на пример во 18 век. Место да поддржуваш мајка што работи и сака да има кариера за да донесе пари дома и да биде добар пример за своето дете, ти не враќаш во камено доба... Многу сум разочарана од тебе.




Bea -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (14.9.2015 8:29:46)

Што да каже човек на темава, моето мислење веќе е опфатено во повеќето постови.
Што се однесува до одбраната на дадилката - МА КАКВА ЦРНА ОДБРАНА? Ниедна околоност не оправдува нечие малтретирање. Толку.
И за коментарот дека не треба да се крене прашина? Зошто побогу да не се крева прашина?
Па благодарение на ова видео, многу негователки (а верувам дека има уште вакви), веќе наредниот ден ќе го сменат своето однесување знаејќи дека истото може да им се случи и на нив.
Благодарение на ова видео и јас како иден родител ќе бидам безброј пати повнимателна и поселективна во изборот кому ќе му дадам доверба да го чува моето дете и ќе ги преземам сите мерки на безбебност.
Еве и од другата страна - за примерите што ги наведе Капина. Зарем да молчат тие родители за наставници кои во 21 век применуваат дисциплинска и педагошка мерка ќотек? Или да молчи таа силувана дадилка, како да силувањето е нешто најнормално??? Не можам да разберам...

И на крај, за коментарот на капина дека родителите се неодговорни ако сакаат да работат, а не да чуваат дете - го дожиевав како лична навреда, затоа што Боже здравје има време до тогаш, најверојатно ќе се најдам во истата ситуација, бидејќи нема кој да го чува. Ќе имам избор или градинка на 8-9 месеци или дадилка.
И што? Да не се враќам на работа? Да не придонесам за поквалиетен живот и иднина на моето дете? На страна финансискот аспект, можеби ќе звучам себично, но прво треба треба да бидеш реализирана, среќна и задоволна жена, за да бидеш реализирана, среќна и задоволна мајка и сопруга. Не би сакала во некој момент своите лични незадоволства да ги пренесувам на детето. Зборувам конкретно за мене, интелектуалка која заработува и работи квалитетно од своја 23-та година, не можам да замислам да се претворам само во домаќинка. Од друга страна, интелектуално сум спремна и имам широко поле на интереси во исто време да се изградувам професионално и воедно да му овозможам на своето дете квалитетно и креативно детство и развој.

Малку сум ОТ во последниот дел од постот, но темава е навистина широка за дискусија.







nina.darko -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (14.9.2015 11:05:32)

Капина морам да кажам дека страшно си ме разочарала со твоето размислување.. Не можам да поверувам дека можеш да најдеш било какво оправдување за монструмот... А што би имала она да каже во нејзина одбрана те молам.. Дека бебето многу плачело а она не можела да гледа турски серии?? Дека многу време требала да го љуља за да заспие а неа и било многу тешко тоа??? Значи за насилство никогаш нема оправдување а посебно кога е во прашање мало бебе кое за ништо не е виновно...Стварно не можам да те разберам... И зарем родителите се криви што морале да се вратат на работа за да обезбедат подобра егзистенција и за нив а посебно за нивното дете? Зарем се они криви што мислеле дека на детето би му било подобро дома да биде за да не се трауматизира во градинка? Те молам... Ако имала дадилката проблем со таткото на детето таа требала да се пресмета со него... Или ако имала проблем со мајката што не и удрила неа шамар а не на детето..
Дај Боже да се израдуваш и ти со детенце па да видиш како ке му се тресеш и кога ке кивне а не па вакво нешто да му се случи..
Извинете на долгиот пост ама премногу се изиритирав од постовите на капина




nina.darko -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (14.9.2015 11:14:11)

Ако до сега бев во дилема што да правам кога ке ми заврши и неплатениот одмор- сега сум и повеќе од сигурна дека градинката е далеку подобар избор за моето дете отколку жена да го чува. Можеби порано имало тепање и по градинките и по школите ама мислам дека денес и нема такви работи или се мнооогу ретки.. И да се одлучам за бебиситерка сигурна сум дека секаде низ станот би поставила камери за да следам што се случува дома.. Дефинитивно објавувањето наоваа снимка ми ги отвори очите и ме натера да размислува многу повеќе на оваа тема..
Поздрав девојки и чувајте се себе и вашите најмили [sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (14.9.2015 12:14:53)

безпредметно е да се дикутира дали има оправдување или не, секако дека нема оправдување да се малтретира на било кој начин друг човек, а уште пивеќе па послаб од тебе и кој зависи од тебе. Дали има олеснителни околности оставам судот да си сослуша сведоци да си види и да си донесе одлука.

За мене е наивно да се верува дека во МК по дома со жени не се случуваат вакви работи и дека еве сега по овој случај ни се отвориле очите и дека сеа и ако сме се мислеле дал за градинка, сега нема двојби - градинка е изборот зошто таму не се случуваат вакви работи...не знам само дали треба некој да излезе и со снимка од градинка за да ни се отворат очите зошто јас ви тврдам дека вакво нешто и пострашно може и те како да се случи во градинка...наивно е верувањето дека во градинка има поголем ред за тоа кој работи со децата и дека никогаш деца не се удираат од страна на наставничките и дека таму детето ќе ви е заштитено. камо среќа да беше така...немам намера на форум да расправам што се имам доживеано во градинка со моите деца, проблемот е многу покомплексен и за жал се додека вака функционираат работите нерешлив. Кога се работи за дете кое не зборува мора родителот многу внимателно да го праѕи неговото однесување без разлика кој го чува дали жена дали тетка у градинка и да реагира...едино што може и во двата случаи е да ја смени жената односно градинката...за дете кое зборува - да се научи се да кажува дома без страв и пак да се смени градинка ако е екстремен случајот или да се оди редовно и да се реагира кај директорката - не дека тоа нешто драстично ќе смени, ама барем нема да се опушти и да мисли дека нејзините вработени кои и да се што сакаат можат да прават




miana -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (14.9.2015 13:17:07)

Јасс сум сигурна дека во градинката моето дете не е малтретирано. Тоа се гледас по самото дете.
Керками еднаш кога ја зимав пред учителката ми рече - мамо, кате денес вака влечеше мене блузата.. Ја гледам учителката и се смее - вика, не акаше да седне на столче, па ја повлеков ( и се смее женава ) ама мислам дека им е јасно дека дома се им е пренесено на родителите. Пример ми кажува веднаш кога некое дете ке ја удри или пак дека денес била во ќош бидејки била немирна.
Тоа не го кажува како нешто страшно, туку како да е најормално за неа .. Кога ке ја прашам дали ти е убаво во градинка - вика, многу ми е убаво и по тоа сваќам дека детето е среќно и не е малтретирано. Учиелката вика - ние све знаеме што правите по дома, а јас и викам - и ние знаеме вие што правите.. Моето дете дома глуми учителка по цел ден и сите муабети што се прават, ги знам [sm=smiley1.gif]
На пример, и го имаа заметкано џемперчето на керками, и сега она ми кажува како негувателката викала за учителката - леле ке ја скршам оваа Кате, кај го има затурено [sm=smiley36.gif]
Во секој случај мноооогу ретко има ситуации учителки да злоставуваат деца во градинка.... а ако се сомневате за дадилката, една камера и готово ! А ако рпиметам такво нешто во градинка, ма ич не мислам ..Прво кај директорка, па после и на повисоко ниво ...




kapina -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (21.9.2015 21:50:58)

Aj sega zasto ne se komentira nisto za edno detence pretepano krvnicki vo gradinka tatkoto bese postavil sliki na fb sega grozno bese duri izgrebano.zalnoto sto so tie deca vo gradinkata sto se maltretirani stvarno bese zalno i nikoj ama bas nikoj nemoze da me ubedi oti decata ne se maltretirani vo gradinkite oti so svoi oci imam videno kako ucitelkata go tepa deteto posto ziveam blisku i znam oti e taka seuste za zal kako pred 20 i kusur god koga jas odev vo gradinka od bebe pa do preducilisna vozrast




kapina -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (22.9.2015 13:28:03)

Ne e vo red nikoj nikogo da tepa no nisto ne se kazuva sega za ova devojce od kavadarci sto e celoto izbregano po liceto na vozrast kako ova 9 mesecno bebence mene drugo mi bese zborot ne oti ova ja branam no kolku se decata zastiteni i vo gradinkite i dadilkite od nekoi roditeli a kotekot posebno na 9 mesecno bebence ne e resenie jas go gledav videoto zalno bese kako go mavase zalnoto greota




miana -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (22.9.2015 15:25:16)

А тебе од кај ти е оваа информација дека дете е испотепано и гребено во градинка? Може да го изгребало друго дете.. Не веувам дека учителка ке гребе дете богами.. И дај веке еднаш, научи да ставаш запирки и точки каде што треб, дане се мачиме кога читаме твои постови!




Hopeful RR -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (22.9.2015 15:36:57)

kapina, мислам дека те разбрав, и ако алудираш и на останатите форми на насилство покрај насилството на оваа дадилка, тогаш во право си, и се слагам.

Живееме во општество во кое се уште се смета дека ќотекот излегол од рајот и не само дадилки, него и воспитувачки во градинка, наставнички во школо, па и самите родители си ги тепаат децата... И не е ни само физичкото, туку и емотивното насилство - колку пати сум видела мајки и татковци како се дерат на своите деца и им се обраќаат тотално несоодветно, со навреди и понижувања, со недоличен тон и закани, башка што дигат рака на нив... Општо гледано, кај нас свеста за тоа е многу ниска, за жал. И исто така, ова се случува и во градинки, можеби ретко, но факт е дека се уште постои. Што да кажам кога една од моите најдобри другарки си го подплеснува детето со муабет дека така и доаѓа... знае дека не е во ред, знае какви шоследици може да има тоа врз детето, но ете, понекогаш така и доаѓа... [sm=smiley13.gif]

И сето ова е причина плус да се збори јавно за тоа, и повик до сите родители што се сретнале со вакво нешто да постираат и да бидат гласни со тоа. Баш тоа изгребано дете треба да се покаже на телевизија и да се спроведе истрага дали е до воспитувачка, друго дете или нешто трето. А ти, ако си била сведок на насилство во градинката во соседство, алармирај, повикај медиуми, викни полиција и Детска амбасада, немој да молчиш... Може ќе помогнеш некому...




marchi -> RE: Што ако се сомневате дека бебиситерката се однесува несоодветно додека го чува вашето дете? (22.9.2015 17:39:48)

procitav samo nekolku komentari no ke ostanam na mojot stav. i jas bi stavila kameri i toa od prviot den a ne posle "10 godini" zasto sigurno si e sigurno. mozebi ne e presudno no zena od 45-55 godini ne bi ni pomislila da angaziram,znaci bitna mi e vozrasta i raspolozenieto na gospogjicata ili gospogjata. so tek na vreme deteto ke pokaze preku svoeto odnesuvanje kako dadilkata postapuva so nego i na kraj sepak mislam deka deteto vo gradinka e posigurno n egoli so zena doma.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]