lindicka -> RE: Хомосексуалност (17.1.2012 21:15:50)
|
И мене ова со деца малку ми е чудно. Колку детето би израснало во здрава личност, дали ќе биде дискриминирано до околината, од децата во одделение и училиште, па натаму во животот во работата итн. Но, додека не се проба, нема да се знае. Сум слушнала дека во Скандинавските земји е дозволено хомосексуални двојки да имаат деца, и во други земји. Можеби би требало да се направи истражување за менталниот склоп на овие деца, дали се различни од децата на хетеросексуалните двојки или не. (значи начин на размислување, не велам дали се нормални или не во однос на она што се смета за прифатено како нормално во општеството). Има многу работи за дебата. Но, сепак поддржувам хомосексуални двојки, имам еден пар во околината и добро функционираат, т.е се сакаат и расправаат за истите работи како и хетеросексуалните двојки. Нема разлика.
|
|
|
|