|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  14 15 16 17 [18]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Крштевка - колку е важна?
8.5.2013 10:35:34   
Cipi Ripi
Ние ќе правиме крштевка во недела. Нашата кума не сака ништо ништо ама ич ништо. Не сакаме ни ние ништо за да не се троши. И на крај ќе видиме што ќе излезе работава, сигурно циркуз ќе бидеме и ние и она. Јас планирам да и купам еден убав новчаник и неприметно да и го ставам во ташна, а со мм се договоривме пошто не сака ништо, да му купиме на син и патики пошто кутрата само се жали дека од кога почна да вежба кошарка детево секој месец патики му купува.
Инаку ние имаме прекрасен другарски однос со кумата, на мм му е најдобра другарка и многу не се замараме кој што како, ова се ќе биде онака чисто од душа и срце. Битно е сите убаво да си поминеме во недела.

(Одговор на членот ostoun)
Непосредна врска до пораките: 426
   RE: Крштевка - колку е важна?
15.9.2013 13:35:15   
bucko mal
Planirame da go krstime bebushov koga ke idame za MK.Togash on ke ima 3,4 godinki.
Jas i mm sme krsteni, mm ne e mnogu zaiteresiran deka mora da se krsti a jas sakam.
Moze i jas ke smenam mislenje do togash i ke ostavam na nego koga ke porasne da odluci,neznam user posted image
sasega mislam da go krstime.Sto mislite vie kolku e vazna krshtevkatauser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 427
   RE: Крштевка - колку е важна?
20.5.2014 8:49:22   
Defne90 RR
Јас сум воспитана во духот на христијанската религија и според мене крштевката е важен дел од неа.Мислам на тоа и се темели христијанската религија де.На крштевањето.Ние и двете деца ги крстивме по поминувањето на неполн месец од нивното раѓање.Овде кај нас обично децата ги носат на крштевање откако ќе им падне папчето и секако ако не е ептен студено па да се одложи за некоја недела.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 428
   RE: Крштевка - колку е важна?
20.5.2014 8:58:39   
deluxe
Крштевката е важна и тоа многу.Тоа е првиот свечен и важен чин на секој човек.Тоа е првото свечено влегување во црквата на секој Христијанин.Потоа следуваат уште два такви важни моменти во животот на секој крстен човек.Јас сум за крштевање на детето,колку помало,толку поубаво. Двете деца ги крстив на 1 година.Но како што кажа Дефне има места каде што бебето се крштева веднаш по раѓањето,и според мене тоа е најдобро.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 429
   RE: Крштевка - колку е важна?
21.5.2014 14:02:09   
Mila mamicka
За мене крштевката е многу убав чин. И двајцата со мм сме верници, крстени сме во црква, венчани сме, па така и синот си го крстивме на 6 месеци. Јас сакав и порано, ама девер ми не беше тука, а сакавме да присуствува. Правевме крштевка во ресторан, само со домашните, кумовите, старосватите и деверот од свадба. Во договор со нив, на кумот му купив часовник (5500 денари), на кумата кожна ташна и кожен новчаник (околу 5000), на ќерката нивна облека (3000 денари). На старосватицата и купив (знам дека не треба, ама ми беше желба) исто новчаник од Бата, а на старосватот и деверот им купив кожни ремени од Бата. Кумата ми даде пари, за јас да си го дотерам син ми како што сакам (беше преубаво дотеран од Окаиди), ми донесе златна алка за него, и торта. Сметам дека се треба да се прави со договор.  

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 430
   RE: Крштевка - колку е важна?
9.9.2014 16:53:09   
Dilina
Дали знае мамички некоја од вас колку се плаќа во црква за крштевање? Јас сакам што поскоро да си ја крстиме ќеркичката па прибирам информации :) Знам дека е можно секаде да е различно па затоа прашувам поточно за СК....

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 431
   RE: Крштевка - колку е важна?
9.9.2014 22:05:41   
Melanija RR
Најтазеuser posted image чини 3.000 ден, поделбата е 2.000 родители и 1.000 кумот,но по мене се е работа на договр.Две бели свеќи од по 50 ден и една жолта 15 ден.За црква дар сапун,зејтин и пешкир.Тоа е се

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 432
   RE: Крштевка - колку е важна?
9.9.2014 22:20:21   
Dilina

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Најтазеuser posted image чини 3.000 ден, поделбата е 2.000 родители и 1.000 кумот,но по мене се е работа на договр.Две бели свеќи од по 50 ден и една жолта 15 ден.За црква дар сапун,зејтин и пешкир.Тоа е се


Фала ти Меланија РР многу :) а зашто е сапунот? Онака некој адет или се бања детето со него, ако се бања да знам што да земам ... малце глупо прашање ама од кај да знам хехе user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 433
   RE: Крштевка - колку е важна?
9.9.2014 22:55:30   
sandriana RR
Ако добро се сеќавам, сапунот е за попот - симболично се отвора таму, во крстилницата. Значи, земи си било каков сапун user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Dilina)
Непосредна врска до пораките: 434
   RE: Крштевка - колку е важна?
22.9.2014 0:21:27   
nataly86
Планираме за брзо да правиме крштевка за малите...е сега за во црква знам дека треба крпа и сапун за попот, за кумавите дарови кога ке ги каниме...тоа е тоа или има уште?? за бонбончиња ме интересира ги порачувавте од каде колку или ги правевте сами???

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 435
   RE: Крштевка - колку е важна?
7.5.2015 23:27:02   
lukajana RR
Закажавме на роденден да правиме крштевка и сега се спремаме,облеката во црква ке си ја купам јас,и реков на кумата дека сум порачала за да не се натегаме зашто сакам сама да си одберам и се договоривме таа да си купи што сака друго,прашавме се плаќа 4000 и тоа 2500 родителите и 1500 кумот.
Сега сум во дилема што да купам за дарување ,за кумата мислев некоја убава колекција со парфем и нешто слично или накит Сваровски а за детето некоја убава играчка (има две години) или евентуално нешто облека.Ако имате идеа добредојдена еuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 436
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.1.2016 13:02:40   
LoveableMe RR
Деновиве има една актуелна тема, КЛИК тука, во однос на најновата забрана за крштевање на бебињата? Што мислите? Колку е важно ова за вас? Би се сложиле со ваквата забрана?

Мое мислење е дека крштевањето е избор на родителите и е важен чин во бракот, веднаш после венчавката во црква и мене не ми е логично да им се забранува на родителите да ги крштеваат детето. Навистина можеби кога ќе пораснат можат да одлучат дали сакаат да останат во таа вера или да преминат во друга, но сепак религијата е личен и интимен избор и не знам што им требало тука да се мешаат. А поготово пак уште повеќе ме нервира што се ограничиле само на христијанството, а знаеме дека во Европа живеат и луѓе со други религии. Што не им забранат нив да прават обреди од нивната религија за кои треба детето подоцна да одлучи во животот?

Јас сум за крштевање на децата, сметам дека е тоа важен чин и сум против оваа забрана.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 437
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.1.2016 14:40:46   
AneLav RR
Јас не сум претерано религиозна но основните христијански обичаи и големи празници си ги терам како што ме воспитале. Воспитана сум во христијански дух. И јас си ги крстив децата точно на годината.И според мене оваа одлука треба да биде на родителите, па децата кога ќе бидат полнолетни можат сами да си одлучат дали ќе останат во таа религија или не. Ако е така како што се пишува дека со самото тоа им наметнуваме религија , ние како родители им наметнуваме и храна и начин на облекување и начин на живот, а кој би ако не ние додека не ги осамосталиме. Според мене ова е жива глупост и мислам дека не треба да биде прифатена.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 438
   RE: Крштевка - колку е важна?
25.1.2016 15:13:44   
AnnaMolly RR
Еве од моја гледна точка, јас да си напишам како атеист мое мислење.
Син ми е крстен (а ние со мм сме венчани во црква затоа што тој си е верник и му беше многу важно).
Воопшто не ми пречеше да го крстиме во црква, зашто и јас сум крстена, па понатаму избрав да станам атеист. Да потенцирам дека не сум антихрист, никогаш не сум му зборела против тоа да верува, татко му го носи во црква, му збори за дедо боже, исто така и моите и неговите родители му зборав за вера и слично. Никогаш не сум ги прекинала или, пак, да ги карам или да го зборам спротивното.

За мене лично крштевката не е важна, ама доколку за верниците е важна, секако дека во никој случај не поддржувам нејзино забранување.
Всушност, не поддржувам забранување за ништо што е нечиј личен избор.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 439
   RE: Крштевка - колку е важна?
26.1.2016 18:09:18   
marchi
imam slusano deka koga nekoj saka da se venca vo crkva baraat krstenice od site vo familijata.nie sme vencani samo vo maticno.i sega ako e taka koga ke dojde vreme deteto da se venca tatko mu na 0 god ke se krsiti? ili pa nie dvajca pravoslavn i deteto ke cekame da porasne da si izbere religija? spored mene nema smisla toa sto go kazale tuku aj.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 440
   RE: Крштевка - колку е важна?
26.1.2016 22:11:19   
Hopeful RR
Не бараат за цела фамилија, само за младоженците. А и не бараат документ, туку само прашуваат.

Во однос на моето мислење за крштевка - мислам дека ако веќе се прави, барем да се почека додека е детето доволно големо за да му биде интересно и да памти, да може само да учествува во церемонијата. А не вака, кумот го држи во раце, го брцкаат во вода, па плаче... Некако ми е ко за туѓ мерак, штознам.

Јас имам комплексен однос кон верата, не би навлегувала, и сега за сега не планирам крштевка, посебно не додека се бебиња. Не сакам драми и свечености, трошоци и про форма работи, фрлање пари и ставање други луѓе во була... Ако се одлучам за крштевка, здравје понатаму, ќе смислам начин како тоа да биде симболично и симпатично, а не како мини свадба.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 441
   RE: Крштевка - колку е важна?
26.1.2016 22:20:46   
kapina
A zasto kako na svadba i sestra mi i deverot koga pravea krstevki na decata im bevme samo najbliskite i kumovite i tolku krstevka vo crkva i posle bo restoran na rucek i tolku i taka jas mislam oti e najubavo

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 442
   RE: Крштевка - колку е важна?
27.1.2016 11:46:51   
AneLav RR
Hopeful RR и првиот роденден е некаква свеченост и секако на него ги каниме најблиските членови од семејството и некои поблиски пријатели и повторно изгледа како мини свадба. А за да избегнеме дупли трошоци обично крштевката и првиот роденден ги правиме заедно така да исто ти се фаќа. Дали е како свадба , со трошоци, без трошоци(секој носи поклон колку што му се можностите),сепак мораш да ги поканиш најблиските. А чинот крштевање според мене треба порано да се направи ако веќе се прави, не знам што би им било интересно на децата доколку се поголеми, дури и од попот можат да се уплашат.Според мене глупост е и правење роденден во игротека на деца до 3 години. Колку може дете до три години да игра во игротеката и да ја иживее треба по него и до него да си.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 443
   RE: Крштевка - колку е важна?
28.1.2016 10:16:58   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Деновиве има една актуелна тема, КЛИК тука, во однос на најновата забрана за крштевање на бебињата? Што мислите? Колку е важно ова за вас? Би се сложиле со ваквата забрана?

Мое мислење е дека крштевањето е избор на родителите и е важен чин во бракот, веднаш после венчавката во црква и мене не ми е логично да им се забранува на родителите да ги крштеваат детето. Навистина можеби кога ќе пораснат можат да одлучат дали сакаат да останат во таа вера или да преминат во друга, но сепак религијата е личен и интимен избор и не знам што им требало тука да се мешаат. А поготово пак уште повеќе ме нервира што се ограничиле само на христијанството, а знаеме дека во Европа живеат и луѓе со други религии. Што не им забранат нив да прават обреди од нивната религија за кои треба детето подоцна да одлучи во животот?

Јас сум за крштевање на децата, сметам дека е тоа важен чин и сум против оваа забрана.

Навистина не ја разбирам потребата од ваква забрана, прво зашто и да не се крсти детето во црква, ако родителите се христијани, тие повторно ќе му ја наметнат религијата, ќе му зборуваат за верата и религијата во која веруваат, само што нема да може во црква да го носат. Второ, зашто ако детето кога ќе порасне сака да ја смени верата, може тоа да го направи, да се крсти во друга вера, односно да премини во друга вера која сам ќе си ја избери



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 444
   RE: Крштевка - колку е важна?
28.1.2016 10:39:10   
MamaKiki
hmm ne znam kako tocno da se izrazam ama ova mi doaga kako demokratijata da ne gi uskratuva demokratskite prava da si se izrazuvame kako sto ni e volja dali ke go krstat decenceto roditelite ili ne toa e nivno pravo na izbor.
jas sum za krstevanje na dete , sinko go krstivme na 9 meseci ubavo si pominavme maliov bas i ne placese saka kapenje , e sega momentot koga go izvadija od voda si poplaka user posted image ama nisto strasno, si bevme najbliskite, nashite roditeli, braka-sestri, kumot, deverot ,prvi bracedi i 3 parovi nashi prijateli.. okolu 50tina gosti imavme vo crkva bevme site, i posle si bevme na rucek vo restoran, sekovme torta i tolku user posted image
doma si imav namesteno masa kako za mini zakuska pa od kafana dojdoja 10tina gosti na kafe i taka...
ne beshe kako za svadba ama imashe troshook, iako gledavme da skratime kolku sto se moze i pak plativme okolu 1000 evra (mozi i ekstra nesto plus ) , boze zdravje i za vtoroto si sakam pred godinata da napravam krstevka.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 445
   RE: Крштевка - колку е важна?
28.1.2016 10:57:56   
sandriana RR
Зошто само Света тајна од Христијанството се смета за наметнување на религија не некој што не може да избира? И кога би се дозволило - во полнолетство? Во црква не смеат да вршат кршевање на малолетници? Тогаш не смеат да присуствуваат ни на литургии, служби и сл. церемонии?
Тогаш да се забрани и сунет, обрежување и сите останати церемонии што се вршат врз малолетници и во другите религии.


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 446
   RE: Крштевка - колку е важна?
29.1.2016 18:24:32   
mommy_angels RR
И таман ќе помислиш од сите глупости направија закони,тие еве ти ги ,инвентивни мајката,измислуваат глупост над сите глупости.
Прво како што викаат другите членови,ќе треба да се забранат сите религиски обреди од сите вери,а и друго кој може да му забрани на детето да смени вера кога ќе стане полнолетно?
Јас сум верник,но не тврдокорен,имам проблем со начинот на кој се поставени одредени работи во црквата,но сепак крштевањето ми е една од најубавите и најсветите обреди во христијанството.И мислам дека никој не смее да им го скрати правото на родителите да го воспитуваат детето така како што тие сакаат и мислат дека треба.Кога тоа ќе стане свој,самостоен човек секако му останува можноста да избере како и во што ќе верува во животот.
И друго,што правиме со тоа дека некрстен човек ,не треба да влегува во црква?!?
Ќе чекаме 18 години за прв пат да влезе ?!?
Е така не се негува ни христијанството,ни било која друга вера

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 447
   RE: Крштевка - колку е важна?
29.1.2016 18:34:14   
Defne90 RR
Крштевањето е првиот свет чин кога мало дете за првпат влегува в црква и ја прима религијата на своите родители.И никако не треба да се забрани и да се скрати тоа право на родителите.Значи родител е затоа, одговорен е за своето дете не само за крштевањето туку буквално за се.И воопшто не го сметам за наметнување на религија тоа што родителот ќе си го крсти своето дете и ќе го учи да ја нагува онаа религија на која и самиот тој и припаѓа.Ако е така значи треба да се забранат сите религиски обреди и тоа не само во христијанатвото туку и во другите вери.Што секако според мене нема никаква логика.Убаво е напишано погоре, детето откако ќе наполни осумнаесет години никој не може да го спречи да си ја смени својата вера и да се оддаде на друга религија.Според мене тотална глупост е ова и се надевам дека нема да стапи во сила овој закон.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 448
Страница:   <<   < Претходна страница  14 15 16 17 [18]
Страница: <<   < Претходна страница  14 15 16 17 [18]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?