Hopeful RR -> RE: Што кога мајката не го сака детето? (30.9.2015 21:20:01)
|
Се потресов од случаиве што ги наведе... Жалосно. Мајчинството сите некако го сфаќаме по дифолт, дека тоа е вродено кај секоја жена и дека не е можно да не си го сакаш своето дете, но за жал, мислам дека не е вродено... Зависи од контекст, карактер, животна ситуација, биологија, физиологија, психа на човек и куп други фактори, и едноставно, се стекнува и се учи, порано или подоцна. Некои пак, никогаш не успеваат во тоа и искрено мислам дека не се сите за да бидат мајки. На секое дете му треба љубов, внимание и топлина, и ако тоа не може да го добие од биолошката мајка, треба да му се даде шанса за друг дом и вистинска мајчинска љубов. Знам и јас примери на сомнителни мајки - едната, првата жена на чичко ми, ги остави децата со него, се премажи и има други деца, а овие ги игнорира. Другата е од поширокото семејство, го нема оставено синот, но го имаат изгледано бабата и дедото, додека таа не знам што правела наоколу, а сега се тужи со него и му прави толку проблеми што човекот, иако возрасен, искрено се плаши кога ќе ја види... За мене е незамисливо да не си ги сакам децата, но гледајќи ги лужето во мојата поширока околина, апсолутно родителството треба да биде свесен и одговорен чин, а не акт на спонтаност и слепило само затоа што "така треба". Не треба да се раѓа дете без да се посакува, а ако се случи тоа, да се биде доволно свесен и одговорен да му се обезбеди на тоа дете зрав и нормален живот, сеедно дали со оној што го родил, кој би се превоспитал себе си, или со некој друг што копнее по дете, а не може...
|
|
|
|