Веронаука во училиште - да или не (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Боцко -> Веронаука во училиште - да или не (19.5.2009 23:40:30)

Иако многу експлоатирана тема, би сакал да го знам вашето мислење, дали треба во училиштата да се изучува веронаука и зошто?

Јас лично сметам дека нема потреба. Како воншколска активност е во ред, но во организација на МПЦ, ИВЗ итн вон училиштата. Со пари од даночните обврзници владата да организира во училиштата по мене не е во редл.




mami -> RE: Веронаука во училиште - да или не (20.5.2009 8:28:07)

тука те поддржувам...ако некој сака да учи тоа треба да биде по негова желба а не некој да му ја наметнува со оцена и испрашувања..нека си има организирано во црквите и џамиите и синагогите и каде и да било и нека оди кој сака




Еца -> RE: Веронаука во училиште - да или не (20.5.2009 17:59:42)

Боцко, мами ги потпишувам вашите коментари, иако сум многу религиозна, сепак сметам дека сте потполно во право[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




mami -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 10:53:15)

Како сте по ова прашање? ЈАс сеуште си стојам на тоа дека не треба да биде во училиштата




profesorica -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 11:09:35)

нема потреба според мене.може факултативно да биде за оние што сакаат само.




ananikol -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 13:48:34)

Definitivno-ne!!!!!
Ne,za onoj nacin na koj sto toa predlozeno, da se delat decata od eden ist klas  koga ke treba da se odrzi casot po veronauka pa hristijancinjata  vo eden kabinet a muslimancinjta vo drug pa posle problemi-pa normalno.
Ami mene mi se sviga principot po koj ucat ovde,site zedno na eden ist cas ucat za razni regligii i znaat deka osven hristijanskata i muslimanskat vera postojat i mnogu drugi i site gi pocituvaat.
Sinceto znae kako da im go cestita i Ramazan i Kurban Bajram na edno albansko smejstrvo koe zivee vo blizina ili na drugarcinjata koi se muslimanska vera na skolo a toa go nauci na skolo.




arh_diz -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 13:52:23)

jas mislam deka netreba da ima redovna nastava fakultativna moze koj saka neka uci nemam nisto protiv




Палешка РР -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 13:56:59)

И јас сум религиозна, но никако не сум за веронаука во училиштата. Сметам дека тоа е затупување на децата. Ако некое од нив во текот на животот се одлучи за таков позив може, но вака сите да бидат приморани да учат не е фер. И да се работи за историја на религии против сум, бидејќи тоа се изумрени науки.




mother 29 -> RE: Веронаука во училиште - да или не (17.12.2009 13:58:52)

КЕ СЕ ВРАКАМЕ НИЕ 100 ГОДИНИ НАЗАД,ако се на мисла нешто да воведуваат нека воведат сексуално образование![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]од тоа барем нешто корист ке имаме![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1]