profesorica -> Дали лесно/тешко се откажувате од нештата? (17.11.2009 13:07:13)
|
животот е полн со предизвици и ненадејни ситуации кои понекогаш немилосрдно ни се испречуваат на патот и ни поставуваат незамисливи бариери, кои, во тој момент мислиме дека НЕ можеме да ги поминеме.... Дали откако ќе ви се испречи нешто на патот наоѓате сили и го поминувате па макар и да ви треба подолго време или спремни сте едноставно да се откажете од ,,работата,, што сте го започнале... неки велат дека тоа е до ,,инаетот ,, на човекот....некои упорноста...амбициите... се сложувам дека голема улога игра карактерот на човекот ....но што се случува кога постојано за една работа се поставуваат потешки и се потешки бариери....???
|
|
|
|