Што по неуспешно ИВФ? (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> Што по неуспешно ИВФ? (2.11.2015 11:37:04)

Отворам нова тема, во која ги ставам сите линкови од испитувањата и методите кои се прават по неуспешно ИВФ. Ова е од досегашните искуства на многу рингерајки и од она што се применува во светот. Секако дека некогаш не мора да се прават овие испитувања и следното да биде успешно, но кај повеќе неуспешни ИВФ, потребно е да се направат некои од овие испитувања, или да се применат одредени методи, со цел наредниот пат да биде успешно.

Генетско испитување

ХЛА типизација

Антиспермални тела

Гребење на матката за поуспешно ИВФ

Хистероскопија

Ендометриска рецептивност на матката и ко-култура

ПГД и ПДС

ДНК фрагментација




SOLE -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (2.11.2015 13:01:23)

LoveableMe RR, супер тема, браво, секако дека на некоја рингерајка ке помогне, еве јас и овде ке спомнам дека мене после три неуспешни инвитра убедена сум дека ми помогна хистероскопијата (иако беше само диагностичка пошто немав никакви индикации за неа) при што истовремено ми направија и гребење на матката (скречинг), ова на сите го препорачувам! Инаку правев и комплетни генетски и имунолошки анализи ама мислам дека на тоа не обрнуваат внимание докторите многу, во мојов случај барем така беше пошто кога му ги покажав на Петановски ги разгледа онака формално и ништо конкретно не искоментира.




brm_brm -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (2.11.2015 13:51:21)

Браво за темата.
Да Соле во право си, и јас имам правено на имунологија генетски испитувања, имунилошки, хла типизација,....но никој од д-р не обрнува внимание на нив, со образложение дека тоа е генетика и против тоа не се може, но сепак не се на одмет да се направат




LoveableMe RR -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (2.11.2015 16:24:56)

Фала ви рингерајки, ја отворив зошто многу членови лутаат по форумиве дури да најдат што ги интересира од оваа проблематика, вака се на едно место има. А отворив и нови теми и методи кои не ги има сите кај нас, но ги има во странство и може многу да помогнат за многу рингерајки.

Во секоја од нив ќе ставаме постови од некоја што поминала низ тие процедури, таман повеќе искуства ќе придонесат повеќе рингерајки да се решат за некој метод/процедура.




Pinky30 -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (3.11.2015 12:50:02)

Bravo LoveabkeMe za temava :) na mnogu ke ni pomogne sto imame neuspeshno ivf i sto sme vo ponatamoshna postapka.Ti blagodaram mnogu




MademoiselleNina -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (4.11.2015 17:49:08)

Браво за темава! Токму тоа и ни требаше.
Инаку јас после моето неуспешно ивф, бев на разговор кај Ивановски, на мое инсистирање и прашав што треба следно, и рече да се направат генетски испитувања, кариотп, мутации и хла.
И ги направме, во меѓувреме поднесовме за ваучер и го добивме. Денес бев на разговор кај Ивановски, инаку одлучивме поворно кај него да одиме, некако рековме ај уште една шанса да му дадеме, а и тој на нас.
Следно ќе правам повротно хистероскопија за отстранување на полип (повторно, во 2013 правев еднаш, сега пак го има)
Но тоа е. Идеме понатаму.
Здравје кон крај на месец ке биде интервенцијата.
Поздрав, до сите храбри и упорни РР рајки.




Хепинес -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (27.4.2017 9:34:55)

Здраво на сите
Нова на форумот, мозе и не е несто сто е за темава. Салам да прасам за производ кој го видов на ФБ. Дали некоја има несто користено вакво. Да сподели искуство. Во борбава наса се несто сме спремни да пробаме. После 4 неуспесни ИВФ обиде.

За мене позитивно искуство е практициранје на ЈОга и топло ја препорацувам.
Поздрав на сите !




Хепинес -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (28.4.2017 12:50:05)


https://www.facebook.com/bioshoponline/photos/a.1845752625662000.1073741828.1845695255667737/1917761958461066/?type=3&theater

Linkot e ova za proizvodost. Ve molam dali nekoja koristela od proizvodive




kate.. -> RE: Што по неуспешно ИВФ? (3.11.2018 14:23:08)



ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE

LoveableMe RR, супер тема, браво, секако дека на некоја рингерајка ке помогне, еве јас и овде ке спомнам дека мене после три неуспешни инвитра убедена сум дека ми помогна хистероскопијата (иако беше само диагностичка пошто немав никакви индикации за неа) при што истовремено ми направија и гребење на матката (скречинг), ова на сите го препорачувам! Инаку правев и комплетни генетски и имунолошки анализи ама мислам дека на тоа не обрнуваат внимание докторите многу, во мојов случај барем така беше пошто кога му ги покажав на Петановски ги разгледа онака формално и ништо конкретно не искоментира.
posle kolku vreme od grebenje na matkata e preporaclivo da se pravi ivf





Страница: [1]