LoveableMe RR -> RE: Предимплантациска генетска дијагноза (17.11.2015 13:59:16)
|
PDG секако дека не треба да се прави кај сите, туку само кај тие што имаат проблематични наследни болести во семејството, но PGS секако дека е препорачливо, но за тоа треба стручност, апаратура и сл. ПГС е топло препорачан за парови: - ако жената е над 35 години и има зголемен ризик (поради годините) за ембриони со хромозомски абнормалности (пр. Даун синдром и сл.) - доколку жената, без разлика на годините, има семејна историја на хромозомски проблеми - доколку жената има историја на повторувачки абортуси - доколку жената има неколку неуспешни циклуси на ИВФ по трансферот на ембриони - доколку мажот во неговата сперма има висок ризик со хромозомски проблеми Но, мислам кај нас не сум слушнала да прави некој ПГС и колку тоа чини....
|
|
|
|