|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   ДНК фрагментација
2.11.2015 12:05:13   
LoveableMe RR
" Кое е значењето на овај тест:

Со овај тест ке се добие реална анализа на ДНА интегритетот на спермата со која ке се овозможи да се идентифицира машкиот парнер кој носи ризик да оплоди јајна клетка или ако се оплоди покасно да имаме неуспешна бременост која ке заврши со спонтан абортус. Ова е особено важно кај мажите со нормален спермограм.Инаку мажите со послаб спермограм имаат поголеми шанси да имаат повисок процент на ДНА фрагментација.

Што ке се случи ако партнерот има висок процент на ДНА фрагментација а се добие бременост:

Нормална бременост може да се случи кај паровите каде машкиот партнер има висок процент на сперма со ДНА фрагментација. Тој ембрион каде спермата има висок процент на фрагментација има лоша прогноза. Податоците и искуствата на многу експерти во оваа област покажуваат дека можат да се јават најразличен тип на мутации резултирајќи во застој на ембрионот во развојот кога не може да достигне до стадиум на бластоциста во лабараторијата за ИВФ, потоа се добива доколку жената забремни спонтан абортус, аномалии кај новороденото и дури и канцер во млада возраст. Заштита од ДНА фрагментација може да се постигне со помлади јајни клетки кои се поспособни за ДНА репарација на дефектните сперматозоиди отколку старите јајни клетки. Затоа паровите кои лечат неплодност каде ДНА фрагментацијата има висок процент имаат подобра прогноза ако партнерката е помлада.

Причини за ДНА фрагментација

Голем фактор за сперм ДНА фрагментацијата е оксидативниот стрес. Други фактори се:
инфекциите, фебрилни состојби, зголемената тестикулартна температура, диетата, примена на дрога, пушењето, смогот од надворшната средина, напреднатите години, проширени вени на тестисот...

Кај кој машки пациенти се прави овај тест.

Овај тест се прави кога имаме неплодност од необјасниви причини (идиопатска неплодност) застој во растот на мебрионите во ивф лабораторијата(ембрионот не може да достигне до балстоцист стадиум 5 ден од пункцијата) повекепати неуспешен ИВФ повторувачки абортуси кај партнерката ( recurrent miscarriage in partner), постари години варикоцела ( varicocoele-проширени тестикуларни вени) кај мажот мажи со нормален и лош спермограм.

Лечење

Некои случаеви на ДНА фрагментација не можат да се лечат,но ако пореметувањето е предизвикано од стрес од слободни раикали промена на начинот на живеење и диетата можат да го намалат нивото на ДНА фрагментација.Ако постои инфекција третманот со антибиотици исто така ќе помогне. Доколку постои варикоцела оперативен третман на проширените вени може да помогне. Треба после терапијата втор ДНА тест да се направи по три месеци .Се смета дека семето во тестисите е поздраво во однос на ДНА фрагментацијата во тестисите отколку кога излезе од тестисите и се задржува во резервоарот-епидидимисот. Затоа кај овие случаево се препорачува ТЕСЕ(земање материјал директно од тестисите).Најефективен третман е сакако ИКСИ третманот а не обичен ИВФ.Затоа кај партнерите со висок процент на ДНА препорачуваме исклучиво ИКСИ-ИВФ .Овие парови не треба да прават ИУИ(интраутерини инсеминации) бидејки ќе имаат неуспех.Затоа кај сите парови кои што лечат неплодност заради обврските кои ги имаат ако сакаат да прават ИВФ преку ФЗОМ мора да направат 4 инсеминации Со овај тест доколку е позитивен ќе ги избегнат инсеминациите.
Со овај тест ке се детерминира колкав е процентот на сперматозоиди кои имаат фрагментација а тоа ке значи нивно оштетуванње.

Ако ДНА фрагментациониот индекс е:

<15% - ДНА фрагментација на сперматозоидите - добри резултати
<15-25% - ДНА фрагментација на сперматозоидите - помалку розова перспектива може сеуште доста добри резултати да има
>30% - ДНА фрагментација на сперматозоидите фрагментација- многу тешко може да се добие и одржи здрава бременост дури и ако се прави ивф.
ДНА сперм фрагментациониот тест не е дел од нормалното испитување на семето кое го правиме кога го испитуваме машкиот партнер кога иследуваме број, морфологија,подвижност За жал и кај нормозооспермично семе-семе со сите горенаведени парамтери ако се уредни можи да постои ДНА фрагментација затоа:
Доколку се обидувате да зебремените подолго време а спемограмот е нормален и се исклучат сите причини за неплодноат,ако имате повторувачки абортуси ако имате неуспешни ивф обиди потребно е да го направите овај тест.

Сите горни вредности корелираат со концепција во природен цилуси или со инсемниција Ретко може да се донесе бременост до крај кај пациенти со висок % ДНА фрагментација на сперматозоидите а кај овие пациенти чести се абортусите.Затоа пациентите со повисок процен од 25% на ДНА фрагментација на сперматозоидите за да горедуцираат овај процент ке мора да го променат стилот на животот начинот на исхраната или да избегнат непотребни инсеминации и директно да правата ИВФ-ИКСИ за да имаат поголем успех."

Извор: Плодност Битола
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: ДНК фрагментација
3.11.2015 15:14:50   
Melanija RR
Зарем и ова постои.Гледам извор Плодност, го прават они ова испитување?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: ДНК фрагментација
3.11.2015 16:29:49   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Зарем и ова постои.Гледам извор Плодност, го прават они ова испитување?


Да, затоа го цитирав од нивниот сајт, очигледно дека почнале да прават, а за пари не знам, некоја рингерајка нека пише, јас подоцна ќе прашам. А во странство го прават ова од поодамна. Во РМ секогаш се проблем парите за скапа опрема и големо искуство и обука на ембриолозите и гинеколозите за вакви работи....


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?