Сосови (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


marchi -> Сосови (5.11.2015 11:37:16)

Додека сум на на темата храна многу голем љубител сум на сосови. И не сретнав таква тема. Па еве решив да отворам тема каде што може да споделувате дали и какви сосови правите и рецепти за истите.




bucko mal -> RE: Сосови (5.11.2015 11:43:31)


Sakam sosovi I dosta gi koristam. A I drugite po doma ne sakaat mesoto da im e suvo. Kupuvam gotovi samo vo vrela voda gi rastvaram. Najomilen mi e bel sos za zelenchuk. Zelencukot ke go podvaram I odozgora sos mmmmm
E sega kolku se zdravi ovie sosovi toa e veke druga tema [sm=jezicek.gif]




lukajana RR -> RE: Сосови (5.11.2015 17:15:03)

Сосовите се неизбежни кога правам тестенини или месо .
За тестенини најчесто правам сос од доматно пире во кое додавам кромид,лук ,морков магдонос и босилек иситнети на блендер ,претходно пржам мелено месо и печурки и го додавам доматниот сос и оригано.
Го ставам врз шпагетите и по желба наросувам пармезан или магдонос.

Бело месо сечкам ситно и го мачкам со сенф па го оставам да отстои во благо млеко .
По еден час го пржам заедно со свежи печурки .Од зачини ставам лук мелен ,бибер и вегета.
Кога ке се испржат убаво додавам павлака и варам уште малку па додавам магдонос.
Здрава храна [sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: Сосови (7.2.2016 17:09:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kati

а како се прави тартар сос?

ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna_kr

Tartar sos se pravi od kiseli krastavicki, majonez, malku pavlaka, magdanos,malku senf i malku limonov sok.





lukajana RR -> RE: Сосови (8.2.2016 0:29:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Еве еден рецепт за сос за макарони, многу е брз, едноставен и многу вкусен

Потребни состојки
30 гр путер
250 гр благо млеко
4 зденки(јас ставам 3)
оригано
1 павлака

Прво се ставаат путерот и млекото на загреана рингла, кога ќе се растопи путерот, се додаваат зденките, кои претходно ги пасираме, мешаме да се растопат, се додава оригано. Се трга од оган и се додава павлаката, се меша да се добие еднолична смеса.
Потоа може да се измеша заедно со макароните или да се служи одделно

Пробајте еднаш и често ќе го правите

Бон апетит[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Некое лесно рецептче за сос за макарони и шпагети,готовите не ги бива.Да е малку погусто и да не е со хопла [sm=smiley36.gif] таков знам
Некој денес спомна дека е по макароните а тоа докторите викале да не се јадат[sm=smiley1.gif] рани душа да те слуша [sm=bravo.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

Меланија сакаш бел сос или било каков? Јас најчесто правам болоњезе, а бел кога правам само со павлака и малку млеко, не ставам хопла. Т.е јас хопла и не користам, не ми е убава.
Е сега болоњезе вака правам: Рендам кромид,морковче, ситно сецкана пиперка, пропржувам и додавам мелено месо. Кога ќе се испржи убаво месото ставам доматен сос. Ставам зачини (сол,оригано,црн пипер) и на крај една лажичка сенф, тоа го згуснува.
А белиот со сувомеснато го правам (свински врат,печеница,сланина) зависи што имам. Сецкам,пропржувам, додавам павлака измешана со малку млеко, зачини пак и готово. Ако е течен интервенирам со малку брашно растворено со вода.[sm=smiley1.gif]
Ете така, мене ми се овие два екстра лесни и вкусни. А инаку и во двата може да се стават печурки доколку сте обожаватели.



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Меланија, имаш повеќе варијанти:

- доматен сос: со доматен сос (во тегла од "Македонија" на пример), можеш да додадеш лук, кромид, оригани, црн бибер, печурки, а потоа можеш да додадеш сирење/месо/салама, итн.

- бешамел (лажица путер/една зденка се пропржува со малку брашно и се додава млеко, па потоа зачини оригано, црн бибер, сол, кари, пармезан и сл. и се додадваат печурки/салама/сирење друго и сл.



ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

Eve domakinki recept za domasno Pesto, jas doma cesto go pravam i ubavo odi i so testenina svarena ili na potpeceni lepcinja so prsut i mocarela/kaskaval.

1 kitka svez bosilek(sega mu e sezona)
70 g rendan parmezan (jas zemam od onoj vo kam paketceto mislam deka e 100g)
1/2 paketce lupen soncogled (moze da zamenite i so indiski orev ali ova e poevtina varijanta)
maslinovo maslo po potereba ke vidite koezistencija na pestoto
2-3 cesninja luk
i sok od 1/2 limon
Seto ova go blendirate dodeka da dobiete mazna smesa kako pasta. Kolicinite mozete da gi varirata po zelba.







marchi -> RE: Сосови (14.2.2016 14:17:15)

aaa....mene me interesira recept za bel sos.nekoj mi ima spomnato deka se pravi so pavlaka za gotvenje,ne kkisela pavlaka ne slatka...ne znam kakva e taa ako nekoj ima konkreten recepr slobodno neka spodeli,dobredojden e [sm=smiley36.gif]




Страница: [1]