sandriana RR -> RE: Психотерапија - совети и искуства (18.11.2015 19:39:23)
|
Ајде сега јас конкретно да го споделам мојот проблем, кој и те како ме тангира, и се трудам да најдам соодветно решение, но не сум сигурна дека знам каде да го барам. Всушност, ова е проблем на моето потесно семејство. Момчето има 33 години, високо образовано, вработено и ситуирано. Мислам дека проблемот се разви последниве месеци (помалку од 1 година) како резултат на притисок дека нема девојка, а време му било да се жени - типична појава на дужебрижници во нашево опкружување. Момчево (интровертен тип од секогаш), осетлив (што би рекле народно) по природа, и да не навлегувам во други детали на анализа на личноста, потпаѓа под притисоков и доживува психички крах во форма на параноја. Ја забележав во умерена форма пред 2-3 месеци, се обидов да повлијаам јас, но неуспешно, и паранојата го доживеа врвот пред 3 недели, кога на негово барање го однесов на хоспитализација. Доби општа дијагноза на минлива акутна психоза, 2 недели болнички третман и сега е веќе 1 недела дома, само на медикаментозна терапија, која ги регулира симптомите на параноја (ги нема веќе). Но, се уште е далеку од состојба да може да функционира сам - не сака да седи сам дома, добива панични напади, тресења и вознемиреност, несигурност во себе дека ќе ја надмине состојбава. За психотерапија не рекоа ништо конкретно, те, може да се договори со психолог малку понатаму. Јас лично, како лаик, сметам дека од психотерапија би имал полза, да научи да се справува со можните кризи и да научи да живее со состојбава. Дали има некој искуство со ваква или слична состојба?
|
|
|
|