|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хернија (кила)
2.12.2015 15:43:05   
vezilka RR
Кила или хернија (латински: hernia) е испупчување (испакнување) на перитонеумот надвор од стомачната шуплина, во која можат да бидат и делови на стомачните органи. Надворешната кила се испупчува низ стомачниот ѕид под кожата низ преформирани отвори (килна врата) или низ отвори настанати од повреда, операција и сл. Испупчениот дел на перитонеумот (килна вреќа) поминува низ вратата или каналот на килата, и во него како содржина се наоѓаат стомачните органи, најчесто црева, стомачната кошулка (марама) и др.
Кај внатрешната кила килната врата и вреќа се наоѓаат во самата стомачна шуплина и не излегуваат надвор од неа.
Природена кила се создава заради мани во развојот на некои делови од телото (на пр. кила кај папочната врвца, природена препонска кила и др.), додека во текот на животот кила се стекнува обично заради ненормални анатомски односи на идните килни врати, односно канали. Кила настанува и од силно напнување на стомачните мускули (кашлање, работници-носачи и дувачи на стакло).
Болните, кои боледуваат од кила, често имаат чувство на напнатост и непријатност при одење и станување, патат од обструкции, имаат повремено болки. Со време содржината на килната вреќа сраснува со ѕидот на вреќата, со што се отежнува состојбата на болниот. Во килата можат да се развијат воспалителни промени, може да дојде до застој на столицата и, што е најопасно, компликација на килата, до уклештување. Уклештувањето на килата го загрозува животот и единствено успешно се лечи со итна операција. Излегувањето на килната содржина може да се спречи со појас за кила (брахериј). Килата успешно се лечи со оперативно отстранување на килната вреќа и пластично покривање на килната врата, односно канал. Најчести се препонските кили (hernia inguinalis, т.е. ингвинална кила), феморални кили (кила на надколеницата), потоа папочни кили (кај мали деца и дебели жени), кила на браздата на стомачниот ѕид (вентрална кила), кила на дијафрагмата (хијатална, кила кај која килната вреќа влегува во градната шуплина) и др. Кај лажна кила (hernia spuria) се испупчуваат органите на стомачната шуплина низ отворот на стомачниот ѕид без содејство со перитонеумот. Поимот кила го вклучува и испупчувањето на градните органи низ ѕидот на градниот кош (хернија на торакалниот ѕид), испупчување на мускулите низ отворот на мусклулната обвивка, испупчување на содржината на черепната шуплина низ дефекти во черепните коски и др.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хернија (кила)
2.12.2015 15:44:34   
vezilka RR
Споделете искуства и кажувајте препорака за дигестивен хирург оти мажле треба нареден месец да го пратам на операција.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хернија (кила)
8.1.2016 18:53:34   
Estera
Јас си имам искуство со моето второ детенце, пред две години на син ми му потече мешето и под хитно завршивме во болница утврдија дека е кила. договоривме операција се среди сето тоа. бевме во болница ден ден се си беше во ред па истиот ден не пуштиа дома. закрепнавме бргуи без компликации. Ненапоменав синчето ми беше 4 години. еве сега си е супер и нема никаквиа проблеми.
Е сега кај мене се појави кила со Четвртата бременост, некаде во 8 месец се појави. Ми беше мака за одење кога ке се преморев. Др која ме породи ми рече да поминат барем две години и после да размислувам за операција (тоест ке биде некаква си пластична операција за естетика, па кај мене и е потребна естетика хех хехе да се нашалам малку.
поздрав.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хернија (кила)
20.1.2016 15:17:28   
vezilka RR
Дечки, мажле го оперираа во понеделникот од кила. Се одлучивме за Др. Галевски од 8ми Септември. сега за сега сме задоволни од него. Сега закрепнува, уште е во болница, до петок ќе седи таму. Тоа што м зачуди е дека докторов лом го напраи зошто носел појас, за разлика од другите кај кој одеше предходно, кои му го препорачаа појасот. Тој рњече никако појас оти го атрофирало местото и потешко било и за опрација и за заздравување после операција. Ај ќе видим како ќе се одвива.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Estera)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хернија (кила)
20.1.2016 21:01:08   
lolla RR
И моето бебче има ингвинална вродена хернија која ке мора да се оперира. Засега одиме на контроли на детска хирургија се надевам дека ке биде испланирана операција а не итна. Естера фала на искуството.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хернија (кила)
20.1.2016 22:33:21   
Hopeful RR
И кај нас едното бебе е со кила. Прво имаше хидрочела па после излезе дека е кила, со тоа што бидејќи е мал, на хирургија ни рекоа да почекаме уште некој месец, можно е да се затвори само, ако не, операција...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?