Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


mother 29 -> Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (18.11.2009 14:26:52)

После овулација од остатокот на прснатиот фоликул ( еден или повеќе ) се создава жолтото тело. Тоа произведува важни хормони за трансформација на ендометриумот - Прогестерон и Естрадиол. Тие треба за 5 - 7 дена идеално да го подготват ендометриумот за инплантација и рана бременост. Жолтото тело мора правилно да функционира најмалку 11 дена.
Ако не настани бременост , жолтото тело полека престанува со функцијата, паѓа вредноста на Е2 и P4, ендометриумот почнува да се лупи и се исфрла со менструација.
Ако дојди до бременост , зачетокот ( трофобласт ) создава HCG кој ја одржува функцијата на жолтото тело.




ripce -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (19.11.2009 1:55:02)

еее со овие фазиве не утепаа во средно... моравме да ги пееме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




mami -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (19.11.2009 7:49:45)

супер, Анице...ајде да видиме што си научила, твојот одговор можеби некому многу ке помогне




mother 29 -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (19.11.2009 13:04:43)

Како што рековме жолтото тело произведува хормони кои треба да го припремат ендометриумот за имплантација.
После аспирација на повеке ооцити (јајни клетки) и користење на хормони за индукција на овулација ,функцијата на жолтото тело често е .
Затоа по правило после сите симптоми на потпомогната кои ги користи ХМГ во втората половина на циклусот потпомага жолтото тело.
Најчесто се дава прогестерон преку уста , со инекции или вагинално.Тој е природен хормон кој ја одржува бременоста и нема никакво штетно дејство на плодот. Се дава редовно и секојдневно во текот на 12-14 дена. Прогестеронот има несакани ефекти само кај 20 % од пациентките.Тие нус појави би биле:
  • подуеност
  • собирање на течност и зголемување на тежината
  • набрекнати и осетливи гради
  • главоболка
  • осип,чешање
  • акни
  • осетливост и депресија
  • опстипација ( запек )

Освен прогестеронот во фаза на жолтото тело се дава и ХЦГ.Со повекекратна или еднократна примена се поттикнува жолтото тело на јако произведување на прогестерон.
Во фаза на жолтото тело пациентката можи да примети мало крварење ,сто не треба да укажува на неуспешен обид.
Мачнина и проблеми специфични за бременост се чести во фаза на жолтото тело.
15 дена после трансферот се препорачува да се одреди бета ХЦГ хормонот во крвта или во урината.
Ако тестот е позитивен тогаш се работи за почеток на бременост.Пациентката треба да се јави во И В Ф центарот и понатаму да користи прогестерон.
Ако тестот во двата случаи е негативен ( после два дена) треба да се прекини прогестеронот .
Два до пет дена покасно пациентката ке добие менструација.
Пациентката кај својот лекар и во ИВФ центарот треба да се јави и ако има:
  • јака болка
  • зголемена температура над 37С
  • јако крварење ( пообилно од менструација )
  • тешко дишење , лупање на срцето , тахикардија
  • поозбилна мачнина и повраќање
  • пораст на телесната тежина за 2 - 3 кг и повеќе
  • растење н а стомакот и напнатост
  • намалено мокрење
  • затвор или пролив
  • на УЗВ преглед - течност во стомакот и јајниците поголеми од 8 - 10 цм
  • општа лоша состојба




LoveableMe RR -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (17.2.2015 15:44:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

да,трансферот беше на природен циклус...после тоа ми рекоа утрогестан вагиналети,нели тие се прогестерон да ставам од вечерта после трансферот,а ги почнав ден пред трансферот но на почетокот ги пиев значи 4-5 пати испив за да сум бидела чиста.знам зошто ме прашуваш,и ти како мене се плашиш да не не сме доволно поддржани со прогестерон??? и јас помислив на тоа,ама си велам овие утрогестанов можеби се подобри бидејќи три пати на 8 саати ги ставам,а со кринонот гел еден век ми поминуваше дури да дојдеше времето за ставање.



ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

.....Купени ми се утрогестанот, решена бев место кринон нив да ги ставам, имам неколку кринона од претходно, мислев да ги дотрошам, само се мислев дали да почнам со утрогестан сега пред трансфер или после трансфер Кажи ми ставаш и потоа лежиш колку време по ставањето утрогестан? Читав некаде жениве лежеле по еден саат од ставањето?[sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

НЕ МИ ДАДЕ ПРОГЕСТЕРОН ДЕПО...САМО УТРОГЕСТАН...СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДИ ДОВОЛНО...
А ЗОШТО НЕ САКАМ КРИНОН ГЕЛ...ЗАТОА ШТО МИСЛАМ ДЕКА ПРИ БРИШЕЊЕ ВО ТОАЛЕТ СИОТ ГО НАЈДУВАВ НА ТОАЛЕТОТ И ИМАМ УПЛАВ ОД НЕГО...НАПОМЕНУВАМ ДЕКА ОВА Е ИНДИВИДУАЛНО.


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Истото ми го кажа Петановски, дека има пациентки кои се жалат на кринонот исто како ти и затоа нив рече им давам утрогестан, а другите кои немаат таков проблем, им давам кринон. Така што, да, индивидуално е, ама јас сум изгледа повеќе како тебе[sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Хмм... и мене ми излегуваше кринонот на бришење и многу ме нервираше, ама сепак ок поминав со него, фала богу, го примав до 13 недела од бременост... Секое тело различно реагира, да. Инаку јас примав по пола ампула на секој четврти ден, во исто време, и тоа така продолжи и после срцева акција. Потоа ја зголемија дозата на цела ампула секој четврти ден заради хематомот и опасноста од спонтан, а откога се повлече по еднаш неделно. Последниот пат ми рекоа може и на 10 дена, но се уште си одам еднаш недело по цела.



ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Mene mi kazaa koga pravev ifv vo Plodnost da stavam utrogestan 3x1 od 200 demek taka sum bila poveke pokriena vo tekot na denot. Mi naglasi Tase ne crinone tuku utrogestan. Isto primav utrogestan i koga imav hematom. Znam samo deka po tri pati se miev race ubavo pred da stavam vaginaleta i pod noktite isto detalno i znam zasto sum panicarka uste ne sum lakirana na noktite. Moze nema vrska ama filmovive sto si gi pravam se ubistvo pa delce od lakot da ne ispadne pa da ne doprev nesto otkako se izmiv abe za nikade sum.
A znam sigurno deka nema nesto steta i prog. depo da se stava od pocetok zasto sekoj razlicno nekoj ima pomalku nekoj poveke progesteron. Jas se uste primam inekcija na 4 dena sega na 5 ke zgolemime. Obicno po 12ned se prekinuva i utrogestanot i prog. depo a jas celo vreme sum so ovaa terapija a veke vlegov vo 20 ned. I otkako stavav utrog. lezev 1 cas najmalku.


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadez vera ljubov

i mene krinonot mi izleguva od sabajle na toalet ama i navecer koga se brisam uste izleguva po moe toa sto izleguva odsabajle ne e celiot krinot.inace mene mi e podobro so krinone kako sto imam mali prsti kratki neznam kolku utrogestanot sum go stavala( na predhodnite ivf)dovolno dlaboko a vaka so aplikatorceto e super.mene progesteron depo mi dade tek posle pozitivniot test preku krv na 4 dena primiv 3 posle bev na kontrola da se potvrdi bremenost na eho mi gi prekina mi rece da ne se bockam da prodolzam so dabroston 2 x1



ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

sega malku me zbunivte so progesteronov depo...mene ne mi spomna voopsto za niv...i sega se mislam zosto ne mi rece...imam sekret i od utrogestanot na vesot...aj spodelete iskustvo dali vie sto ste stavale utrogestan imavte iscedok na vesot.



ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Za toa kolku dlaboko se stava utrogestanot nema nekoe pravilo so eden prst vaginaletata ja stavam do pola prst mi idi nekako i taa si se topi vnatre i si odi kaj sto treba. Porano koga primav klomifen znam i togas stavav utrogestan i znam ednas ne ja staviv sigurno ubavo ili dovolno dlaboko i znam pocustvuvav dodeka lezev deka mi padna . Zatoa od togas znam ako ne e ubavo stavena sekako ke padne nema da se absorbira. Mene pak od crinoneto mi e strav zasto nemav custvo kolku dlaboko go stavam i da ne grebnam nesto so toa plastikite i go prekinav. Ednas samo staviv a mi go dadoa zaradi hematomot samo navecer a vo tekot na denot utrogestan.
Znaci eve kaj mene ne bese dovolen samo crinone tuku i utrogestan i inekcii a Hopeful samo inekcija primase i crinone a taa imase duplo od mene pomal hematom. Zatoa sekoj razlicno go absorbira progesteronot i nekoi i do kraj na bremenost go prima zasto ima nedostatok od istiot.


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Се случува весник да тече, не се секирај, а за прогестеронот може сметал дека за тебе не треба. Ако сакаш да си насигурно, прашај ја сестрата во Систина дали да примаш и ќе бидеш мирна. Во секој случај овие дена си покриена со инекциите од трансфер.



ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Normalno e da se ima iscedok od utrogrstanot jas imam nekogas potecen nekogas kako grutcinja mali. Kolku sto mu treba na teloto si zema drugoto si istekuva nadvor. Samo imam zabelezano deka koga se dvizev poveke imav i iscedok poveke i zatoa lezam obavezno eden cas potoa.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Има исцедок и од кринон, и од утрогестан, и нормално е тоа, таман работа се да апсорбира. Ок ајде, првите, вторите дози, но потоа се насобира. Притоа, матичната ми објасни дека дејството на кринон (а сигурно и на утрогестан) е хемиско, не физичко, и ништо не значи ако остане грутче или некаков друг исцедок, секако телото си го зема.

Во однос на апликација, не сум ставала утрогестан, но во споредба со други вагиналети, кринон ми е каде-каде полесен за ставање, и мислам дека и подлабоко оди. И да, факт е дека секој различно реагира, тоа е тоа. Инаку за хематомот, покрај кринон и прогестерон депо, примав и дабростон апчиња, кои исто така се форма на прогестерон, колку што памтам. Но, тоа е друг муабет [sm=smiley1.gif]

весник, ако ти е шубе, јави се и прашај дали да појачаш и со прогестерон ампула, со тоа што ќе ти треба рецепт, иако се на приватно. Во крајна линија, можеш и да си побараш, не е на одмет и сигурно има повеќе корист од зголемена доза прогестерон. Штом те боцнале на ЕТ, тоа трае до кај една недела.



ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

мислам дека не станува збор за нивна проценка дали ни треба дополнителни прогестерон инекции или не,туку за нивна пракса на давање на прогестерон инекциите до време на тестот...мислам дека Др.Лазаревски не ги дава овие инекции до правењето на тестот...сега ми е касно...не ми дига слушалка сестрата ама понеделник ќе се јавам и ќе ја прашам...пиши ми loveableme што ќе направиш во понеделник...дали ќе ти даде докторот прогестеронски инекции и како ќе ги примаш...за да знам отприлика како оди процедурава со нив...среќно!


ИЗВОРНА ПОРАКА: tea 88

Dobro nivnata praksa se zasnova na iskustvoto sto go imaat i rezultatot od ednoto ili drugoto proges. sredstvo i na kraj za da odlucat pak vrsat procenka deka se pokazalo kako uspesno bez nuspojavi. A Tase ne dava inekcii duri ne se potvrdi bremenost. A sto ako bas na pocetok na bremenosta 5-6 ned se ima potreba od zasilena prog. terapija odnosno ne e dovolna taa preku utrog. ili crinone, a znaeme togas i nastanuva biohemiska brem. ? Togas e kasno zasto kako sto pametem Kapina mislam so prvoto ifv koga prokrvarila i stavile inekcija(poz. beta prethodno) ama taa si pobarala.
Neznam no moe mislenje e deka tie inekcii se za podrska na bremenosta i ne se stetni mozat samo da pomognat pa duri se mislam dali e toa pricina ili ne ili aj sigurno ne e toa si znae dr najmnogu, jas da sum ke pobaram da gi stavam po transfer makar i ako toa me pravi pomirna da bidam.


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Na mene prviot pat koga pocnav da krvaram barav da mi se dade progesteron a sega lazarevski odma mi rece da primam progesteron koga betahcg pokaza oti sum bremena pak no togas krvarev a koga pocnav da krvaram vecerta pred da ispitam betahcg endometriumot bese zadebelen no sepak dr kirov od strumica ne mi dade pak progesteron i sega koga mu kazav na lazarevski sto vide dr kirov koga pocnav da krvaram vika betahcg najverojatno e bila povisoka pak i rece kaj tebe ne go ocekuvavme ova se izvinuvam ako zgresiv nesto koga pisuvav sega no navistina mi e mnogu loso od metforminot koj pocnav da go pijam denes




ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Во однос на прогестеронските инекции, и јас мислам како tea 88 - понекогаш на докториве сме им trial and error, па чекаат тек неуспешно ивф за да применуваат се. Притоа, прогестеронската инекција при ивф е нов метод и не е рутина, па само најсовремените клиники во светот ја применуваат. Мене уште од третата инсеминација ми препишаа прогестерон депо, и исто и за ивф-то, иако немаше некои којзнае какви индикации, секако нема штета. Па така, јас мислам дека сите треба да си бараме прогестерон уште при ЕТ, а секако пак после утврдување бременост. Не ми е криво за нештата што поминале, но си размислувам дека да продолжев со прогестеронска терапија после четвртата инсеминација немаше да заврши како биохемиска.

Било-поминало, памет за другпат - девојки, барајте си прогестерон, башка што мислам веќе пишав овде, од сите прогестеронски терапии при ивф, инекциите се покажале како најсигурен начин да се обезбеди потребното ниво на хормонот во телото. Ако некој има проблем вагинално со апсорпција, не гледам како утрогестан ќе биде поразличен од кринон, пак е едното исто. Со инекција е скроз друго, сепак.



ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

jas vo dosegasnite moi ivf mi davale samo utrogestan 3x1 i sega poslednovo na transverot mi dadoa progesteron i sekoja vecer krinon gelot i sega vo bremenosta deka prokravev samo tri imam primeno progesteron i maticniot mi dade da pijam dabroston i Lazareski na kontrola mi rece da prekinam so krinon i dabroston zatoa sto poveke nemas potreba placentata ce si e prevzeme rabotata i taka samo eden den sto nestaviv krinon prokrvarev i otogas stavam utrogestan 2x1 od 200 i zaboraviv dai kazam bas na Petrovska deka stavam utrogestan i do koga da gi stavam e sega vo upatstvito procitav deka se koristele prvoto tromesecie deka posle ne bilo pozelno da se koristat
i mene mi istekuva utrogestanot nekogas kako gritcinja nekogas kako tecnost i sekogas lezam po 1- 2h



ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana

Gina mislam deka utrogestanot ne e steten jas prokrvarev vo 25 nedela i doktorot mi gi prepisa 2*1 ama ne vaginalno tuku da gi pijam i gi piev do vlez vo deveti



ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

lukajana jas si mislev deka samo prvite tri meseci se prokrvavuva ama ete mozelo i posle ofcovek da ne e na rat


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana

Леле gina сега се изнервирав што ти кажав ама не беше ништо страшно дури и не знаеа од што беше а утрогестанот беше превенција и бебето ми се роди живо и здраво во 42 недела


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Прогестерон депо се зема каква што е, не се раствора во водичка бидејќи е на маслена основа. Мора медицинско лице да ти ја стави, малце е незгодна за сама, тешко се влече и треба полека да се става. Инаку првата ми ја ставија непосредно пред ЕТ, накај 8 и нешто сабајле, и продолжив со пола ампула на секој четврти ден, околу 9ч сабајле. Останатата половинка ја фрлаа, не може да се чува. По утврдување на бременоста, пак си продолжив со истата доза и редослед. Е кога се појави глупиот хематом, ми ја зголемија дозата на една цела ампула исто на секој четврти ден, се додека не се среди, и сега ја ставам еднаш неделно, по цела, и исто пазам да е околу 9.






LoveableMe RR -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (9.7.2015 13:31:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34
...Sakav da ve prasam da ne znaete koja cena e crinonot vo Grcija , poso tuka e dosta skap ..pozdravce i ubav den na site :*



ИЗВОРНА ПОРАКА: cosma
...crinonot vo grcija e ista cena 6 aplik 30 evra a znam solen e dosta...ama citav studii deka ima 10% podobar efekt od utrogestanot...


Можно е да има подобар ефект од утрогестанот за нијанса, но се е во дозирањето, кринон треба еднаш дневно, а утрогестан 2 или три пати дневно зависи како ќе одреди докторот. Исто има и практична страна, кринонот навечер пред спиење, легнуваш спиеш и не му ја мислиш, а утрогестанот треба и преку ден да се ства, па потоа да се лежи одредено време и затоа е малку понепрактичен за користење. А во цената има разлика, кринонот е каде-каде поскап од утрогестанот.....




LoveableMe RR -> RE: Прогестеронска поддршка при IVF/IUI (8.10.2015 13:30:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: evoksi

....Не знам дали ви кажав, овој пат имав мала промена во терапијата со прогестерон, наместо утрогестан три пати, докторот ми даде ампули пролутекс, поткожно се ставаат наутро. Не сум прочитала овде дека некој ги примал, па да ви кажам, може некому ќе му биде од корист.





Страница: [1]