Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Вежби за слабеење во домашни услови 17.1.2016 12:32:02
Палешка РР
Со оглед на брзиот живот кој го водиме и малите дечиња, често животните услови не ни дозволуваат да одиме на фитнес, аеробик, теретана, за да изгубиме некој килограм. Некој ќе рече вежбањето дома не е ефектно, и јас така мислев, ама најдов едни вежби на Youtube и стварно се ефектни.
Ме зафркаваа Марио и мм, првиот ден издржав 6 минути, вториот ден 8 минути, третиот ден од кревет не можев да мрднам добив воспаление на мускулите, како на Монт Еверест да сум се качила
Дали вежбате дома? Дали тоа има ефект? Споделете линкови или начини на вежбање во оваа тема.
Сите скоро имаме по некој вишок килограм, па ајде да се ослободиме
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 17.1.2016 14:12:29
LoveableMe RR
Дoбрa ти е идејaтa aј дa пoбaрaм вежби ќе прaтaм. Дa видaм oвa штo си пoсoчилa дaли пoмaгa, бидејќи нa сите ни требa килoгрaм пoмaлце пoсле прaзнциве aмa вежбиве дa имaaт ефект.
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 17.1.2016 17:42:33
AneLav RR
Одлично Палешка РР ,го почнувам ова одма после празнициве заедно со диета.Сестра ми прави свадба во мај и ми рече не ме прима на свадба ако не ослабам.А одамна се мачам со диети дефинитивно ми треба активност.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 17.1.2016 18:09:39
Hopeful RR
И мене мај ми е краен рок, ми завршува породилното и не можам ваква на работа да идам, не за друго, него прескапо е цела гардероба да обновувам Ќе ги ѕирнам вежбиве на Палешка, а сакам и да почнам со трчање по кеј. Но, џабе е физичка активност без диета - кај мене побитна е исхраната отколку вежбањето, така што готово, штом поминаа празнициве, уште ден - два (не бе, не се лажам) ќе почнам
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 18.1.2016 16:48:38
lukajana RR
Палешка добри се вежбите може да пробаме Сега немам време многу и вежбам само трчање низ дома а порано вежбав многу и имав 50 кила Клик Ова ми беше добро утро Сега чека подобри времиња
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 18.1.2016 16:49:46 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 19.1.2016 12:06:58
AnnaMolly RR
Јас би ви препорачала зумба, може и во домашни услови доколку не можете да одите на часови. Јас неколку месеци одам на зумба, освен што е многуууу забавно, се слабее и се дефинира телото. Пример, еве една лесна песна за играње како за почетници. ПОВЕЛЕТЕ
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 26.1.2016 17:58:22
lolla RR
Да препорачам неколку канали од youtube:
Ali Kamenova - интервална јога, ја обожавам, бугарка е бај д веј Jessica Smith, - мешавина, има супер кратки вежби Barre 3 i Sadie Lincoln - баре вежби Do yoga with me - јога итн....
Овие од бесплатните а ако ви се даваат пари, препорачувам:
Tonique fitness Leah Sarago Ballet body Suzanne Bowen SBF fitness
RE: Вежби за слабеење во домашни услови 6.3.2016 14:42:55
marchi
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Јас би ви препорачала зумба, може и во домашни услови доколку не можете да одите на часови. Јас неколку месеци одам на зумба, освен што е многуууу забавно, се слабее и се дефинира телото. Пример, еве една лесна песна за играње како за почетници. ПОВЕЛЕТЕ
nie "zumba" so sinceto skoro sekoja 2ra den vezbame,nego za da se umori a jas si densam kako bilo da se razmrdam ama ova na anamoli e top i bas denes ke go probame. najdov niz forumive vezbi 10minutni lolla sto gi imase postirano i ne se losi samo dodeka covek se razmrda...malku tesko mi padna bolat muskuli